Едно дете-предност или недостаток?

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Многу.
1. Во семејството нема нормална хиерархиска поставеност, т. е наместо децата да се борат за вниманието и почитта на родителите, родителите се натпреваруваат за вниманието на детето што резултира со егоцентричност кај детето, и понатаму низ животот тоа се соочува со проблеми од социјална природа, бидејќи семејството треба соодветно да го подготви за живот, а самите деца најчесто се презаштитени.
2. Во фазите на развој кога децата постепено излегуваат од сенката на родителската грижа, единчето нема со кого да ги подели дилемите на созревањето, а тоа е фрустрирачки.
3. Како возрасна личност го чувствува недостигот на некој близок, со иста крв......
Да не должам, ќе ја цитирам народната поговорка:" Брат брата не рани, тешко на тој што го нема. "
Мммм.... Мудро.:star::icon_lol:
Мана е, бе дефинитивно. Затоа ја би правел едно минимум 3 деца. Минимум.
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Мммм.... Мудро.:star::icon_lol:
Мана е, бе дефинитивно. Затоа ја би правел едно минимум 3 деца. Минимум.
Абе лесно е да ги направиш али тешко е да го издржиш на прав пат.У ова време сега и не баш лесно пари за храна, книги, излегувања, телефони потоа кога ке се тргне на факлутет не е само напрај ги децата .Тоа е најлесниот чекор али треба да се размисли и за понатака:helou:
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ех, па сеа, подобро да имаш 3 деца, отколку да купуваш скапи коли и други луксузи. На долги патеки мислам дека децава се подобра инвестиција.:icon_lol:
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Ех, па сеа, подобро да имаш 3 деца, отколку да купуваш скапи коли и други луксузи. На долги патеки мислам дека децава се подобра инвестиција.:icon_lol:
Оваа е Македонија :helou:поголем дел од населението се соочува со СИРОМАШТИЈА.Да се има пари зашто да не се чува али Македонија не е економски стабилна.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Мислам дека е недостаток... Не дека ќе биде размазено, себично или било што, тоа зависи од родителите, не од тоа колку деца се... Од секогаш сум сакала повеќе деца... Можеби додека се помали ќе се караат, ќе се тепаат, ама после ќе се бараат... Има милиони причини... И дефинитивно многу потешко им е на единките... Што се однесува до парите, многу јасно дека ако нема услови не треба да се форсира...
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
па добро, јас зборам ако имам пари (што се надевам дека ќе имам). не сум луд да правам деца ако немам доволно да ги издржувам. Поентата ми беше... ја гледаш Западна Европа? Имаат се, дефинитивно доволно пари за големи фамилии, а пак, наталитетот им опаѓа. Тие порадо би имале Ферари, вила во Сицилија, шопинг тури во Ну Јорк секоа недела... отколку да имаат деца.
Е тоа ми беше муабетот, мислам дека тоа е грешка.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Од една страна предност - помал трошок
Од друга страна недостаток да биде поинтересно во семејството, јас имам уште две сестри, пет души сме и никогаш не е досадно :vozbud:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
јас сум сам!
Предност ми е што не делам ништо со никого, а недостаток е што како мал ми било многу досадно! Ама сега ми е поубаво сам!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Што мислите,само едно дете во семејството е предност или недостаток, затоа што знаеме од една страна каква е финансиската состојба за повеќе деца ,а пак од друга страна се зборува дека најчесто едно дете во семејството значи дека тоа ќе биде разгалено, себично, скржаво итн....па кој е вашиот избор и вашето мислење.
Би имала само едно дете. Не знам каква ќе ми е тогаш финансиската состојба, но сакам да му дадам се` на тоа дете. Едно, ама вредно. И не верувам во стереотипниот заклучок за карактерните особини кои тоа дете ќе ги носи. Ќе биде такво, какво што ќе го воспитам. Тоа што сигурно постојат разгалени единци, не е нивна вина, туку вина на родителите кои немаат кому да му распределуваат љубов, енергија, пари и внимание, та сето тоа го насочуваат кон едното дете. Моето едно дете, би знаело и за доста и за имање и за немање. Сакам да биде воспитано, образовано, културно, а не дибек и дерле кому све му е дозволено.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што мислите,само едно дете во семејството е предност или недостаток, затоа што знаеме од една страна каква е финансиската состојба за повеќе деца ,а пак од друга страна се зборува дека најчесто едно дете во семејството значи дека тоа ќе биде разгалено, себично, скржаво итн....па кој е вашиот избор и вашето мислење.
Мислам дека за деца неможе да се каже дали се недостаток или предност. Сепак, во склоп со темава ќе кажам дека дали е предност или недостаток варира од двојка на двојка, поточно од семејство на семејство. Има луѓе кои и покрај лошата финансиска состојба би сакале да имаат повеќе од едно дете. Но има и такви на кои парите им извираат (како нашион Вардар од Вруток), непрекинато преку целата година, па се одлучуваат на чекорот едно дете. Тоа едно дете во семејството, колку и да не сакаме да биде разгалено и посебично (значи не себично, туку посебично), ќе биде затоа што....Да си еден значи цело внимание да е свртено на тебе, па сакале ние или не тоа дете ќе биде поразгалено од оние деца каде се 2,3 па дури и 4. Исто така едо дете значи се да сака за него,затоа што ќе нема со кого да го подели она што го има додека е мало, што ќе биде причина во очите на другите деца тоа према нив да биде посебично.
Сепак, според мене, не е ниту предност ниту недостаток.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не би останала на едно дете,од чиста причина што несакам да расте само,да не го познава чувството за брат/сестра,после нашата смрт да нема свои најблиски.Цел живот ќе биде единка,не би му го направила тоа на сопственото дете.Кога ќе имам средства за едно,ќе ги поделам на две,барем ќе знам дека кога ќе ме нема,ќе можат взаемно да си помогнат.
„Брат брата не рани,тешко на оној кој го нема“
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Ако се има можности, зошто само едно дете? И тоа едно да не знае што е брат или сестра? Имам и јас блиски со едно дете, стварно е супер воспитано, педантно културно се, ама пак е само..Родители си се родители, а браќа сестри друго е...За родителите можеби е полесно со едно дете, ама за доброто на детето, мислам дека е убаво да си има брат или сестра...
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Оваа е Македонија :helou:поголем дел од населението се соочува со СИРОМАШТИЈА.Да се има пари зашто да не се чува али Македонија не е економски стабилна.
Аман бе Македонија не е баш толку нестабилна да се остават само на едно дете.И колку имам приметено баш фамилија која има добра економска ситуација се остава на едно дете.

Би имала само едно дете. Не знам каква ќе ми е тогаш финансиската состојба, но сакам да му дадам се` на тоа дете. Едно, ама вредно. И не верувам во стереотипниот заклучок за карактерните особини кои тоа дете ќе ги носи. Ќе биде такво, какво што ќе го воспитам. Тоа што сигурно постојат разгалени единци, не е нивна вина, туку вина на родителите кои немаат кому да му распределуваат љубов, енергија, пари и внимание, та сето тоа го насочуваат кон едното дете. Моето едно дете, би знаело и за доста и за имање и за немање. Сакам да биде воспитано, образовано, културно, а не дибек и дерле кому све му е дозволено.
Не можеш да кажеш дека само едно дете е предност во воспитувањето,и пет можеш да ги воспиташ еднакво културно и колку едно дете,но разликата е во тоа што едно едно дете во повеќето случаи е несоцијално дете,нема потреба од делење,нема потреба од блискост кон една личност која не се нарекува родител,незнае што значи заедница.Кон тоа неможеш да го научиш.
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
Ако се има можности, зошто само едно дете? И тоа едно да не знае што е брат или сестра? Имам и јас блиски со едно дете, стварно е супер воспитано, педантно културно се, ама пак е само..Родители си се родители, а браќа сестри друго е...За родителите можеби е полесно со едно дете, ама за доброто на детето, мислам дека е убаво да си има брат или сестра...
..Се согласувам.Зашто кога се има финансии да се има само едно дете.Детето е најголемо богаство.
Јас сакам три деца =) Имам два браќа и кои навистина некогаш сакам да ги немама, ама кога поарно ќе размислам многу поубаво ми е со нив.Никогаш не сум сама, секогаш имам некој до мене.Само ми фали сестра :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom