Едно дете-предност или недостаток?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Од финансиска гледна точка предност е ...нема кавги околу тоа на кој му се купило или му се дало повеќе ... исто така кај фамилиите со две деца додека се помали постои љубомора кај децата,едното осеќа дека демек другото повеќе го сакаат и сл ... не се согласувам со тоа дека децата шо се сами се разгалени,себични и сл. ... како шо ќе го воспитаат родителите детето,такво ќе биде ... сепак да се има брат или сестра е предност,да имаш на кого да се потпреш и некој да ти се најде во моментите кога ти е тешко и кога ти треба помош,а исто така кога си среќен да имаш кој да се радува со тебе ....јас сум едница,ама не осетив некоја празнина,пошто ги имам братучедките кои ми се како сестри,така да исто ми е ко да имам сестри ...
 
Bog da cuva. Amante be luge, kako moze da bide nedostatok?? I zamislete kako im e na tie sto se edinci so temava??
 
ДА СЕ ИМА БРАТ/СЕСТРА....БОГАТСТВО

Што мислите,само едно дете во семејството е предност или недостаток, затоа што знаеме од една страна каква е финансиската состојба за повеќе деца ,а пак од друга страна се зборува дека најчесто едно дете во семејството значи дека тоа ќе биде разгалено, себично, скржаво итн....па кој е вашиот избор и вашето мислење.

Брат/сестра тоа е најголемото богатство. Во денешно време (помодарство) младите размислуваат дека оној со кој се секој ден е највазен и единствен, но кога ке дојдат проблемите....се затвараат во себе . Тоцно пријателите ги избираш... но брат/сестра е дадено од бога. Па реално се не е во парите.
 
Имам сестра, и не ја менувам за ништо на светов, фала им на моите што ја направиле пред мене!Познавам неколку типови единци, помалку или повеќе размазени, но секој со свој вид себичност или неспособност за компромис, посесивност и неделење со другите.Не генерализирам, но мислам дека единците секогаш се чувствуваат поосамени од останатите, имаат поголема потреба за внимание, но ,затоа пак не сакаат да имаат брат-сестра!Знам само 2ца кои ми кажале дека жалат поради немањето брат-сестра(поради неможноста да им роди мајка им).Така, едно дете е предност само поради поголемата материјална сигурност што ќе му се обезбеди, но затоа од друга страна, секогаш ќе остане само.
 
Се` зависи од тоа колку деца сакаш да имаш. Ако сакаш многу, или да кажам, повеќе деца од едно, нормално дека едно дете е недостаток.
А што се мене тиче, за мене едно дете е предност. Јас мислам дека денес ако сакаш да имаш деца, едно ти е сосема доволно, ем немаме доволно услови за повеќе деца, ем за се` е поголема обврската кога имаш повеќе деца.
А сега има некоја нова кампања "Секој треба да има по три деца", лелееее, ама ми идат на нерви. Зголемете ни плата, намалете ја цената на храната - ќе имаме. Тоа е за финансиските можности, инаку, јас мислам дека воопшто три деца се премногу.
 
Дефинитивно недостаток. Ако тоа единственото е глупак/наркоман/лузер ќе доживеат родителите разочарување. Затоа ќе си направите 2-3 деца и едно ќе испадне саглам :)
 
Сметам како недостаток.Да си сам е лошо.Како што може брат или сестра да ти помогне неможе пријател(добро сега има и некои исклучоци).Но за мене е благослов да се има брат или сестра.Со едно дете можеш само да му пружиш финансиска сигурност но не и карактер.Затоа што цел живот само ќе стане себично и ќе гледа само за него.Кога се делат работите се послатки.
 
И јас мислам недостаток. Едно тоа шо вика sunshinebaby, а друго треба да поработиме на зголемување на нацијата
 
Голем недостаток. Една другарка нема први братучеди, и мајка и и татко и единци, па и таа единица. Браќата/сестрите се голем благослов за една личност (сестра ми си ја сакам најмногу на светов). Јас лично би сакала да имам три деца.
 
Зависи кај кого како. Имам една другарка, сама е, нема и брат ни сестра и многу е арогантна, себична, надуена, сака се да е по нејзино-всушност е многу разгалена (порано не го имав ова сватено ама последниве години ми дојде умот). А исто имам и еден другар што е сам и тој е сосема спротивен од неа, сака се да подели, знае да се дружи, попушта кога не е во право. Детето е супер. Можеби малце подлажува ама не знае многу добро, го откриваме.
Сакам да кажам дека се зависи од родителите, како ќе го научат такво ќе биде. Ако е размазен, добива се што сака по секоја цена, секогаш по него се трча-ќе сека во иднина да е секогаш во центарот на вниманието и секогаш да му се удоволува нему.
 
Недостаток. Ако немаш брат/сестра, немаш друштво, потпора, немаш другар со кој и да се скарате, пак знаете дека ќе се смирите... Немаш некој со кој сте растеле заедно и се знаете најдобро, и знаете дека може да се потпрете еден на друг и заедно да ги пребродите (посебно семејните) проблеми.

Луѓе, бидете среќни што имате браќа и сестри и престанете да се воодушевувате на единците. Стопати ми рекле “Леле што ти е убаво, блазесити, сама си и не мораш ништо да делиш со никој!“ Епа, не е така. Човекот треба да се научи да биде доблесен и да дели уште од најрана возраст. А ако ти е проблем да делиш соба/храна/телевизор со најблиските, тогаш ти не си човек.

А во однос на финансиите, да, скапо е да се издржуваат децата, ама тогаш зошто најсиромашните луѓе имаат најмногу деца?
 
Предност може да се земе само од финансиски аспект инаку е голема слабост!
Срцуфка кажа се, не морам друго да пишувам јас!
 
Недостаток, како може дете без брат/сестра да биде целосно среќно?
 
Недостаток, како може дете без брат/сестра да биде целосно среќно?

Муабетов ... :nesvest:
Не сум знаела досега дека сум пола среќна!

Среќата апсолутно не зависи од брат/сестра, има многу други начини да ја доживееш.
Туку, недостаток е голем! Се имам произнесено на друга тема колку и кога ми фалеле брат/сестра. Нов момент е што како поминува времето повторно се јавува тоа чувство дека фалат :icon_frow.
 
Jaс пак тргнувам од поговорката: брат, брата нежали ама тешко кој го нема, значи не им судам на тие што се сами и дека се нецелосни и дека не се доволно среќни, но сепак од моја гледна точка мислам дека чувството да имаш некој најблизок покрај мајка ти и татко ти емногу убаво јас за брат ми рака би исекла и се што треба ептен си го сакам , секогаш ми се наоѓал незнам што би правела да не тука, сега кога сум мажена со сопствено семејство, неговата грижа не ослабела секогаш е тука и во глувите саати да го побарам, нема од него да чујам не никогаш, навистина мислам дека е пропуст на единците што не го имаат осознаено чувството да се има брат/сестра, и така да мислам би треба сите родители во случајов и јас да се потрудат па барем две дечиња, родителите нема да бидат живи 200 години, но брат/сестра ќе биде тука и ќе си имаш близок и за арно и за лошо. И немој никогаш ама баш никоаш да споредувате пријатели и другари со брат или сестра, нема споредба и никогаш нема да можат да го заменат нивното место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom