Македонска берза

Член од
19 мај 2022
Мислења
5
Поени од реакции
55
Zosto da povlekuva profit kako dividenda i da placa danok vo MK koga moze da i prodava poskap proizvod i OKTA da e vo "pozitivna nula", a profitot celosno da odi kaj majkata?:toe:
[/QUOTE]

Фала за коментарите Blizzard, ТЕНДО. Факт е дека моментално Окта работи на "позитивна нула", т.е. најверојатно купува скапо од Хеленик. Но и покрај тоа прави 700-1000 ден FCF по акција (затоа што освен маржата која е да речеме скоро "нула", Окта добива и надомест за чување на државните резерви, има неколку свои малопродажни пумпи, извезува на Косово, итн).

Но суштната на тезата е всушност дека во иднина значаен дел од профитот би доѓал од други извори - како инвестиции во обновливи извори на енергија и складишни услуги ако/кога Окта ќе стане регионален дистрибутивен хаб. Овие приходи не се врзани со набавните цени од Хеленик - и за овие приходи мислам дека има повисока веројатност да се повлекуваат како дивиденда во иднина.

Дополнително, Окта во моментов веќе има скоро 60 мил еур кеш на сметка кој нуди голем margin of safety. Овој капитал може само да се инвестира или да се повлече како дивиденда - не може да го "снема" преку набавни цени кон Хеленик.

Акцијата секако има ризици како што е наведено во анализата, но мислам дека овој ризик околу набавните цени е веќе вкалкулиран во цената, а факторите наведени погоре нудат потенцијален upside во следните 3-5 години.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
6-7 денови по ред Комерцијална оди надолу, по малку ама во континуитет.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
6-7 денови по ред Комерцијална оди надолу, по малку ама во континуитет.
Не претставува феномен шо КМБ паѓа и ќе продолжи веројтно се дур S&P и NASDAQ се долу YTD -18.4% и - 27.42% респективно. Европскиве DAX и CAC долу YTD -12,13% и -12.86%. MBI10 со YTD пад од -1,08% е лидер со исклучок на лондонскиов FTSE кој е благо под нула.

Нај инертен меѓу репрезентиве од МБИ10 YTD останува КМБ:
АЛК пад од -4,1%
ТНБ пад од -6,9%
КМБ раст од +4,8%

#сагата за short squeeze ;)
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Не претставува феномен шо КМБ паѓа и ќе продолжи веројтно се дур S&P и NASDAQ се долу YTD -18.4% и - 27.42% респективно. Европскиве DAX и CAC долу YTD -12,13% и -12.86%. MBI10 со YTD пад од -1,08% е лидер со исклучок на лондонскиов FTSE кој е благо под нула.

Нај инертен меѓу репрезентиве од МБИ10 YTD останува КМБ:
АЛК пад од -4,1%
ТНБ пад од -6,9%
КМБ раст од +4,8%

#сагата за short squeeze ;)
Комерцијална го поставува трендот на берзата, еве и НЛБ денес е во минус иако е последен ден со право на дивиденда.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Колку повеќе Кутревци прават глупости, толку акцијата продолжува да расте. #PKB
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Колку повеќе Кутревци прават глупости, толку акцијата продолжува да расте. #PKB
Koj lud kupi po 15.500 mkd i sto ocekuva od tie 5 akcii, stvarno ne mi e jasno? Vakvi cirkuzi kako sto ima vo PKB, da se slucuvaa vo nekoja stranska akcija, dosega ke bese 3-5.000 mkd max.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Нормално е во изминатиот период мсе ин џенерал да биде тоталка непопуларно пошо се случува неминовна геотранзиција и прераспоред на се шо се врти у финансискиот свет. Борбите се малце повеќе различни во светот но ок.. Дното во УСА шо пола свет посакуваат да го видат е некаде 12ка п/е на s&p500 (сеа е нешо под 20) после кое би следувало рели наредни апрокс. 10-15 години, секако со императив буст на ФЕД со вообичаена релаксирана монетарна политика на која сме сите навикнати. Пази на некого (како мајка УСА) крајна цел е 12ка п/е!!! Знаете колку е кај нас? 12.8 п/е со 1,62 п/б или во превод алтернатива и хеџ пар екселанс против сите актуелни дешавки во светот. За разлика од сите лингури овдека шо 15 години ви вадат памет дека нешо ви се случува позади завеси јас викам дека не само шо не сме у балон и претценетост туку сме на почеток у есенција на сите имрџинг процеси.
Не сум фраер шо имам направено ефективен поврат на на мсе пошо треба да си глуп и неупотреблив да не направиш изминативе 10 години. Гревовите со ,,paper hands'' се тие шо останаа да тролаат тука за завери и думови, шо излегле 12 пати коа било вака тензично како сеа.
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510

Ne moze taka da sporeduvas P/E na MBI10 i P/E na S&P500

1. Stukturata na kompaniite po sektori e mnogu razlicna
2. Goleminata na kompaniite i likvidnosta na akciite e mnogu razlicna

Strukturata na kompaniite vo S&P500 vo mart 2022 e kako sto sledi. Golem udel ima IT, Comunication services, Consumer Discretionary sektori koi voopsto gi nemas na MSE.
1653462445785.png

Ako gledas P/E po sektori, moze da se vidi deka Financials sektorot ima P/E od 12. Momentalno KMB so blesavo visok ROE od 15.5% ima forward P/E od okolu 12. Momentalno ALK ima forward P/E od 12.5 kolku sto e i prosekot na Health Care sektorot n S&P500.

1653462780920.png

S&P500 se large caps i ne moze da se sporeduvaat so Makedonskite kompanii nitu od aspekt na golemina, a da ne zborime od aspekt na likvidnost na akciite.
Ako gi gledas prosecnite P/E na S&P400 (mid-caps) i S&P600 (small-caps) istite se za 25% pomali od onie na S&P500.

1653463602760.png
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Ne moze taka da sporeduvas P/E na MBI10 i P/E na S&P500

1. Stukturata na kompaniite po sektori e mnogu razlicna
2. Goleminata na kompaniite i likvidnosta na akciite e mnogu razlicna

Strukturata na kompaniite vo S&P500 vo mart 2022 e kako sto sledi. Golem udel ima IT, Comunication services, Consumer Discretionary sektori koi voopsto gi nemas na MSE.
Прегледај го приврзокот 333557

Ako gledas P/E po sektori, moze da se vidi deka Financials sektorot ima P/E od 12. Momentalno KMB so blesavo visok ROE od 15.5% ima forward P/E od okolu 12. Momentalno ALK ima forward P/E od 12.5 kolku sto e i prosekot na Health Care sektorot n S&P500.

Прегледај го приврзокот 333558

S&P500 se large caps i ne moze da se sporeduvaat so Makedonskite kompanii nitu od aspekt na golemina, a da ne zborime od aspekt na likvidnost na akciite.
Ako gi gledas prosecnite P/E na S&P400 (mid-caps) i S&P600 (small-caps) istite se za 25% pomali od onie na S&P500.

Прегледај го приврзокот 333561
Добарр !
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
За да падне толку многу цената на КМБ освен влошени перформанси треба да има и сериозен пад на побарувачката. Искрено не верувам второто да се случи.
Па во тоа е финтанта. Што никој не верува да се случи пад на побарувачката, а кога ќе се случи тогаш ќе е прекасно.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
Ova spekulantska finansiska kuka od kade e Ceska
Автоматски споено мислење:

Za KB sto pisuva
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Јас продадов се на мсе пред неколку месец пишав во пост си стои купив усд и шортови на СнП. Плус 10% сум. Ни на крај на памет не ми е да купувам МК акции. Сега отворив лонг на ус бондс и тоа левериџед. Смешно е да се враќам на мсе нема ни шортови и левериџед позиции. Очекував и очекувам уште пад. Ќе видам кога лонг да отварам но најверојатно не на мсе поради недостаток на инструменти освен ако не се отвори голема шанса.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom