Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Да, меѓутоа ти се водиш по изјавата на мајка му која беше единствен извор на информација дека понудите се исти.

Така да не знам колку стварно понудите се исти, зашто секој релевантен извор близок на Мадрид не ги пренесе бројките кои треба да бидат исти како оние на ПСЖ.

Како и да е, неговиот сон да игра за Реал после одлукава никогаш нема да се оствари. Барем не додека Перез е претседател.
Во Шпанија не би им верувал за било што на медиуми блиски до Реал и на медиуми блиски до Барса. Колку што знам во голема мера се инфлуенсирани од страна на клубовите, нормално дека нема да ти пренесат тоа што не одговара.

Во секој случај не ми беше толку муабетот дека се исти, иако ете и од друг извор пренесов, туку дека и Реал секако ненормални пари му нуди, не е дека за минимална плата би одел таму па ете сега ги одбра парите. Глупо ми е тоа да е наративот.

Лично мислам дека пак ќе заврши во Реал, нема многу да смени ова. Бизнис е.
 
Мислете си дека се идентични понудите. Минимум 40-50% повеќе понуди ПСЖ, иако тоа можда нема да биде прикажано во официјалните книги.

Којзнае какви фирми со еден вработен има регистрирано малиот во Дизеланија кои ќе прават огромен обрт на пари, ко Груки наш у Маџарска.:cool:
 
Мислете си дека се идентични понудите. Минимум 40-50% повеќе понуди ПСЖ, иако тоа можда нема да биде прикажано во официјалните книги.

Којзнае какви фирми со еден вработен има регистрирано малиот во Дизеланија кои ќе прават огромен обрт на пари, ко Груки наш у Маџарска.:cool:
Иначе дека сите за ова се фаќате, јас колку што разбрав муабетот е дека и Реал сличен бонус за потпишување би му дале. Платата што му ја нуди ПСЖ секогаш мислам беше доста повисока, уште од лани.
 
Мбапе-Халанд-Винисиус
Камавинга-Касимеро-Валверде
Менду-Алаба-Милитао-Карвахал
Куртоа

Одбраната малку слабичка ќе им биде макар и Рудигер да го земат ама ќе мора да даваат повеќе голови и решен проблем.
Зашто Мбапе би бил резерва? Ќе игра прв тим заедно со Халанд.


Сериозно си ја сфатиле работата, а сега и читам по некој петпарачки порталчиња дека Флорентино сакал да слави Нова Година со фамилијата на Мбапе. ;)
Меси зимаше 150 по сезона, и скоро сите до еден имаа ненормално високи плати, сега никој не зима над 15 милиони во тим, колку толку има разлика.

Колку сака нека се финансиски јаки Псж, Сити, Челзи, Баерн никој не го допира врвот како Барса и Реал и самото Ел Класико што го гледа цел ебан свет.

И самиот знаеш какви спектакли се праеле од Меси и Роналдо. Сите очи биле вперени во нас и од тие што благе везе немале од фудбал а бидејќи во такво дно сме влезени и фудбалов е само пари и политика и супер лига, Лапорта и вампирот Перез на чело со Тебас прават максимални напори за Ла Лига да биде ова што е сега Премиер лига на чело со Сити и Ливерпул.

Мбапе иде 101% во Реал, барем за мене Хааланд и те како ми изгледа како очигледна опција за во Барса. Сака пари, сака да се курчи, они двајца најблиску ке дојдат до Меси и Роналдо.
Мбапе е готова работа. Влахович не е класа како овие така да нема да е некој бум. Според мене Јуве или Арсенал ќе се добар избор за него. Не е уште спремен за тимови како Реал, Сити, Баерн...
Халанд ќе бира меѓу Реал и Барса, евентуално Сити, ама сепак мислам Шпанија ќе му е наредна дестинација.
Барса нема пробем со парите за трансфер, доказ за тоа е Торес. Барса има проблем со ЛаЛига и финансискиот фер плеј околу платите. Ако си заминат сите што треба и се ослоди простор за плата, не гледам причина да не се донесе. Ќе биде главна ѕвезда во тимот, нешто што нема да е во Реал.. таму ќе е Мбапе, таму уште некоја година ќе е Бензема, Винисиус...
Не викам дека сигурно ќе дојде, ама според мене не треба да се отпишува Барса како опција.
Тоа што ќе е главен лик на проект може да го привлече. Во реал и сити ќе е само уште еден играч плус, покрај Бензема нема ни да игра прва постава, плус Мбапе и Виничиус. Јунајтед е катастрофа средина со години, нема јасен план за игра, ниту се знае кој ќе е тренер следната сезона. Трансферот е 75 милиони, провизиите не влегуваат тука на хартија, иначе Барса зеде 1.5 милијарди кредит сега брзо :D
Бензема 35 ќе прави наредна година. Мислам дека би прифатил да биде и опција за од клупа. Може да ги играа во 4 3 3 со Винициус Халанд и Мбапе. Макар и да се жртвува скроз Бензема. Сепак разликата во години е огромна плус долга е сезоната повреди има треба широк состав. Реал доминацијата од неколку сезони по ред во ЛШ ја имаше поради ширината и квалитетот на составот кој го имаа.
Реал и без Модрич и Крос има средина Касемиро Валверде и Камавинга. Нема ни потреба Модрич и Крос да играат врвно. Бензема да 35 ќе има ама ќе дојде Мбапе така да не паѓаат во квалитет и па се класа над Барса. Пак не ми кажа кои се тие играчи со кои Барса ќе парира на Реал?
После потврдава дека Мбапе ќе дојде во Реал на фри и јас имам чуство дека и Халанд ќе го искешираат 75 за трансфер и тоа тракатанците се на се 120-130 и наредни 10-12 години чао рагаци.
Тогаш џабе ќе биде Сити и Баерн да имаат филозофија и проект а не па Барса и Атлетико.
Кај му го зема Мбапе за без пари, па и ручек ќе си дае. :D
The perfect Valentine. :love:

Стварно е сенилен бе да му ебам старото дртало. Цела сезона форсира 433, на полувреме мења во 343. Кај се брзаше не знам 0-2 губевме само. 15 минути во второ се маваа на терен, не знаеше никој што позиција игра како аматери беа. Проба исто против ПСЖ на контри да игра, вака прави цела сезона 100х сум пишал. Не е тренер за Реал више. Бензема, Модриќ и Куртоа ја освоија лигата. Ајде со Мбапе догодине боље ке биде.
Можеби ќе најдеш низ Адидас во Скопје, ама тоа ќе биде оригинален дрес од претходните сезони, од оваа, тешко да најдеш.

Башка крај на сезона е, боље почекајте уште некој месец и купете му го новиот дрес за наредната сезона.

Мбапе, 7ка, да гори!
освен кај Мбапе...реши да иде у реал и никоја пара не го спречува...
Ќе видиме то допрва :)
Видено е веќе, сестро чоличке...очекувам уште инфо кога стан или куќа ќе си купи во мадрид.
Не знам, ми гледа како да не му е сеедно на Мбапе, зошто инаку толку тегнење. Факт е дека желба му е на играчот да игра за Реал ама и Арапите не се заебаваат со новиот договор шо му го нудат.
Немаше шо да прам :свиркам:
 
На 25-6 години неспорно е дека уште ќе биде атрактивен за сите топ екипи и ќе држи цена.
Но, на 25-6 години генерациски фудбалер со куп титула против Брест и првак на Франција, извинете, не може. Или ќе се научите да не се расфрлате со поими.

Генерациски фудбалери на тие години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, го имаа светот на грб. Е тие се генерациски фудбалери и како нив тешко дека во догледно време ќе се појави некој.

Немам проблем со одлуката и неговата иднина, напорно е и ме заболе баш, ама имам проблем со категоризации луди и неосновани.
 
Se queda.

DFcrw0LXUAIAAt9 format=jpg&name=medium.jpg



Ќе почекам до официјално соопштение од некој од клубовите.
Али да, таква понуда не се одбива. Е сеа ќе играл во ПСЖ, а бе и јас би куцал код во php за таква плата.
Имал многу пари и онака. Да, има работи што можеш да ги правиш со многу пари, а има и работи што можеш да ги правиш со многу многу пари.

Се надевавме сите во Реал дека летово доаѓа сигурно и сега не може да речеме дека не ни е криво ако не дојде.
Во случајов мене повеќе ми е криво што Сити го лапна Халанд за само 60 милки. Ако по страна се разиграат Винчини и Родриго, за 60 милиони Халанд ќе беше повеќе од одлично засилување, пошто Бензема е веќе во изминати години.

ПСЖ. Добро, го задржаа најдобриот играч. Му дадоа ненормална плата. И? Титулата во Франција може многу поефтино да ги чини. За Европа нека не се надеваат, Мбапе нема да им донесе ЛШ. Едноставно му фали #тет на клубов.
 
Веќе 3 години го терам истииот муабет а и сеуште го мислам истото - Реал нема доволно пари да си го припушти Мбапе.

Претходните 2 лета ги немаше парите за да ја исплати откупната сума што ја бараше ПСЖ а сега веројатно ги нема парите кои и Мбапе ги бара за потпишување договор.

Народски кажано, Перез сакаше да го договори Мбапе - на лепе очи.

Успешнава резултатска сезона го фрли во втор план тоа дека и во Реал финансиската состојба не беше баш сјајна, односно финансиите расположливи за трансфери и играчи. Многу пари се насочени кон стадионот и цело тоа америчко брендирање. Мислам дека затоа уште ова лето Реал нема да е толку финансиски моќен како што сака да биде.

Сета еуфорија за доаѓањето на Мбапе ја створија всушност мегафоните на Перез, новинари блиски до него кои буквално беа платени да шират еуфорија за нов галактико (како во старите добри времиња) кога на клубот лани не му идеше резултатски.

Некоја пребогата понуда од страна на Реал кон Мбапе, се сомневам дека и имало. Имало веројатно некои вербални разговори со некои нацрт суми на кои Мбапе кажал - Да. Ама нешто конкретно мислам дека никогаш воопшто и немало.

За Роналдо и Хазард беа истите муабети, ама за нив уште месеци пред летниот рок се знаеше конкретно све, тука све беше на предвидувања.

И со ова некупување сега, Реал губи помалку отколку што изгуби во 2017 и 2018. Тогаш беше главниот пораз на Реал, кога Роналдо замина а не се доведе Мбапе. Тогаш Реал ги имаше прајм Модрич, Крос и Касемиро, тогаш немаше поддршка за Бензема и тогаш му беше нужен суперстар за да Реал го валоризира остатокот од шампионскиот тим и да продолжи доминација во ЛШ. За жал тогаш Зидан и Перез се решија за третата најголема превара во модерниот фудбал - Еден Хазард. (Првите 2 места се за Гризман и Кутињо, ако ве интересира).

Сеа веќе џуптиниве малку созреаа и научија фудбалски правила па се некаква поддршка, а тука се појавуваат и други достапни напаѓачи, кои ги немаше на пазар у 2018.

Сумарум, Реал мисалм дека никад не загриза финансиски за Мбапе како што треба или како што овој очекуваше. Дека он имаше желба да дојде во Реал - сигурен сум, затоа и го влечкаше непотпишувањето на новтио договор надевајќи се дека Перез ќе му даде задоволителна понуда (за негови услови). Али тоа веројатно не се деси и ете ќе остане у Париз, иако лично мислев дека ќе фати џаде во Ливерпул, Сити или Јунајтед.

Но, дур не официјализира никад не е завршено, сапуниците со шпанксите клубви и трансферите ваљда ве научија на тоа. :D
 
Se queda.

Прегледај го приврзокот 333031



Ќе почекам до официјално соопштение од некој од клубовите.
Али да, таква понуда не се одбива. Е сеа ќе играл во ПСЖ, а бе и јас би куцал код во php за таква плата.
Имал многу пари и онака. Да, има работи што можеш да ги правиш со многу пари, а има и работи што можеш да ги правиш со многу многу пари.

Точно е тоа што си го пишал за парите. Можеш да играш за ПСЖ за ненормални пари, можеш и у некоја скопска фирма да куцаш Јава или c# (ко 99% од тие што завршуваат финки/феит), што воопшто не е секси.
 
Да не се заборави :icon_lol: :icon_lol: :pos: :ROFLMAO:


И знам дека изговорите ќе бидат сега дека Реал направил се за да го донесе нинџа желката во Мадрид (и тоа е точно), ама ова останува срам, му аплаудираа на сред Бернабе, го скандираа неговото име, па дури и аплаудираа на голот на Мбапе ПРОТИВ Реал.
:sramezliv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom