Фан клуб - РК Вардар

За Дејвис уште нема ништо конкретно, а од утре веројатно и Раул ќе биде слободен...
Дејвис останува,главен тренер,Раул се враќа ама како помошник:zloo:
 
Мене повредата на Гаџа (практично цела сезона ќе ја пропушти) ме тера да мислам дека ќе земеме уште еден среден, ама се сомневам дека и тој ќе отскокнува.
Ако си оди Додиќ, ќе мора уште еден среден да земеме, да се надеваме дека ќе биде нешто подобар од Божо... Иначе и ја мислам дека Гаџа уште нема потпишано официјално продолжување на договорот, треба да сме фер сега и да му понудиме нов и покрај тоа што е повреден, сепак сме голем клуб, треба и така да се однесуваме...
 
Ако си оди Додиќ, ќе мора уште еден среден да земеме, да се надеваме дека ќе биде нешто подобар од Божо... Иначе и ја мислам дека Гаџа уште нема потпишано официјално продолжување на договорот, треба да сме фер сега и да му понудиме нов и покрај тоа што е повреден, сепак сме голем клуб, треба и така да се однесуваме...

se slagam deka e fer da mu ponudime dogovor ama ne e kalibar sto ni treba... nas ni treba podobar igrac od nego i od dodic....
 
Гаџа останува, така што мислам дека тоа ќе биде тоа на среден бек. Горе-долу тој би бил составот, бековската линија со Дуарте и Цехте би требало да е далеку посилна од сезонава, ама сепак останува проблемот со среден бек, во ситуација кога го имаш Гаџа во аут за пола, а можеби и повеќе од сезоната, мораше да одат на подобра варијанта од Божо, вака немаме никаков апгрејд таму, и единствено што може да испадне позитивно е што ќе има повеќе простор за шанса да добива Карапалевски и за негов развој и напредок. Не знам искрено што играч е Андреев и колку и дали би бил апгрејд на Тото, штета што го изгубивме него затоа што беше одличен во два правци, а малку загрижува и ситуацијата со Столе, искрено мислам дека нема сили за да истера цела сезона на ниво и треба внимателно со неговата минутажа, а ништо чудно и ова да е последна негова сезона, заедно со Тимур... Не знам колку би можеле да се ослониме на Атанасовски во ваква ситуација, преголем товар ќе треба да падне на Андреев вака, можеби треба уште некој странец за таа позиција доколку се отвори простор.

Според шпекулациите, во моментов составот би бил:
Голмани: Томовски, Гогов, Борко
Лево крило: Дибиров, Чувара(1)
Десно крило: Георгиевски, Џукиќ(2)
Лев бек: Талески, Дуарте(3)
Среден бек: Карапалевски, Божо(4), Гаџа(5), Мишевски
Десен бек: Моралес(6), Цехте(7), Савревски
Пикер: Столе, Атанасовски?, Андреев(8)

Да видиме прво дали ќе се официјализираат Дуарте и Андреев, останува засега и непознато дали ги планираат Чувара и Атанасовски. Вака, не е лошо, болна точка ќе остане среден бек и евентуално пикерската позиција, меѓутоа би требало да имаме посилна бековска линија и стандард на крило и голман. Сепак, загрижува што и натаму се планира од сезона во сезона, а сеуште е енигма дали би останал Дејвис тренер, и тука можеме највеќе да изгубиме.
 
Последно уредено:
Сигурен сум дека Чувара ќе си го фати патот. Сезонава ја пројде на клупа, а уште помалку мечеви ќе има следнава (освен доколку не се деси некое чудо и се возобнови СЕХА) за него.
 
Дуарте и официјално потпишал... Врвно засилување, кај нас сите се враќаат во топ форма, нема да биде ништо поразлично и со него.
Поздрав од Толедо и Лацковиќ :D
 
Поздрав од Толедо и Лацковиќ :D
Добро Толедо не успеа ни 3 утакмици да изигра кај нас, а Блаженко не можеше да се враќа у топ форма на 40 години, неизводливо беше :D :D
 
За следната сезона...значи потпишал на 1год?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom