Три американски компании откупиле 17 милиони хектари земја во Украина
мај 18, 2022
Пишува: Никола Петров, Координатор на Левица
Украина ја откупи Америка.
Дали знаете зошто САД испраќаат толку оружје во Украина? Не за христијанска добрина, бидете сигурни. Едноставно затоа што 3 големи американски мултинационални компании купиле од Зеленски 17 милиони хектари убава земја.
Станува збор за Каргил, Дупонт и Монсанто (кој формално е германско-австралиска компанија но со американски капитал). 5% од украинското земјоделско земјиште подоцна било откупено од Кина.
За да разберете колку се 17 милиони хектари, замислете ја цела Италија.
Значи, три американски компании купиле во Украина поширока корисна земјоделска површина од цела Италија.
А кои се акционерите на овие три компании?
Секогаш истите: Вангард, Блекрок, Блекстоун. Односно, истите три финансиски компании кои исто така ги контролираат сите банки во светот и сите големи воени индустрии во универзумот.