Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Да, ама оваа година само извадија толку добивка. Лани преклани по 200ден вадеа EPS. Нека продолжат над 1к да вадат добивки па да правиме муабет. Повеќе од 2к не би дал за оваа акција во моментов

Според мене оваа акција вреди и над 10.000 ден. Времето ќе покаже.
 
Ra
Петков ,,одлучил'' (дур праел склекови, у овалнана соба) дека на С.Македонија и Алабaнија местото им е у ЕУ. Плус на тоа Блгарија ќе увезува евтин течен амерички ЛНГ затворајќи им ролетни на Русиве.
Шо им прат бе на луѓево откако ќе слетаат во Дримленд ? Како им се алтерира реториката со брзина на светлината.

Постов не е политички туку наменски за мсе, за форумов. Ако ни дадат датум (по кој знае кој пат, нели) странскиве инвеститори сте се запрашале ли дека парче ќе напраат на фри флоутот кај нас.
Се крчка нешто и мене ми делува.
Денешново објавување на признавањето на нашата црква од страна на СПЦ ми делува како обид да се направи пресврт на јавното мислење во Бугарија. Петков има воља за договор, сега му се дадени и аргументи дека ако не го дозволат почетокот на преговорите, Македонците за навек ќе потпаднат под српско влијание...
 
Нашата берза обично не се замара со вакви работи. Ама кризата во Украина ќе не погоди силно.

Народната банка ја намали проекцијата за економски раст од 3,9 на 2,9%, а ја зголеми за инфлацијата на 8,8%.
 
Види види до каде стигнаа борците на Стопанска Банка Скопје ... поднесоа Барање за суспендирање на акциите од берза

Baranje do BERZA 20220517 932x768.jpg
 
Види види до каде стигнаа борците на Стопанска Банка Скопје ... поднесоа Барање за суспендирање на акциите од берза

Прегледај го приврзокот 332711
Мене ми делува дека сопствениците на приоритетните на СТБ се заложници на неколкумина, кој дали од лакомост, дали од глупост имаат купувано на 1000+ денари и сега бараат преку леб погача
 
- тој што купуваше на 1000+, денес е за "дај шта даш", но пренесено му е дека нема да горат сите заради еден...
- "заложници" се на правдата, до која во оваа земја тешко се стига
- "бараат преку леб погача", прашање до тебе, бидејќи следиш/разбираш инвестирање ... Ако вложиш 10%, а партнер твој 90% во заеднички бизнис, ти би прифатил добивката 100% да ја зема твојот партнер? ... во примерот на стопанска банка делот од добивката што се исплаќа како дивиденда, 100% ја земаат обичните акции, и покрај тоа што приоритетните акции учествуваат со 2,54% во капиталот на банката (обичните се 97,46%)

погледни ги објавите на ФБ, запознај се со маката на "гладните", почитуван ќе биде сечиј став, но аргументиран... вака со "мене ми делува" креираш мислење кое го лајкуваат некои и така се шири негативен однос кон борците

Не креирам никакво мислење. Кажувам факти. Ти си тука дојден да креираш мислење и шириш пропаганди. Немам намера со тебе да ја разглабам разликата помеѓу обичните и приоритетните и да придонесувам кон твојата агенда. Почесно ќе беше да се претставеше кој си и што си и која ти е целта наместо првиот пост:
"Види види до каде стигнаа борците на Стопанска Банка Скопје ... поднесоа Барање за суспендирање на акциите од берза '
Па не сме глупи, јеботе
 
Последно уредено:
Абе активизам по дефиница покренува потчинетиот. Во ПКБ обесправени се чкембариве со мањак 112 иљади еур од добивката пред 15 години. Ок бар не ја изработија лошо минатата година (n)
Малку ви е....

#FCF анализи :) фалите будалчиња..
 
Последно уредено:
- тој што купуваше на 1000+, денес е за "дај шта даш", но пренесено му е дека нема да горат сите заради еден...
- "заложници" се на правдата, до која во оваа земја тешко се стига
- "бараат преку леб погача", прашање до тебе, бидејќи следиш/разбираш инвестирање ... Ако вложиш 10%, а партнер твој 90% во заеднички бизнис, ти би прифатил добивката 100% да ја зема твојот партнер? ... во примерот на стопанска банка делот од добивката што се исплаќа како дивиденда, 100% ја земаат обичните акции, и покрај тоа што приоритетните акции учествуваат со 2,54% во капиталот на банката (обичните се 97,46%)

погледни ги објавите на ФБ, запознај се со маката на "гладните", почитуван ќе биде сечиј став, но аргументиран... вака со "мене ми делува" креираш мислење кое го лајкуваат некои и така се шири негативен однос кон борците

Добро би било да ја провериш дефиницијата на "обични" и "приоритетни" акции, какви права и обврски имаат.
 
Има ли правна можност да се случи стопирање на тргувањето со СТБ поради барањето?
 
Ви напишав неодамна дека мсе влага во ,,лер моуд'' на неопределено. Интересот е сведен на тук-там некоја акција со шо брокериве комотно можат на колективен да одат. Од 2 миљони држава имаме 3-4 блу и единствен чип акции од кои за едната (ТНБ) се изгуби интерес со тие 10 еур дивиденда (јбг инвестициона матурација takes time). АЛК, КМБ, ТНБ и еве вие додадете, еве две. Се друго е шљам. СЕ, без запирка.
Реално, fear&greed index кај нас не би постоел пошо ние не се плашиме од нишо пошо и не разбираме нишо. Мејн муабети кај нас се: ќе паѓа , ќе расте, дупла дивиденда, криза е, балон е слушај ме.., на апелација го дадовме ЦЕОто и сл. шо само ја дава реалната слика на овој наш сирот пазар и предвидувачки наместо валуациски менталитет.
Еве како поминува еден ординарен трговски ден за КМБ: Истргувани 454 парчиња од кои инсајдер кит Антевски од Надзорен собрал 400 ком. Смешно и трагично. Големите собираат, малите чекаат затишје и како стадо се пуштаат на дугме коа треба, нормално.
 
Последно уредено:
Па овие лудаци од ПКБ сакаат уште по 7 миљони сакаат да си земат. Веројатно Слободан и уште некој интерен подопашник поднеле предлог-одлуки. Баш да видиме дали и екипата од мали акционери поднела некакви предлози, пред сѐ за смена на раководството.
 
Ако може активизмот да го пренесеме и у Куманово у CEVI пошо тримесечниот најавен најдоцна до 3 мај (со изјава информираа дека истиот ќе се достави најкасно до 9 мај поради технички проблеми (excel- от кочел пошо е пиратски :))) и нормално еве сеуште го немаат доставено. Наместо објава на тривијалниот тримесечен стигна нова предлог одлука за ново дозадолжување во КМБ од 2.4 миљони ЕУР, малку се нели претходните 8.

Кој ви дозволува вакво поведение бе шерифи ? :neetaka:

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom