А ја прочита ли статијата што ја постираше воопшто?
Буквално го потврдува тоа што го напишав во првиот пост, руските корпоративни и државни обврзници се ѓубре, затоа сите пробуваат да се ослободат од нив, па банките прават пари преку CDS и разликите во spread-от. Тоа е зошто ценатата на обврзниците оди во провалија, многу побрзо од што расте цената за осигурување.
Пари може да се прават и со ѓубре инструменти. Во финансиската криза се правеше истото, со CDS на MBS полни со ѓубре хипотеки.
Не е паника, туку е директна последица на санкциите и забрани од влада на САД.
Ја сум тој што навива на темава?
Овде има помалку објективност од фан-клубовите во фудбал.
Не секој став што отстапува од circle-jerk приказната пласирана одново и одново тука, е навивање. Јас пишувам одамна на овие теми, веројатно си ми ги прочитал ставовите за други теми.
Пак ќе кажам, за мене најдобро е војнава да заврши што побрзо.
За другото, се слагам. Нека помине време, вака само разменуваме реплики за прашања што иднината ќе ни ги одговори.