J
joli1
Гостин
Се сложувам, го помислив истото кога прв пат му го читав постот.А каква може да биде причината штом не е за кажување туку е тајна? Ја би се кладел одма у 10 илјади евра дека е една од следниве две:
а) не го сака и планира да му раскине
б) има друг на кого се надева дека ке ја земе за жена (а кој само што не се развел од жена му, а баш минатиот петок и разговарал со адвокатот) а нашиов го држи во резерва ако од тој тајниот ништо не бидне.
Јасна е работата, нека бега човекот со време.
Има два краја на секоја романтична врска - брак или раскинување. Доколку двајцата партнери меѓусебно се сметаат за потенцијални доживотни партнери барем во тие моменти, тогаш романтичната врска евентуално ќе прејде во брак, а кога тоа не е случајот, т.е еден или двата партнери меѓусебно не се гледаат како потенцијални доживотни партнери, тогаш неизбежно е раскинувањето.
Пошто претпоставувам типот веќе долги години е во романтична врска со типката, ептен е очигледно дека таа иста типка не го смета за потенцијален доживотен партнер чим одбива да зачекорат на следната скала, во брак.
Мислам дека добар дел од мажите не сфаќаат дека кога одредена жена вистински сака некого или пак го гледа како потенцијален доживотен партнер, таа е спремна да оди преку се. Има луѓе кои што прекинуваат да разговараат со сопствените родители поради партнерот, кои што плаќаат кирии и живеат плата до плата само за да живеат заедно со тој што го сакаат, итн.
Затоа има и изрека дека одредени правила кои жените си ги поставуаат сами на себе важат само за одредени мажи, а не за сите мажи. Најлесен пример за да го објаснам ова е, дали мислите како форумаши у случај место Дац да се појавел Бред Пит или било кој со сличен или ептен висок статус во општеството дека таа би го одбила со тој моабет?
Мој совет ти е секој коментар у форумов да не го земаш за готово, сепак ти најдобро знаеш што вистински се случува, но тражиш валидација тука од други, т.е потврда за тоа што се случува. Најдобро што можеш у моментов да направиш е да седнеш со партнерката и разговараш во четири очи, но да разговараш директно и искрено, да поставуваш директни прашања за тоа која е причината поради што таа одбива, како и тоа што таа планира со тебе во иднина, па да се водиш според тоа.
И да, не потпаѓај на манипулации и изговори. Тој што сака да е со тебе, ќе најде начин да е со тебе у секое време.
Последно уредено: