Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Многу техника изгубена на еден од тие премини, прашање е дали до некаде пресметан ризик у смисла на тој премин да се сконцентрира украинската одбрана за да другите полесно или без големи загуби прејдат или се работи за некоја неопростлива грешка на соодветниот командант/генерал при тој премин.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Ах, многу има тука за зборење...

Гледаме дека Русите имаат различен приод кон војнава, во двете фази.

Првата фаза, некој (мислам дека Vanlok а неколку наврати) ја нарече Блицкриг, но тоа не е Блицкриг. Всушност, ништо не е Блицкриг. Блицкриг не постоел никогаш и друга прича е тоа.

Она што Русите го правеа, глобално во првата фаза, не е Блицкриг, туку, ако сакаме да специфицираме, е руска воена доктрина која е слична на тактичко-оперативниот дел од германската воена доктрина Бевегунскриг, кој дел, сите го викаат Блицкриг, затоа што тоа му текнало на некој француски новинар. Хитлер и компанија, секогаш мислеле дека Блицкрг е странска измислица и никој од германска страна не го употребувал. На пример, во мемоарите на Мајнштајн и Гудериан се спомнува, овој збор, вкупно - еднаш.

Руската воена доктрина, која наликува, на она што во јавниот наратив се нарекува Блицкриг, се вика Длабоки операции. Баш така - од буква, до буква, се вика и на руски и интересно, на пример, е дека на македонски се вика потоплно исто како на руски. Исто (голема дигресија) е фактот, кој ние не го знаеме, а тоа е дека во Русија имаат зборови кои ги викаат македонизми. За нив учат и у основно школо. Брат на жена ми е женет за Русинка и таа ми го кажа ова. Ако ме лажела, тогаш ок, не е така.

Како и да е, мене ми личи првата фаза на Длабоки операции, не на тоа што го викате Блицкриг.

Оперативно-тактичкиот момент кој во јавниот наратив се вика Блицкриг, има карактеристики кои се разликуваат од доктрината Длабоки операции, иако несомнено дека имаат сличности.

Дел од Бевегунскригот (традиционална германска воена доктрина), кој го викате Блицкриг, на оперативен план личи вака:

По целата линија на фронтот, притисокот се одредува според претпоставките за Шверпункт - најслаба точка на фронтот. Кога ќе се одреди таа, тогаш малтене целиот потенцијал таму се истура и се прави пробој на таа точка од фронтот, која се искористува за понатамошен пробој во заднина на непријателските линии. На микро локацијата, се пробиваат две точки, странично од главнината на силите на непријателот, кои две точки, понатамошно се искористуваат, за да се создаде Каселшлахт (Kesselschlacht). Да не го дрвам многу, еве ви слика:

Toa e кеселшлахтот од Бријанск (1941). Инаку, вакви имало многу на Источниот фронт.

Се гледаат тенковските единици, кои молскавично пробиваат по страните, на одбрамбената главнина, која ја заобиколуваат, создавајќи котел/и (schlacht), во кои се заробени 3-та и 13-та, како и 50-та армија. Пешадијата настапува после нив (некогаш и со стотици километри одалечена, што пак, создава други проблеми). Непријателот останува во излоирани котели, заради што командната структура му е загрозена и тн. и тн.

Руската теорија на Длабoки операции, предвидува притисок по целата линија на фронтот, мање-више подеднакво. А непријателскиот фронт, во зависност од условите, не е насекаде со иста тврдина. Значи, брзо ќе се појават точките по целата должина нa фронтот, кои ќе попуштат први. Тоа се тие точки, по кои силите на офанзивата, од тој дел од фронтот (а кои впрочем и го направиле пробојот), ќе треба длабочински да дејствуваат и да се занимаваат пред се со логистичките конекции на одбрамбениот непријателски фронт. Значи не создаваат котели, како во случајот на она што го нарекуваме Блицкриг. Еден од типичните Длабоки операции-примери, на оперативно ниво, е операцијата Уран (пост-сталинградско чистење):

- која дури преминува и на стратешко ниво.

Делот од доктрината Длабоки операции на тактичко-оперативно ниво предвидува пробој кај најслабите точки (колку и да се, каде и да се по должината) и брз продор, далеку во заднината, каде што треба да се штети на логистиката, пред се. Така, всушност, целата линија на фронтот како целина, ќе биде дестабилизирана (од одбрамбена перспектива).

Германската и руската доктрина се многу повеќе од ова што го кажувам. Само моментите релевантни за војнава ги потенцирам.

Оваа доктрина е дело на легендарниот Тухачевски (елиминиран од Стаљин, уште пред да почне војната). Морам да спомнам дека тој воедно е и пионер на оперативната перспектива, како премин/мост помеѓу тактичката и стратешката. Тоа денес е прифатено глобално (и НАТО и мато и сите).

Во првата фаза имавме такви пробои по цела должина на фронт. Притисокот, беше насекаде. Од север, преку исток, југо-исток и југ. Пробои, кои треба длабински ја вознемируваат заднината. И така е. тоа им е, IMO, многу добра работа. И во двете фази се трудат длабински да попречуваат логистика. Се занимаваат со уништување на депоа, собирни центри и сл.

Од руска перспектива тоа значи многу долги и фрагилни линии на снабдување. Многу заостанати украински сили. Ранлива линија на достава, која е долга и подложна на артилериски напади.
Тоа го изведуваа со брзи тенковски, оклопни конвои, кои продираа и често беа мета на разузнавачки добро подготвени украински артилерци. Во првата фаза ни беа презентирани многу повеќе снимки на руски конвои како се дисруптирани (е јеби га, не ми текнуе како да го срочам на македонски), отколку во втората фаза. Сега, очигледно проретчија.

Фрлете поглед на хронолошката мапа:

Од прилика, до кај 10-ти април, (особено на север и исток), гледаме такви пробои. Долги линии, лесни за прекин, лесни за артилериска експлоатација. Што и се случуваше. После, дојде Дворников и тоа е посебна приказна, што бара посебен пост, исто како и за различната употреба на артилерија кај Русите, во прва и втора фаза, а и за тоа што сакаа на север да постигнат. Дали се работеше за некој вид Маскировка или нешто друго.
Гледајки ја мапава русите и немаат некој голем успех.Огромна разлика прават дроновите,Не знам зошто русиве навреме не обезбедиле поголемо количество на дронови.друго се ми се чини дека НАТО кај и да е ќе почне со навлегување на украинска територија од сапад.Само чекаат дополнително истоштување на руската армија и ресурсите.Самото влегување на Финска во НАТО покажува дека веќе не се плашат многу од руската армија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216

Не е толку проблем што не обезбедиле, туку што не се ни приспособуваат сеуште. Украинсква војска е особено прецизна со артилерија. Дали е до дроновите или до западни разузнавачки информации, ама ко да ги гледаат постојано каде се и што прават.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.405
до западни разузнавачки информации, ама ко да ги гледаат постојано каде се и што прават.
НАТО се пофали дека им дава податоци во живо од сателитите и аваксите што 24/7 вртат околу границата и над Црно Море.

Технички испаѓа дека освен членот 5 Украина е речиси интегрирана во НАТО.
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Гледајки ја мапава русите и немаат некој голем успех.Огромна разлика прават дроновите,Не знам зошто русиве навреме не обезбедиле поголемо количество на дронови.друго се ми се чини дека НАТО кај и да е ќе почне со навлегување на украинска територија од сапад.Само чекаат дополнително истоштување на руската армија и ресурсите.Самото влегување на Финска во НАТО покажува дека веќе не се плашат многу од руската армија.
Na Rusite ne im se brza, go shetaat protivnikot kako sakaat. Ke napushtat nekoe selo i ajde zapadnve medii ke objavat deka Ukraincite izvojuvale pobeda i ke prikazhat nekoi havarisani tenkovi i kamioni.
Koe NATO ke navleguva vo Ukraina...neboto nad Ukraina e pod kontrola, site patni pravci gi nabljuduvaat ke vleguvaat, toa pudlicite od EU ?. Kavo istoshtuvanje na Rusija koga vo Ukraina imaat angazhirano okolu 10% od kapacitetot. Imaat resorsi i hrana za pola svet.
Ako NATO ne se plashea do sega ke bea vlezeni ama ubavo znaat deka ova ne e Libija, Irak, Sirija...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Русите се обидуваат да го заобиколат Золотие (жолт круг) кое е доста утвредно место на ВСУ. Вчера почнаа со напад северно од Попасна и денес го зазедоа Олександрофила (црвен круг) и се борат за Комишуваха а од Исток се борат за Орихове.

Screenshot (120).png

Како наводно се одвивало преминувањето на реката.

Вчера на интернет се прошири снимка од скршена опрема на вооружените сили на РФ на понтонскиот премин кај Белогоривка во областа Луганск. Сликите на UAV покажаа загуби на 73 парчиња опрема.

Сепак, во речиси сите публикации, поради некоја причина, акцентот е само на бројот на погодени и напуштени возила. За да се разбере целосната слика за тоа што се случило, неопходно е да се разбере што генерално се случувало на мостот кај реката Северски Донец во периодот од 2 до 12 мај.

Врз основа на отворени податоци, тимот на Рајбар ја анализираше ситуацијата и ја врати хронологијата на настаните.

▪ На 2-3 мај, сојузничките сили го преминаа Северски Донец кај Шипиловка.

По преминувањето, руските сили влегле во битка со гарнизонот на населбата. Во Шипиловка немаше борбено подготвени одреди, гарнизонот се повлече кон Привоље.

Руските единици се распрснаа во мали групи низ областа. Борбите започнаа во близина на Новодружеск, на периферијата на Привоље и Белогоровка. За окупацијата на Шипиловка беше вклучена релативно мала пресметка на сили и средства, што изнесуваше помалку од половина од БТГр.

На 4 мај беше изгубен мостот кај Шипиловка.

Тоа се случи, најверојатно, поради потценување на непријателските сили во околните населени места. Во Привоље беше стациониран полноправен баталјон на вооружените сили на Украина, кој набрзо беше засилен со Новодружеск и Лисичанск.

▪Ноќта меѓу 4 и 5 мај и попладнето на 5 мај започна моќна артилериска подготовка по левиот брег на Северски Донец од Серебријанка до Привоље. Според извештаите од локалните разговори, брегот и околината на Шипиловка „биле преполни со трупови на вооружените сили на Украина“.

▪На 5 мај, сојузничките сили го преминаа Северски Донец во близина на Серебријанка.

Не беше можно да се зацврсти на спротивниот брег: борбени спремни единици од Северск беа префрлени во Серебријанка. Самиот Северск вклучуваше новоротирани единици на Вооружените сили на Украина од Северодонецк, кои беа заменети со единици за територијална одбрана и национални баталјони.

Артилериската подготовка на позициите на вооружените сили на Украина продолжи уште неколку дена.

▪На 7-8 мај, руските сили го преминаа Северски Донец, веќе во близина на Белогоровка.

Руските трупи успеаја да ги окупираат доминантните височини во близина на брегот (т.н. Шипиловски планини) и да ги заземат периферијата на Белогоровка по улицата Первомаискаја.

После тоа, вооружените сили на РФ се соочија со жесток отпор од украинските единици. Утврдената област на вооружените сили на Украина се наоѓала во станбена зона и во близина на каменолом за креда.

▪На 8 мај, сојузничките сили лансираа целосен понтонски премин преку Северски Донец кај Белогоровка за да воведат оклопни возила во битка.

Украинската артилерија почна да работи долж премините. Пред да пропадне првиот понтон, неколку парчиња опрема беа префрлени на спротивниот брег. Сојузничките сили ја продолжија офанзивата на Белогоровка, каде што Украинците ги префрлија резервите од Северск.

Под Шипиловка, одредите на вооружените сили на Украина повторно успеаја да бидат фрлени назад во Привоље.

▪ На 9 мај беше обновен понтонскиот премин кај Белогоровка. Започна префрлањето на до 100 единици опрема на окупираниот мост. Приближниот план беше да се консолидира успехот во Белогоровка и кај Шипиловка со Привоље, како и да се подготви за напад на Северск.

Од засега непозната причина, опремата не била донесена во битка и оставена во близина на ртот од другата страна на Шипиловската височина.

▪Веројатно, ноќта на 10 мај, вооружените сили на Украина извршија воздушно извидување и открија огромна акумулација на опрема на преминот. Артилеријата изврши масовен артилериски напад на периферијата на Шипиловската височина.

Поголемиот дел од опремата пренесена на источниот брег на Северски Донец (со исклучок на опремата БТГ вклучена во битките во Шипиловка и Белогоровка) беше оневозможена.

▪ На 11-12 мај, единиците на сојузничките сили од Кремењаја и Рубижноје беа префрлени во нападот на Привоље на руските сили кои останаа на западниот брег на реката. Борбите во оваа област продолжуваат.

При оценувањето на опишаните настани, некои автори се прашуваат како е собрано толкаво количество опрема на активниот сектор на фронтот што успеале да го покријат со еден удар. Други се обидуваат да ги анализираат снимките од UAV и да најдат возила од НМ на ЛПР или дури и од Вооружените сили на Украина на снимката.

Ќе забележиме само неколку точки. Дури и ако замислиме дека БМП-1 НМ на ЛПР, па дури и неколку украински оклопни возила навистина се појавија на снимката, суштината останува иста: поголемиот дел од изгубената опрема дефинитивно може да им се припише на вооружените сили на РФ.

Судејќи по фотографијата, дел од напуштената опрема во иднина може да биде поправен и пуштен во употреба. Дури и земајќи ги предвид загубите во опремата, некои единици на вооружените сили на РФ сепак успеаја да преминат на другата страна. Сепак, нивното напредување без внесување на нови единици во битка ќе биде тешко.

Ќе се воздржиме од вредносни судови за одговорните функционери и се надеваме дека командата самостојно и навремено ќе ги донесе сите потребни заклучоци и ќе донесе соодветни одлуки.

photo_2022-05-13_14-51-44.jpg
photo_2022-05-13_15-38-43.jpg
photo_2022-05-13_15-00-06.jpg
Автоматски споено мислење:

Промените денес.

Автоматски споено мислење:

Инаку се појави лошо* видео со десетици загинати војници** на ВСУ северно од Донецк, изгледа од оваа локација.

Screenshot (121).png

*Лошо во смисла неубаво, не сакам да постирам такви одвратни видеа но даваат слика од што се случува на фронтот.

**Ми изгледаше како дело на артилерија.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.725
Поени од реакции
33.970
Руската воена доктрина, која наликува, на она што во јавниот наратив се нарекува Блицкриг, се вика Длабоки операции. Баш така - од буква, до буква, се вика и на руски и интересно, на пример, е дека на македонски се вика потоплно исто како на руски.

Како и да е, мене ми личи првата фаза на Длабоки операции, не на тоа што го викате Блицкриг.

Оперативно-тактичкиот момент кој во јавниот наратив се вика Блицкриг, има карактеристики кои се разликуваат од доктрината Длабоки операции, иако несомнено дека имаат сличности.

Дел од Бевегунскригот (традиционална германска воена доктрина), кој го викате Блицкриг, на оперативен план личи вака:

По целата линија на фронтот, притисокот се одредува според претпоставките за Шверпункт - најслаба точка на фронтот. Кога ќе се одреди таа, тогаш малтене целиот потенцијал таму се истура и се прави пробој на таа точка од фронтот, која се искористува за понатамошен пробој во заднина на непријателските линии. На микро локацијата, се пробиваат две точки, странично од главнината на силите на непријателот, кои две точки, понатамошно се искористуваат, за да се создаде Каселшлахт (Kesselschlacht). Да не го дрвам многу, еве ви слика:

Toa e кеселшлахтот од Бријанск (1941). Инаку, вакви имало многу на Источниот фронт.

Се гледаат тенковските единици, кои молскавично пробиваат по страните, на одбрамбената главнина, која ја заобиколуваат, создавајќи котел/и (schlacht), во кои се заробени 3-та и 13-та, како и 50-та армија. Пешадијата настапува после нив (некогаш и со стотици километри одалечена, што пак, создава други проблеми). Непријателот останува во излоирани котели, заради што командната структура му е загрозена и тн. и тн.

Руската теорија на Длабoки операции, предвидува притисок по целата линија на фронтот, мање-више подеднакво. А непријателскиот фронт, во зависност од условите, не е насекаде со иста тврдина. Значи, брзо ќе се појават точките по целата должина нa фронтот, кои ќе попуштат први. Тоа се тие точки, по кои силите на офанзивата, од тој дел од фронтот (а кои впрочем и го направиле пробојот), ќе треба длабочински да дејствуваат и да се занимаваат пред се со логистичките конекции на одбрамбениот непријателски фронт. Значи не создаваат котели, како во случајот на она што го нарекуваме Блицкриг. Еден од типичните Длабоки операции-примери, на оперативно ниво, е операцијата Уран (пост-сталинградско чистење):

- која дури преминува и на стратешко ниво.

Делот од доктрината Длабоки операции на тактичко-оперативно ниво предвидува пробој кај најслабите точки (колку и да се, каде и да се по должината) и брз продор, далеку во заднината, каде што треба да се штети на логистиката, пред се. Така, всушност, целата линија на фронтот како целина, ќе биде дестабилизирана (од одбрамбена перспектива).

Германската и руската доктрина се многу повеќе од ова што го кажувам. Само моментите релевантни за војнава ги потенцирам.

Оваа доктрина е дело на легендарниот Тухачевски (елиминиран од Стаљин, уште пред да почне војната). Морам да спомнам дека тој воедно е и пионер на оперативната перспектива, како премин/мост помеѓу тактичката и стратешката. Тоа денес е прифатено глобално (и НАТО и мато и сите).

Во првата фаза имавме такви пробои по цела должина на фронт. Притисокот, беше насекаде. Од север, преку исток, југо-исток и југ. Пробои, кои треба длабински ја вознемируваат заднината. И така е. тоа им е, IMO, многу добра работа. И во двете фази се трудат длабински да попречуваат логистика. Се занимаваат со уништување на депоа, собирни центри и сл.

Од руска перспектива тоа значи многу долги и фрагилни линии на снабдување. Многу заостанати украински сили. Ранлива линија на достава, која е долга и подложна на артилериски напади.
Тоа го изведуваа со брзи тенковски, оклопни конвои, кои продираа и често беа мета на разузнавачки добро подготвени украински артилерци. Во првата фаза ни беа презентирани многу повеќе снимки на руски конвои како се дисруптирани (е јеби га, не ми текнуе како да го срочам на македонски), отколку во втората фаза. Сега, очигледно проретчија.

Фрлете поглед на хронолошката мапа:

Од прилика, до кај 10-ти април, (особено на север и исток), гледаме такви пробои. Долги линии, лесни за прекин, лесни за артилериска експлоатација. Што и се случуваше. После, дојде Дворников и тоа е посебна приказна, што бара посебен пост, исто како и за различната употреба на артилерија кај Русите, во прва и втора фаза, а и за тоа што сакаа на север да постигнат. Дали се работеше за некој вид Маскировка или нешто друго.
Во популарниот јазик/сленг Блицкриг како термин е вкоренет и тоа тешко да се смени (сеедно што се работи за странски назив кој Германците не го употребуваат). Јас како лаик ете и не знаев дека постои доктрина наречена Длабoки операции, а сепак од твојот опис не гледам некои баш суштински разлики од моето разбирање за Блицкриг. Но се согласувам дека Длабoки операции е посоодветно и како популарен назив, и како поописен збор за новаци.

Но сего ова веќе иде накај семантички аспект на работите... На пример тоа за што Јапонците велат сепуку, во јавноста повеќето го знаат како харакири. ;)

Овде повеќето (или сите) сме лаици. Мене воените стратегии ми се интересни, но повеќе ме интересира поголемата слика - или таканаречниот end game или завршницата по нашки (јбг, некои термини навистина не ни се одомаќинети). Така да, што би бил end game овде? Па по сѐ изгледа дека ова станува war of attrition. За Русија war of attrition каде Украина на логистички план ќе ја изгуби војната. За САД war of attrition каде Русија ќе ослаби... Ама ќе ослаби за што? Дали некоја следна војна каде ќе се обложуваат дека Русија нема да запука со нуклеарки ако почне да губи? Или едноставно само специјална војна против власта во Русија, создавање незадоволство и услови за т.н. обоена револуција. Што повторно е обложување дека Русија нема да запука со нуклеарки.

Работите одат во бестрага. За време на Ладната Војна се дешавале секакви моменти, ама во ниеден момент ниедна страна на се фалела по медиуми дека убива генерали од другата страна. Вакви ескалации и смена на воспоставената парадигма за избегнување MAD досега се неведени... Мене ми личи на онаа српската „луд јебе збуњенога“, односно некој се обложува дека другите блефираат само што влогот е иднината (можеби и постоењето) на човештвото.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
1—The Ukrainian Armed Forces (“UAF”) are preparing an offensive utilizing the 28th Brigade and the 60th Brigade in the Nikolayev and Krivoy Rog theatre of the conflict with the intention of restoring control over the right (west) bank of the Dnepr river.

2—The rotation of personnel has been performed, and the brigades have been reinforced with territorial defence (volkssturm) fighters. The units have also been equipped with Western-made weaponry and supplied with the requisite ammunition.

3—The Ukrainian forces are conducting systematic shelling of the Russian positions in Vysokopolye and Knyazevka.

4—Using the aerodromes in Dolgintsevo and Aleksandriya, the Ukrainian Air Force operates daily sorties of tactical aircraft and helicopters.

5—The reconnaissance and targeting is provided by Leleka and Bayraktar TB2 UAVs/drones deployed at the Kanatovo aerodrome.

6—Altogether, the Ukrainian plan is to use over 15,000 servicemen in the offensive. Most likely, the offensive near Kherson will proceed in lockstep with the counterattack near Aleksandrovka.

7—It ought to be recalled that two brigades—the 28th and the 60th—are insufficient for the chosen purpose.

8—The latter, the 60th Brigade, was formed only after the commencement of the Russian military campaign in Ukraine and was equipped with the remnants of the weaponry and the military equipment that was left over after provisioning the other Ukrainian units.

9—The Ukrainian forces only hope is to bet on the success of long range artillery operating as part of migrating units operating under the cover of the Nikolayev residential districts.

10—It is conceivable that the Ukrainian troops will use the tactic tested in Donbass, of the incremental “crawling” offensive, taking control of individual strongpoints along the entire length of the front line.

11—As for the counterattack in the direction of Aleksandrovka, if it materializes, it will not be the first, nor the second attempt by the 28th Brigade to advance in the direction of the seashore.

12—Most likely, the Ukrainian command believes that the offensive will benefit from the cover provided for the attacking units by the remnants of the Ukrainian navy.
photo_2022-05-13_23-54-21.jpg
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Колку што знам овој предел многу го засилија русите, многу војска натрупаа и техника за спојување со тој молдавскиот регион и напад над Одеса.
Ако има вистина во ова дека и украинциве се спремаат за напад ќе биде ова јака битка во овој дел.
Ама искрено ми е сомнителна веста за 15.000 дополнителна војска собрана од страна на Украина. Освен ако не ги донеле од Киев оние одбранбени единици. Со што би ги ослабиле тие единици таму.
А ако пак се само резервистите обучувани со дрвени пушки, и наоружани со Ак47 и три шаржера муниција... тогаш ништо не праат тие против професионална војска.
Па уште и за напад дали се воопошто спремни, каде треба многу повеќе од криење во ров и пукање на слепо.
Во вакви моменти и битки може да се скрши војната побрзо од очекувањата.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989
Не ги потценувајте бандитите на Бајден. Пари имаат доволно да соберат и повеќе од 15.000. Оружје усто така. Прво ќе го решат Донбас па подоцна можеби ќе се фокусираат на Одеса.Освен ако не не изненадат Русите, или пак бандитите на Бајден кон Херсон се со цел да ги забават Русите на Донбас.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Дури ни оптимистички руски профили не пишуваат дека се на чекор од Сиверск. Ќе видиме колку му е леџит инфото.
Уште пред една седмица го видов ова но мислев дека Русите се преоптимистички но сега еве и Американци почнаа да го велат истото. :toe:
The girth of the city of Seversk begins from the south, 05/08/2022, if they cut the road, then a new boiler for air

Kajgana Shop

На врв Bottom