Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
19 февруари 2013
Мислења
73
Поени од реакции
145
Gleajki gi slikive, ne mozhe da me ubedi nekoj deka vakvi zagubi na vozila i lugje se izdrzlivi na dolg rok, za da osvois edna peda teritorija. Mislam deka frontot kje stanuva po staticen i kje se namali intenzitetot so tek na vreme.
Исто мислење имам, не постои начин со моменталната состојба и бројност на терен некоја од страните да прогласи победа, поготово руската страна. Се повеќе фронтот се претвара во герилска војна и акции од тој тип, што доаѓа до толкав обем на клипови на уништена опрема и загинати војници на двете страни.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
како ќе вадиш органи од мртов човек? се читате ти и берич што зборите?
Он објасни дека тие повредени што биле во болница и умреле во болница, ги закопувале веднаш, а роднините и пријателите ги откопувале гробовите (и ја би откопал за да утврдиш дали стварно ти е починат блискиот/роднината, јер така и за короната правеа, ќе го умреа човекот у болница и у железен сандак херметички затворен) и глетките ги запрепастувале, односно искасапени биле мртвите тела како од операција знаеш, резови по телото..
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Наводно почнале Русите со нападот на Севернодонецк.



 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Наводно веќе имаат пробиено до тука. Од Амерички извори.

44DA9E36-1554-4EB0-B225-5AEFAD0AB599.jpeg
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
како ќе вадиш органи од мртов човек? се читате ти и берич што зборите?
Од ранетите кажа, не од мртвите. Демек стигаат во болница ранети и понатака како што пишаа предходно.
Иначе, за кај Харков, по него, русите се повлекуваат торади контра офанзивата на украинците, пошто имале таква наредба, да ако има ризик за поголеми жртви да се напушта територијата. Исто кажа дека имале таму доста загуби, а и таму кај што бил он, само што биле во споредба со украинските минимални. Кажа и некои други доста интересни работи околку руската опрема, недостатоци како мали дронови, кои украинците ги имале ко да им врнат од небо.
Исто и околку тоа зошто им идело поспоро, кажа дека на отворено, полиња, ливади, доста брзо оделе, ама украинците се повлекуваат во градовите и селата, а тука морале доста да пазат со артилеријата. Тек после 10-тина дена почнувале јако да удираат, демек во тој период луѓето веќе разбирале дека треба да се во скривници и подруми цело време.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Барвинково.
Го освоија Русите, или не?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Барвинково.
Го освоија Русите, или не?
Колку што пратам не го спомнуваат, веројатно е погрешно инфото.
Автоматски споено мислење:

ЛНР напаѓаат северно од Попасна.

FSj2Kq-WUAEwD7X.jpeg
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.406
Ако добро разбрав на 3 места Русите ја форсирале реката кај Северодоњецк, неколку пати Украинците вршеле контра, дури на две места форсирале река и бил општи кркљанац со големи загуби на двете страни.

Еден понтонски мост е уништен. И двете страни тврдат дека другата има поголеми загуби.

1652363726226.png
Автоматски споено мислење:

1652363746734.png
Автоматски споено мислење:

1652363762874.png
Автоматски споено мислење:

1652363891255.png
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Русите напаѓаат по цел фронт.







Автоматски споено мислење:

The first captured American howitzer M777A2 in Donbass, about 85 pieces were delivered in total, initiated on 05/12/2022




Radio LNR-12 Severodonetsk FIGHTING CENTER in the evening of 05/12/2022
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Русите напаѓаат по цел фронт.
Ах, многу има тука за зборење...

Гледаме дека Русите имаат различен приод кон војнава, во двете фази.

Првата фаза, некој (мислам дека Vanlok а неколку наврати) ја нарече Блицкриг, но тоа не е Блицкриг. Всушност, ништо не е Блицкриг. Блицкриг не постоел никогаш и друга прича е тоа.

Она што Русите го правеа, глобално во првата фаза, не е Блицкриг, туку, ако сакаме да специфицираме, е руска воена доктрина која е слична на тактичко-оперативниот дел од германската воена доктрина Бевегунскриг, кој дел, сите го викаат Блицкриг, затоа што тоа му текнало на некој француски новинар. Хитлер и компанија, секогаш мислеле дека Блицкрг е странска измислица и никој од германска страна не го употребувал. На пример, во мемоарите на Мајнштајн и Гудериан се спомнува, овој збор, вкупно - еднаш.

Руската воена доктрина, која наликува, на она што во јавниот наратив се нарекува Блицкриг, се вика Длабоки операции. Баш така - од буква, до буква, се вика и на руски и интересно, на пример, е дека на македонски се вика потоплно исто како на руски. Исто (голема дигресија) е фактот, кој ние не го знаеме, а тоа е дека во Русија имаат зборови кои ги викаат македонизми. За нив учат и у основно школо. Брат на жена ми е женет за Русинка и таа ми го кажа ова. Ако ме лажела, тогаш ок, не е така.

Како и да е, мене ми личи првата фаза на Длабоки операции, не на тоа што го викате Блицкриг.

Оперативно-тактичкиот момент кој во јавниот наратив се вика Блицкриг, има карактеристики кои се разликуваат од доктрината Длабоки операции, иако несомнено дека имаат сличности.

Дел од Бевегунскригот (традиционална германска воена доктрина), кој го викате Блицкриг, на оперативен план личи вака:

По целата линија на фронтот, притисокот се одредува според претпоставките за Шверпункт - најслаба точка на фронтот. Кога ќе се одреди таа, тогаш малтене целиот потенцијал таму се истура и се прави пробој на таа точка од фронтот, која се искористува за понатамошен пробој во заднина на непријателските линии. На микро локацијата, се пробиваат две точки, странично од главнината на силите на непријателот, кои две точки, понатамошно се искористуваат, за да се создаде Каселшлахт (Kesselschlacht). Да не го дрвам многу, еве ви слика:

Toa e кеселшлахтот од Бријанск (1941). Инаку, вакви имало многу на Источниот фронт.

Се гледаат тенковските единици, кои молскавично пробиваат по страните, на одбрамбената главнина, која ја заобиколуваат, создавајќи котел/и (schlacht), во кои се заробени 3-та и 13-та, како и 50-та армија. Пешадијата настапува после нив (некогаш и со стотици километри одалечена, што пак, создава други проблеми). Непријателот останува во излоирани котели, заради што командната структура му е загрозена и тн. и тн.

Руската теорија на Длабoки операции, предвидува притисок по целата линија на фронтот, мање-више подеднакво. А непријателскиот фронт, во зависност од условите, не е насекаде со иста тврдина. Значи, брзо ќе се појават точките по целата должина нa фронтот, кои ќе попуштат први. Тоа се тие точки, по кои силите на офанзивата, од тој дел од фронтот (а кои впрочем и го направиле пробојот), ќе треба длабочински да дејствуваат и да се занимаваат пред се со логистичките конекции на одбрамбениот непријателски фронт. Значи не создаваат котели, како во случајот на она што го нарекуваме Блицкриг. Еден од типичните Длабоки операции-примери, на оперативно ниво, е операцијата Уран (пост-сталинградско чистење):

- која дури преминува и на стратешко ниво.

Делот од доктрината Длабоки операции на тактичко-оперативно ниво предвидува пробој кај најслабите точки (колку и да се, каде и да се по должината) и брз продор, далеку во заднината, каде што треба да се штети на логистиката, пред се. Така, всушност, целата линија на фронтот како целина, ќе биде дестабилизирана (од одбрамбена перспектива).

Германската и руската доктрина се многу повеќе од ова што го кажувам. Само моментите релевантни за војнава ги потенцирам.

Оваа доктрина е дело на легендарниот Тухачевски (елиминиран од Стаљин, уште пред да почне војната). Морам да спомнам дека тој воедно е и пионер на оперативната перспектива, како премин/мост помеѓу тактичката и стратешката. Тоа денес е прифатено глобално (и НАТО и мато и сите).

Во првата фаза имавме такви пробои по цела должина на фронт. Притисокот, беше насекаде. Од север, преку исток, југо-исток и југ. Пробои, кои треба длабински ја вознемируваат заднината. И така е. тоа им е, IMO, многу добра работа. И во двете фази се трудат длабински да попречуваат логистика. Се занимаваат со уништување на депоа, собирни центри и сл.

Од руска перспектива тоа значи многу долги и фрагилни линии на снабдување. Многу заостанати украински сили. Ранлива линија на достава, која е долга и подложна на артилериски напади.
Тоа го изведуваа со брзи тенковски, оклопни конвои, кои продираа и често беа мета на разузнавачки добро подготвени украински артилерци. Во првата фаза ни беа презентирани многу повеќе снимки на руски конвои како се дисруптирани (е јеби га, не ми текнуе како да го срочам на македонски), отколку во втората фаза. Сега, очигледно проретчија.

Фрлете поглед на хронолошката мапа:

Од прилика, до кај 10-ти април, (особено на север и исток), гледаме такви пробои. Долги линии, лесни за прекин, лесни за артилериска експлоатација. Што и се случуваше. После, дојде Дворников и тоа е посебна приказна, што бара посебен пост, исто како и за различната употреба на артилерија кај Русите, во прва и втора фаза, а и за тоа што сакаа на север да постигнат. Дали се работеше за некој вид Маскировка или нешто друго.
 
Последно уредено:
Член од
31 мај 2019
Мислења
317
Поени од реакции
999
Gleajki gi slikive, ne mozhe da me ubedi nekoj deka vakvi zagubi na vozila i lugje se izdrzlivi na dolg rok, za da osvois edna peda teritorija. Mislam deka frontot kje stanuva po staticen i kje se namali intenzitetot so tek na vreme.
Не баш, нештата се многу покомплексни од тоа, се игра на повеќе карти, многуслојевито е целава работа. Никој освен Путин и некој тесен круг може да ја знаат реалната стратегија, ние може само да анализираме од тоа што има на терен.
Во Украина во тек е трет бран на мобилизација, скоро ќе почнат и луѓе на 55-60 години да праќаат на фронт. Сите изјави на свежо мобилизирани што можеш да ги ископаш по медиуми се дека директно се праќани на фронт, со други зборови се живо што можат го носат на први борбени линии.
Додека Русија целиов ршум што го прават го водат константно со не повеќе од 200,000 војска која само се надополнува со замена за извадените од строј. Само за споредба, Русија во две соседни на Украина воени области во мирнодобски услови има 200 к војска.
Дури и офанзивата во Донбас до пред некој ден беше изкључиво водена од артилерија 24/7, пешадијски трупи стоеа на страна. Тек сега гледаме нивно поактивно учество што резултира со продор.

Според мене планов е следен:

Бројката на украински бегалци ван Украина достигна над 6 милиони, само за топли оброци тоа ти е трошок од барем 20 евра на човек на ден, кој го плаќаат ЕУ данокоплатци.
Полска веќе почна да писка дека здравствениот, образовнио и социјален систем неможат да издржат од новодојденците, инфраструктурата и се тресе.

Украина е под поморска блокада, пробаа некој чекор према деблокирање да направат под амерички инструктаж кај Змијски остров и им се случи покољ, милиони тони жито скапува или русите го зимаат за себе, значи Русија ја диктира цената на храната во Европа и Америка.
Уште позаебано по нив е што Русија со тоа влијае и на храната во Африка и Блиски Исток, што значи нови миграцијски процеси на племенски заедници кон Европа...ова е и подкрепено со изјава на Путин по темава, значи се циља на вакво сценарио.

Енергенсите, тоа што Русија ќе им запре нафта и плин на некои земји, како приходи ќе го надокнади со зголемување на цената на постоечките клиенти. На крај се добива тотална енергетска-економска-инфлацијска криза низ Европа и САД.

Со тек на време ќе сме сведоци на социјални немири во западниот свет...ваквото ниво на подршка на Украина од Запад неможе да продолжи на долги стази.
Западниот свет ќе биде соочен или со покривање на домашни дупки или подкрепа на Украина со финансии и оружје или финансирање на обнова на Украина и тоа се на врв на тоа што сите се до гуша во долгови од Ковидот. Што ќе изберат од трите?

Во вакви околности Русија оди со стратегија на изтоштување и на Украина и на нејзините спонзори.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779


Ситуацијата, отприлика.

FSkv3sCWAAIJluq.jpeg
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Преку реката северен донецк им се истураат на неколку места со голем број на техника и луѓе. Само на еден мост Русите изгубиле кај 30 возила и пак на многу места имаа други мостови наместено и направено пробив. Тоа ми изгледа дека спроведуваат голема операција за поминување на реката и да ги отсечат двата града .
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Преку реката северен донецк им се истураат на неколку места со голем број на техника и луѓе. Само на еден мост Русите изгубиле кај 30 возила и пак на многу места имаа други мостови наместено и направено пробив. Тоа ми изгледа дека спроведуваат голема операција за поминување на реката и да ги отсечат двата града .
Таков е тој терен. Со реки и задолжителни мостобрани, за тие кои преминуваат. Такви биле таму борбите и за време на Втора Светска.
Амфибиски десант на спротивниот брег и што побрзо создавање мостобран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom