Ах, многу има тука за зборење...
Гледаме дека Русите имаат различен приод кон војнава, во двете фази.
Првата фаза, некој (мислам дека Vanlok а неколку наврати) ја нарече Блицкриг, но тоа не е Блицкриг. Всушност, ништо не е Блицкриг. Блицкриг не постоел никогаш и друга прича е тоа.
Она што Русите го правеа, глобално во првата фаза, не е Блицкриг, туку, ако сакаме да специфицираме, е руска воена доктрина која е слична на тактичко-оперативниот дел од германската воена доктрина Бевегунскриг, кој дел, сите го викаат Блицкриг, затоа што тоа му текнало на некој француски новинар. Хитлер и компанија, секогаш мислеле дека Блицкрг е странска измислица и никој од германска страна не го употребувал. На пример, во мемоарите на Мајнштајн и Гудериан се спомнува, овој збор, вкупно - еднаш.
Руската воена доктрина, која наликува, на она што во јавниот наратив се нарекува Блицкриг, се вика Длабоки операции. Баш така - од буква, до буква, се вика и на руски и интересно, на пример, е дека на македонски се вика потоплно исто како на руски. Исто (голема дигресија) е фактот, кој ние не го знаеме, а тоа е дека во Русија имаат зборови кои ги викаат македонизми. За нив учат и у основно школо. Брат на жена ми е женет за Русинка и таа ми го кажа ова. Ако ме лажела, тогаш ок, не е така.
Како и да е, мене ми личи првата фаза на Длабоки операции, не на тоа што го викате Блицкриг.
Оперативно-тактичкиот момент кој во јавниот наратив се вика Блицкриг, има карактеристики кои се разликуваат од доктрината Длабоки операции, иако несомнено дека имаат сличности.
Дел од Бевегунскригот (традиционална германска воена доктрина), кој го викате Блицкриг, на оперативен план личи вака:
По целата линија на фронтот, притисокот се одредува според претпоставките за Шверпункт - најслаба точка на фронтот. Кога ќе се одреди таа, тогаш малтене целиот потенцијал таму се истура и се прави пробој на таа точка од фронтот, која се искористува за понатамошен пробој во заднина на непријателските линии. На микро локацијата, се пробиваат две точки, странично од главнината на силите на непријателот, кои две точки, понатамошно се искористуваат, за да се создаде Каселшлахт (Kesselschlacht). Да не го дрвам многу, еве ви слика:
Toa e кеселшлахтот од Бријанск (1941). Инаку, вакви имало многу на Источниот фронт.
Се гледаат тенковските единици, кои молскавично пробиваат по страните, на одбрамбената главнина, која ја заобиколуваат, создавајќи котел/и (schlacht), во кои се заробени 3-та и 13-та, како и 50-та армија. Пешадијата настапува после нив (некогаш и со стотици километри одалечена, што пак, создава други проблеми). Непријателот останува во излоирани котели, заради што командната структура му е загрозена и тн. и тн.
Руската теорија на Длабoки операции, предвидува притисок по целата линија на фронтот, мање-више подеднакво. А непријателскиот фронт, во зависност од условите, не е насекаде со иста тврдина. Значи, брзо ќе се појават точките по целата должина нa фронтот, кои ќе попуштат први. Тоа се тие точки, по кои силите на офанзивата, од тој дел од фронтот (а кои впрочем и го направиле пробојот), ќе треба длабочински да дејствуваат и да се занимаваат пред се со логистичките конекции на одбрамбениот непријателски фронт. Значи не создаваат котели, како во случајот на она што го нарекуваме Блицкриг. Еден од типичните Длабоки операции-примери, на оперативно ниво, е операцијата Уран (пост-сталинградско чистење):
- која дури преминува и на стратешко ниво.
Делот од доктрината Длабоки операции на тактичко-оперативно ниво предвидува пробој кај најслабите точки (колку и да се, каде и да се по должината) и брз продор, далеку во заднината, каде што треба да се штети на логистиката, пред се. Така, всушност, целата линија на фронтот како целина, ќе биде дестабилизирана (од одбрамбена перспектива).
Германската и руската доктрина се многу повеќе од ова што го кажувам. Само моментите релевантни за војнава ги потенцирам.
Оваа доктрина е дело на легендарниот Тухачевски (елиминиран од Стаљин, уште пред да почне војната). Морам да спомнам дека тој воедно е и пионер на оперативната перспектива, како премин/мост помеѓу тактичката и стратешката. Тоа денес е прифатено глобално (и НАТО и мато и сите).
Во првата фаза имавме такви пробои по цела должина на фронт. Притисокот, беше насекаде. Од север, преку исток, југо-исток и југ. Пробои, кои треба длабински ја вознемируваат заднината. И така е. тоа им е, IMO, многу добра работа. И во двете фази се трудат длабински да попречуваат логистика. Се занимаваат со уништување на депоа, собирни центри и сл.
Од руска перспектива тоа значи многу долги и фрагилни линии на снабдување. Многу заостанати украински сили. Ранлива линија на достава, која е долга и подложна на артилериски напади.
Тоа го изведуваа со брзи тенковски, оклопни конвои, кои продираа и често беа мета на разузнавачки добро подготвени украински артилерци. Во првата фаза ни беа презентирани многу повеќе снимки на руски конвои како се
дисруптирани
(е јеби га, не ми текнуе како да го срочам на македонски), отколку во втората фаза. Сега, очигледно проретчија.
Фрлете поглед на хронолошката мапа:
Од прилика, до кај 10-ти април, (особено на север и исток), гледаме такви пробои. Долги линии, лесни за прекин, лесни за артилериска експлоатација. Што и се случуваше. После, дојде Дворников и тоа е посебна приказна, што бара посебен пост, исто како и за различната употреба на артилерија кај Русите, во прва и втора фаза, а и за тоа што сакаа на север да постигнат. Дали се работеше за некој вид Маскировка или нешто друго.