ATP тенис - општа дискусија

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.955
Поени од реакции
45.137
Рафа како тргнал прашање е дали ќе игра на РГ, така иде зборот, повреда има некоја само не можев да приметам што точно, што би рекле србите, шепаше и трет сет беше спаринг партнер, у еден момент серија од 14 поени по ред зема Шапо. Се надевам не е нешто посериозно али лоша увертира е ова пред слем реално гледано.
 
Член од
7 јуни 2018
Мислења
73
Поени од реакции
58
Рафа како тргнал прашање е дали ќе игра на РГ, така иде зборот, повреда има некоја само не можев да приметам што точно, што би рекле србите, шепаше и трет сет беше спаринг партнер, у еден момент серија од 14 поени по ред зема Шапо. Се надевам не е нешто посериозно али лоша увертира е ова пред слем реално гледано.
Мислам дека на некој сајт по интернет прочитав дека има проблем со стапалото , одвреме на време се актвира таа повреда. Верувам знаеш дека Надал носи спицијално изработени ортопедски влошки, токму поради проблемот со стапалото. Рафа има повреда, Ѓоковиќ не е во најдобра форма итн. Само сакам да напоменам овие кои се палат на Алкараз малку нека почекаат и не одма коментари од типот дека: Ќе ги пензионирал Рафа, Ноле и компанија , ги победи кога и двајца не играат на нивно препознатливо ниво а мислам дека Алкараз моментално го игра најдобриот тенис во својата кариера, во топ форма е. Но ајде да замислиме реално што би се случили доколу во топ форма се вратат Надал и Ѓоковиќ. П.С Да ги оставиме овие 3 најдобри во историјата, има подобри и поспремни од него на ATP листата :)
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
322
Поени од реакции
560
Рафа го плаќа данокот од почетокот на сезоната. Едноставно години наназад,телото не може да му издржи една фул сезона на високо ниво. Голема грешка на Рафа и неговиот тим беше одлуката да се игра на турнири од типот на Акапулко и Индиан Велс.Сега се плаќа таа цена и се плашам дека нема назад сега.Од 2015 првпат,Рафа не е прв фаворит за титулата на РГ,и ако не го освои,тоа ќе биде клучниот момент за ГОАТ дебатата.
 
B

BigMac

Гостин
Јас незнам зашто Рафа се прави светец и го игра до крај мечот,абе гледа дека има повреда за 10 дена почнува Роланд место да предаде меч како што би направил секој нормален дечкото игра за да се доповреди.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Рафа го плаќа данокот од почетокот на сезоната. Едноставно години наназад,телото не може да му издржи една фул сезона на високо ниво. Голема грешка на Рафа и неговиот тим беше одлуката да се игра на турнири од типот на Акапулко и Индиан Велс.Сега се плаќа таа цена и се плашам дека нема назад сега.Од 2015 првпат,Рафа не е прв фаворит за титулата на РГ,и ако не го освои,тоа ќе биде клучниот момент за ГОАТ дебатата.
Како се Акапулко и Индиан Велс турнири од ист ранг? Ако не игра на Индиан Велс тоа значи дека планира да игра само слемови.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.379
Поени од реакции
113.817
Надал од раѓање има проблем со стапалото, некој синдром не знам како се викаше така да не е ова ништо ново за него. И да игра на РГ без болки проблем ќе е што нема мечеви, 5 меча на земја се на се, ниедна титула, до сеа му се нема десено ова. Инаку не смее да прави операција зашо нема да може да трча и кариерата ќе му отиде јабана така да како што вика и самиот научил да живее со тоа и за него истото е секојдневие.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.955
Поени од реакции
45.137
Новак 1000та победа во кариера денес, со Руд, многу ја има кренато играта во однос на она што беше пред неколку недели, дефинитивно се враќа.
Надал со поразот прави проблем у ебаниот ждреб за РГ, потенцијален дуел со Новак во 1/4 финале али тоа е што е.
Прв пат иначе Надал пред РГда влезе на истиот турнир без финале на турнир на земја, лоша увертира плус има дефинитивно проблеми али све додека е во состојба на игра ќе е главен фаворит макар и се реши да е таму со ампутирана десна рака.

Уште сум на желбата да се избегне и он и Алкараз али небитно и тоа, се радувам на фактот што Новак е повторно у комбинација во тенисот, оној правиот, со надеж дека до крај на сезона веќе нема да има проблеми со глупите и нелогични измислени рестрикции, општо тенисот ко спорт губи како и да ја вртиме, сакаш мрази го сакаш не, се врати, се изигра мечот на сезоната у Мадрид со Алкараз, а такви мечеви се дрога за секој тениски фан а сеа за сеа пар тенисери само може да ги понудат, еден од нив е дефинитивно Новак.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Малку турбулентен втор сет ама се си заврши како што треба на крај :kruna::kruna:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.955
Поени од реакции
45.137
Новак со победата реден број 1001 го освои мастерсот со број 38, овој пат без изгубен сет, потполно заслужено и доминантно би рекол, едноставно имаше феномелален турнир и сите коцки му беа подредени. Добра увертира за РГ дефинитивно, има доста самодоверба после овие партии и што е уште побитно, на кондиционен план после турниров изјави дека се осеќа перфектно, да не навлагам ова второво што значи кога е кажано од него.

За РГ, Беретини е официјално аут, Рафа во среда доаѓа во Париз и ќе види на што е зашто постојат шанси да го откаже учеството од турнирот поради повредата на стапалото, ова денес го извести шпански Ас, све зависи од тоа како ќе се осеќа на првите тренинзи.Алкараз ќе брани титула у Умаг, ете шанса ако некој е у близина од тука овој период и да го гледа.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.955
Поени од реакции
45.137
Тоа што се плашев и се деси, потенцијален дуел на Новак со Надал во 1/4 финале на РГ, а во полуфинале потенцијален противник е Алкараз ( или Зверев ).

1652984989808.png
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.822
ваков Рафа и не е фаворит против Новак.. тешко да го тепа, ама мора навивачки да се надевам тоа е
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Вимблдон 2022 без рангирачка вредност , тоест само егзибициски турнир , поради исфрлање на Руските и Белоруските тенисери . Тамбс Ап . линк
 
B

BigMac

Гостин
Вимблдон 2022 без рангирачка вредност , тоест само егзибициски турнир , поради исфрлање на Руските и Белоруските тенисери . Тамбс Ап . линк
Паметно од страна на АТП,треба и на другите турнири да биде вака,неможе политика и спорт да идат заедно.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.216
За да не идат политика и спорт заедно, треба да им дозволат да се натпреваруваат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom