Мислиш и нив ке ги денацифицира? Јас не мислам така.
И на Путин му се кажа дека по напад на било која земја членка на Нато ке следи брз одговор, и затоа Русија нема да преземи таков чекор, и затоа мислам дека Финска се одлучи на таков чекор.
Можеби тајмингот е лош ама не е време за неутралност, поготово кога си во таква геоположба и со такви умноболни луѓе кои мафтаат со куферчињата од нуклеарни кодови.
Демек ако употреби Русија нуклеарки Москва нема да биди пеплосана во истиот час.
Не велам дека овие од запад се цвеке ама ова шо се дешава со ништо не можи да го оправда Путин, исто како што западот нема оправдање за некои акции во минатото
Финска се одлучила на НАТО за да не ја нападне Русија?
Стварно?
До сега како не се одлучила на тоа?
Како до сега 70+ години, Русија не ја нападна ни Финска, ни Шведска.
Москва и голем дел од Русија ќе бидат пеплосани. Но, кој ќе изгуби повеќе во таква една претпоставена војна?
Западот има големи промашувања во тоа како гледа на работите. Многу западни аналитичари тоа го потенцираат.
И сега има такви кои одат на тоа дека може сеуште да и се проектираат западни политички влијанија пред врата на Русија и дека Путин блефира. (како што тврдеа дека блефира за Украина)
Западот има очигледно, политичари од нов ков, кои се прилично неопитни за студено-воени односи. Тоа може после некоја година да донесе нуклеарна војна. Јас сметам дека шансите за тоа не се мали и кој мисли дека Западот нема да изгуби во таа војна многукратно повеќе од Русија е наивен.
(не за друго, туку затоа Западот што има многу повеќе)
Оваа политика што ја тераат некои западни земји, оди накај нуклеарна војна. Она што Западот не го става во пресметката е расположението на сопствената јавност за глобален судир.
Така да, се надевам дека Путин блефира и дека западот е у право кога е уверен дека Путин блефира и дека јас не сум у право, за ова.
Али небитно, Западот може со еден потег ова да го реши - cancel ќе им направи на интернет на Русите и готово.