Дали ние ги читаме и слушаме истите вести?
Буквално сите вести во МК пренесоа дека Вселенската Патријаршија и ги признала канонските права на Охридската Архиепископија а признавање на канонски права значи признавање на афтокефалност. За целосна афтокефалност потребно е признавање на канонски права од сите афтокефални цркви, вклучително и српската и руската а тоа нема никогаш да се случи.
Патријаршијата директно го адресираше свештенството на МПЦ во нивното соопштение што значи дека нашата црква и свештенство ги смета за директни наследници на Охридската Архиепископија.
Побогу, нз што повеќе вие сакате луѓе. Ако ова не е признавање на директна културна и наследничка врска со едно историски, религијски и културно богата институција како што е старата Охридската Архиепископија тогаш нз што е. Згора на се ти признава и канонски права.
Алооо, Русите ти признаваат само српска духовна власт овде, ништо повеќе.