Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
може подетално да раскажеш шо е ова?
изгледа јако

Анимирана тв серија. :) Се шалам, секоја сезона се состои од независни sci-fi/horror приказни. Анимацијата е најдобро нешто од се што имам гледано до сега, има две сезони излезено на Нетфликс, сега и трета следи. Мислам дека и Дејвид Финчер има замешано прсти во серијава, ко executive producer, ама еве сега гледам и ко режисер во трета сезона. Партали е, лично мене ми има допрено нерв, ако сакаш добри анимации во милион техники, кратки бизарни приказни и генерално креативност, тогаш обавезно гледај ја.
 
Има ли нешто слично на letterboxd за серии?
 
Дечки, дали некаде ја има за симнување серијата Слуга на народот?

Додека одеше во нормален термин ан Канал 5 од 17:35 редовно ја следев, но ова со полноќен термин не можам да следам секогаш.
На јут јуб само 1 сезона ја има на Хрватски јазик, 2 и 3 сезона е на Руски / Украински јазик и не ми е тој јазик разбирлив.

Има ли некаде да се симнат 2 и 3 сезона и да има потоа превод на Српски или Хрватски јазик?

netfliks

 
welcome to Eden - кратка серија нова, 8 епизоди по 35-45 минс епизода, за мене беше многу интересна.
 
welcome to Eden - кратка серија нова, 8 епизоди по 35-45 минс епизода, за мене беше многу интересна.
Предвидлив развој, али држеше внимание. Какви се срања се преценети, оваа заслужува бар 6/10 на ИМДБ.
 
Некој да гледа Mayans MC сезона 4? Како ви се допаѓа до сега?
 
Watch Hard Cell | Netflix Official Site


Hard Cell

За љубители на британскиот хумор :) Приказна за една занесена управничка на женски затвор која сака да внесе промени во работењето и односот кон затвореничките за нивна полесна ресоцијализација. Интересно е тоа што една иста актерка игра шест различни ликови (горе на сликата). Оценка 4/5.
 
предлог некоја акција серија интересна стално нешто што те тера да гледаш у тој фазон.. елит не ја догледувам новава сезона, бетер кол саул ја пуштив мноооооооооогу ми е спора, нешто у фазон брејкинг бед сакам или ќе си чекам 2 дена за новава сезона на стренџер тингс, ама пак сакам нова некоја, многу сум неодлучен што да гледам следно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom