Небитно, не мислам ни јас дека има некаков голем потенцијал Митиќ, само набројав играчи кои што играат на позиција пивот, немаат повеќе од 22-23 години (Лазаревски е тука исклучок), и кои имаат нешто од нешто покажано низ годиниве во младински категории.
Факт е дека е Жаре одличен во напад. Не е шала да дадеш 75 голови во прва германска лига, плус стои и она што ти го кажа, домашен играч е. Не се согласувам дека е тешко да се најде пивот што игра напред-назад добро. Па само ние во моментов имаме три такви
Никој од тројцата можеби не е светска класа и во напад и во одбрана, но си ја бркаат работата и во двата правци. Тоа е калибарот на играч кој треба да го бараме.