Фан клуб - РК Вардар

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.151
Поени од реакции
4.582
Каква трансформација има Тале сезонава, секоја чест, и не мислам само на добрите игри, голема промена има во самиот однос. Од лик што не се замараше со ништо и си тераше некое „куроболие“ и го снимаа како пее химна на Металург, до водечки играч кој ја заќутува цела сала во Битола и е прв што пее песни при славје со Комити. Веројатно самото присуство на Столе и Тимур во екипата играат огромна улога во ова, овие двајца мора да се направат напори да останат во клубот, и по завршувањето на кариерите на играчки план.
За вчера, веројатно и заслужено, сите пофалби одат кај Тале, Борко и Куни, ама јас би го издвоил и Карапалевски, затоа што целосно се промени нападот во второто полувреме, почнавме да играме и преку пикер и крило и бевме далеку посигурни и поопасни, со Додиќ на теренот сите голови беа преку шутевите на Тале и Куни. За Борко што да се каже, не беше многу лош Томовски ама се гледаше дека не му оди и дека имаше 2-3 топки кои требаше и мораше да ги фати, овој кога влезе и кога почна да го провоцира Мандалиниќ со седмерците, иако преселски потези, ама знаеше што прави, и успеа да им влезе во главите и ги уништи тотално :D Сепак има големо искуство зад себе, измислен е за вакви натпревари.
Останува до крај да се заврши работата, а на нас е да им дадеме поддршка во преостанатите натпревари и да прославиме уште една титула во витрините. Се надевам победава ќе поттикне и помош од финансиски аспект, жално е да падне клубов поготово сега при ривалството што го имаме во домашно првенство, јак Еурофарм ни треба на нас колку што јак Вардар им треба и на нив.
И кога сме веќе кај иднината, со оглед на намалувањето на бројот на странци, Дибиров, Столе, голманите, Тале, Карапалески, Георгиевски мора да останат. Не знам колку би ни бил од помош Стефан Атанасовски на пикер, убаво би било доколку го собереме Пешевски и да имаме само еден странец пикер кој ќе покрива во два правци. Ќе треба поразумно да се бираат странците и да бидат стварно играчи кои ќе прават разлика, немаме потреба од Њокаси, Гаџа и слични на нив. Јас би се обидел и да ги заменам Чувара и Џукиќ со некој од домашен пазар, за да се отвори простор плус за странци на бековските позиции, покрај Куни ќе треба уште еден странец десен бек, а ни треба и засилување на лев и среден бек со по еден странец. Се надевам дека и Карапалески конечно ќе си ја добие минутажата што ја заслужува, затоа што сезонава покажува повеќе и од Гаџа и од Додиќ.
Прашање е што и со тренерската позиција, после победава претпоставувам Дејвис ќе ја добие довербата, инаку дали сериозно вчера покрај играњето со една постава го завршивме мечот без ниту еден тајм-аут? :LOL:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.383
Поени од реакции
108.907
Еј и ја сакав да спомнам за тајм аутите, значи 0 тајм аути вчера од страна на Дејвис... Премногу го почитувам и знам дека е одличен тренер и ракометен стручњак ама мораше да земе барем еден тајм аут, особено во второ кога и се осеќаше уморот а и во еден наврат моментумот на Пелистер кога од - 2 се вратија на +1 и напад за +2. Тука се реагира со тајм аут али ајде, среќа за нас испадна све добро.

Инаку не знам дали само јас го имам чувството али оној Додиќ е многу лош играч, онака без срце и без жар во играта, класична мивка од играч. Карапале за него е Ивано Балиќ лично и персонално. Не гледам зошто од следна сезона да не добива многу повеќе минутажа, со ништо не заслужуваат да играат пред него ликови како Додиќ и Гаџа.

Сума сумарум вчера најубаво се виде искуството на одредени играчи, пред се тука мислам на Дибиров, Гоце, Столе и Борко, кои и покрај се не подлегнаа на притисокот од публиката. Борко :ROFLMAO: каков лик е братот хаха, го критикуваме и ругаме можеби ама за вакви утакмици е измислен, вчера до толку ги испровоцира што на крај и на празен гол да шутираа ќе промашуваа Пелистерци. Имаше убаво пишано некој поназад, знаеше што прави Борко и тоа многу добро.
За Тале секоја чест, докажа и покажа сезонава дека има направено исчекор и дека веќе не е стариот мивкосан играч што стои како здрвена Марија и само чека другите да направат нешто. Нормално, има простор за доста напредок кај него ама добро е што мрдна од мртва точка, КОНЕЧНО!
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.454
Поени од реакции
1.792
Мочај ги искломплексираните и исфрустрирани кабадаи и шанкуриња.
Се палеа како млади мајмуни и го потценија Вардар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.185
Поени од реакции
4.146
И ја да пишам да се согласам дека Карапалески изигра со многу повеќе муда од Додиќ, ко прав среден бек. А за вчера, и ја не го сакам Борко, ама ги стопи он. Куни и Талески доста голови дадоа, ама и многу топки потрошија, немавме некоја идеа во напад, па некако да биде иронијата поголема, ги скинавме со шутеви од далеку, ко они нас во Скопје.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.585
Поени од реакции
5.512
Во поглед на екипата Михајло е стар лисец и сигурно има сугерирано кон Дејвис теретот на овој натпревар да го понесат играчите што ќе останат наредна сезона. Тоа би биле Дибиров Талевски Моралес Карапалевски Георгиевски Столе и голманите. За нив стварно не треба да се размислува за продолжување на договор.
Моралес ако остани ќе завршиме ГОЛЕМА РАБОТА.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
704
Поени од реакции
1.290
Тимур гостуваше во утринска емисија на Сител. Најави дека можно е да остане во Вардар.
Уште еднаш се потенцираше дека Михо нема сили сам да го тера финансирањето.
Исто така, го издвои Столе како клучна фигура за успесите на клубот.
Имаш линк од емисијата ?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.585
Поени од реакции
5.512
Борко, исто човек на кој сум му дал толку многу хејт. Вчера беше оној правиот. Со провокации со кои ги измести од ритам. Со 8-9 одбрани за 20 минути, со одбранет зицер во последниот напад.
Оф Контекст малку но и Борко заслужува проштален натпревар исто колку што заслужуваат Столе, Жути и Лазаров во репрезентација, а никој од медиумиве па дури и нас навивачиве не говориме за тој момент.
Сезонава во Вардар во ЛШ и во Супер лига имаше доста клучни одбрани на битни натпревари како вчерашниот, лично од мене капа до под за неговиот придонес кој го има во клубов.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Не знам само зошто толку се руга Додиќ, огромен потенцијал е малиот. Да поработи на шутот,и исфрлање на топка под фаул ќе биде врвен среден бек. Да, направи неколку грешки ама доста простор отвараше за Талески и Моралес. Карапалевски е солиден играч, ама ништо повеќе од тоа. Се надевам ќе ме демантира во иднина. Уште не ми е јасно како ги победивме, со 1 постава и иста игра и во напад и одбрана.
Буквално 60 минути истата игра им ја игравме и не најдоа лек. Се утепаа од грешење нивнине. Очигледно победничкиот менталитет на старава гарда пресуди, веќе кажано е многу пати ама мудоњи ко Столе и Тимур тешко се наоѓаат. Тука и Борко ќе го ставам, мене дури ме извади од такт вчера колку провоцираше, ама си заврши работа на ниво.
Една од најслатките победи у последно време дефинитивно. Се надевам конечно ќе се стабилизира екипата у следниов период и со добра основа што ја имаме и доволно пари ќе се направи план за во иднина. Не очекувам брдо пари и покорување на Европа повторно, али барем стабилен тим да имаме кој нема да е цело време во неизвесност околу тоа како ќе функционира.
И за крај едно големо браво за Талески. Најплукана личност од сите тука, огромен напредок у последно време. Само така нека продолжи.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.741
Поени од реакции
6.088
Гледам никој не го пофалил Гоце Џомба за вчерашниот натпревар,сосема солидно изигра за негови стандарди 3/3 имаше ако не го броиме промашувањето на крај од мечот кога ја фрли скоро од мртов агол,плус украде топка на Мандалиниќ во најдобар можен момент за нас.
Цел натпревар го одигра искусно и смирено,има доста поминато во кариерата и изиграл еден куп битни натпревари од времето на Металург,секако тука се и десетина првенства со репрезентација.
За споредба Божиќ-Павлетиќ во спротивниот табор видовме како реагираше кога се кршеше резултатот,ни даде една поклон топка кога му ја фрли во нозе на Радовиќ и после проба да изглуми пенал од крило кога се удри во Њокас.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.977
Поени од реакции
5.571
Не знам само зошто толку се руга Додиќ, огромен потенцијал е малиот. Да поработи на шутот,и исфрлање на топка под фаул ќе биде врвен среден бек. Да, направи неколку грешки ама доста простор отвараше за Талески и Моралес. Карапалевски е солиден играч, ама ништо повеќе од тоа. Се надевам ќе ме демантира во иднина. Уште не ми е јасно како ги победивме, со 1 постава и иста игра и во напад и одбрана.
Не знам каде го виде огромниот потенцијал на Додиќ, дечкото целосно ја гуши играта, безопасен е, Вардар како да игра со играч помалце кога тој е во игра. Нема ниту една опција - ниту е опасен на бек, ниту па видов дека којзнае колку ги разигрува другите бекови, речиси да не пушти употреблива топка на пикер. И ова не е само на оваа утакмица, туку на сите утакмици против подобри противници.
Околу славењето за титула, има уште три утакмици, голем дел од работата е завршена, но не смеат да се опуштаат.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.320
Поени од реакции
36.878
Марче во подкастот вика дека единствено му било жал што Брумен и Тоскич не биле во шампионските екипи за да освојат ЛШ, јас би рекол човекот за кого на сите им е криво што не беше дел од тие екипи е Немања Прибак. Каква легенда, срце оставаше на терен. Голот у последна секунда против Металург на Кале, Вујо кога ги молеше џандарите да не апсат Комити. :pos:

Какви утакмици божеее...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom