Кој напад врз Киев? Па напад врз Киев не ни имаше, малку се припука во предградијата, и беше нападнат аеродромот. Тоа беше тоа. И толку војска отприлика беше испратена, околу 30000 војници, кој воглавно послужија како decoy.
Напротив, првиот месец и пол Кијев беше и тоа како цел. Малку се припука? Можам да ставам фотки од тотално руинирани гратчиња и села ама ме мрзи, ако некој инсистира ок ќе побарам.
За што правеа decoy кога и на децата им се познати географските цели на екс-Црвената армија.
Забораваш дека целта беше да се опколи? Па и самите руси изјавуваа дека целта е да се изолира Киев,се водеа сташни борби по сателитските гратчиња и села, русите бараа самите украинци да се предаеле со бели знамиња. Еден период Кијев беше опколен од три страни, но последната не успеаја да ја затворат.
Која е тогаш главната цел ако Кијев бил превара? Харков, Донбас, Мариупољ или Одеса па чак и Лвив или Днипро? Во Донбас ионака имаат територија уште од 2014.
Јас мислам дека ги преценуваш русите.
Малку по малку треба да размислиме и за она што никој не се осмелува да го каже.
Како што никој не можеше да претпостави Олуја и Блијесак.
Инаку екс-ју војните и оваа војна имаат многу сличности.
СРЈ како и РФ не беше официјално во војна.
Ова што го прават Украјинци е навистина чудо. Со бескрајно инфериорни сили во поглед а број,квалитет,можеби и обука.успеваат 67 дена да одолеат на непријателот. Можат да се најдат паралели со финскиот Моти систем, но западните ПТ фрлачи, рачни ПА системи и донекаде дроновите ја сопнаа руската надменост. Тоа е значаен force multiplier во една ваква полу-герилска асиметрика.
Но мистерија е како украјинската артилерија изведува толку прецизни удари врз русите.
Колку и како примаат инфо од САД и НАТО е прашање, колку сателитите и Аваксите се замешани не знаеме но не би бил изненаден да споделуваат координати со Украинци in real time.
Настрана сето тоа, Путин неколку дена пред нападот излезе во јавност со негирање на правото на укјинската нација да постои, ленинови измислици, изјави дека ќе ги декомунизирал а подоцна ќе ги денацифицирал. Ау да, и конечно решение.
Украјина е во иста состојба према Русија како Македонија према Грција. Од непризнавање на нација,јазик,црква, право на самоопределување, етничко чистење...