Штета! Немаше Пелистер среќа, ама немаше ни искуство, па ни знаење за да ја грабни титулата.
Кога ви викам преценети играчи се Мандалиниќ и Граџан - главни виновници за поразот. Па еден Танкоски имаше поголем придонес од нив. Мандалиниќ секогаш против послаби екипи изгледал како вонземјанин, ама на вакви натпревари го нема, се губи, премногу еднодимензионален е за да направи разлика, затоа не направи појака кариера. А Граџан тој му е лимитот, не е едноставно калибар за екипа каква што се стреми Пелистер да биде. Ќе ги сонува 4те промашени зицери и тој самиот и цела Битола, ама тоа е...
За залагањето, јас не би се сложил, најголем дел од играчите и тоа како дадоа се од себе, едноставно толку им е силата (? единствено има кај Периќ и Табоада со повредите - за кои не е можно ние да коментираме, и можеби Мандалиниќ за залагањето). Обрадовиќ, Маркоски, Танкоски, Мараш, Божиќ-Павлетич, Маџовски, Граџан и останатите изгинаа, ама едноставно толку можат.