Живот после смртта

  • Креатор на темата Креатор на темата Вампирката
  • Време на започнување Време на започнување
Ок Госпогица љубов...А може да ми кажеш некој факт дека немаат душа....од каде знаеш?
А ти имаш ли душа..од каде знаеш дека имаш?
И уште нешто...што е бог? според тебе
 
Еден мој комшија кој многу го ценам,ги почитувам неговите ставови и мислења(да го зачленам ке биде член со највисока репутација хаха) на неодамнешниот помен на баба ми го кажа следново: "Никој не се вратил од мртвите, тој што пошол во пеколот таму изгорел а тој што е во рајот - таму му е убаво и не сака да се врати овдека"
- чунки земскиот живот е понеубав од рајот!
впорчем и така е опишан во религијата.
Инаку оваа мисла беше насочена кон дедо ми кој сосема оправдано си го жалеше својот животен, другар пред се па се останато...а пак комшијава мој, откако останал вдовец на млади години(отприлика 50) за брзо време ја пронаоѓа својата втора жена и со неа продолжува да го живее земскиот живот со што покажува неверување кон задгробниот, или пак дека стравува од (секако) негативната реакција на неговата прва жена....Тоа е секао правилно според мене! А за вас??????
И дали сторил грев??????
 
Ок Госпогица љубов...А може да ми кажеш некој факт дека немаат душа....од каде знаеш?
А ти имаш ли душа..од каде знаеш дека имаш?
И уште нешто...што е бог? според тебе
Душата е чувствен дел кој е во текот на овоземниот живот поврзан со телото а после смртта се дели од телото заедно со духот. Јас знам дека имам душа затоа што умеам да чуствувам и преку реакции ги искажувам тие чуства, во неа значи е сместен целиот емотивен дел од човековата личност. Затоа често ке речеме едно ни говори умот друго ни чуствува душата или срцето како орган кој е ставен како синоним за душа. Растенијата немаат дејност како човекот просто нив не им е дадено живот како човечкиот. Според мене Бог... па си има дадено конкретно во библијата што претставува Бог како поим и би било добро да прочиташ не можам моментално да го најдам а нејкам да парафразирам да не кажам нешто што го нема.
 
Аха, во ред, имаш некој став...ајде малку да го продлабочиме може ќе дојдеме до некое сознание...
Не се согласувам со твојот став, но еве нека биде така...јас сум видела животни кои чувствуваат и реагираат, искажуваат емоции, лесно можеш да видиш што чувствува животното. Растенијата исто, набљудувај ги....еве пример: во соба кај мене имаше цвеќе, само што ги купив. Едно за во дневна и едно за во соба кај мене. Јас отидов на пат, се вратив по два дена. Цвеќињата кај мене во соба беа овенати, а во дневна беа сеуште свежи, а беа сосема исти кога ги купив. Тоа е гест дека сепак чувствуваат...разликата е што неможат да зборуваат.
А за бог...да, знам отприлика што пишува во библијата, а знам и дека многу работи во библијата имаат скриено значење...Сега ајде и јас да не парафразирам, работите се напишани со преносни значења. За мене бог воопшто не е некаков лик, не е суштество, постои...
 
Бушавка! Јас реков дека само растенијата немаат душа и немаат дух, животните имаат душа но немаат дух значи како што можиш да видиш сепак чуствуваат, а човекот ги има и двете. Цвекињата може да овенале поради некоја друга причина на пр. светлина тие не чуствуваат ништо и се дадени само како објекти слично како каменот само со посложена градба и то што претставуваат организми во кои се случуваат одредени функции.
 
Еден мој комшија кој многу го ценам,ги почитувам неговите ставови и мислења(да го зачленам ке биде член со највисока репутација хаха) на неодамнешниот помен на баба ми го кажа следново: "Никој не се вратил од мртвите, тој што пошол во пеколот таму изгорел а тој што е во рајот - таму му е убаво и не сака да се врати овдека"
- чунки земскиот живот е понеубав од рајот!
впорчем и така е опишан во религијата.
Инаку оваа мисла беше насочена кон дедо ми кој сосема оправдано си го жалеше својот животен, другар пред се па се останато...а пак комшијава мој, откако останал вдовец на млади години(отприлика 50) за брзо време ја пронаоѓа својата втора жена и со неа продолжува да го живее земскиот живот со што покажува неверување кон задгробниот, или пак дека стравува од (секако) негативната реакција на неговата прва жена....Тоа е секао правилно според мене! А за вас??????
И дали сторил грев??????

Da i ke gori u pekolot :nesvest:
 
G-ca ljubov Без тепање само...од ова што го кажа произлегува дека чувставта немаат врска со душата, туку душата има врска со свесноста
Теоретски гледано секоја материја може да се претвори во енергија ако се забрза со квадратна брзина на светлината, а душата е енергија sooo.....

И ај да не праиме дуели...нека се вклучат сите со свое мислење
 
Не се тепам само ти објаснувам нели ти ми побара да ти објаснам па ти кажав немој да се буниш сега контрадикторна си ми..
ако немојш да сватиш јас не сум проблемот. ЕЈЈЈЈЈЈ дали на некој му забранив да се вклучи со мислење? ве молам
Никој не те побива во тоа дека душата е енергија...
 
Јас имам сватено, само ти немаш факти за тоа што го кажуваш. Не го образложувам целосно моето мислење зошто сакам да слушнам што мислат сите, а не да се натегам со тебе. Препрочитај си го последниов пост начинот на кој се изразуваш јасно се гледа дека сакаш да се докажеш и наметнеш. Админи бришете што е за бришење
 
Бушавка напиша:
Мое мислење е дека така дошло да 6 милијарди луѓе. Ако ја продолжам приказната, што се случува понатаму, кога ќе треба да се оди на повисоко ниво од човек...може малце да го кометираме ова?

Не можам да се сложам дека највисокиот стадиум е човекот. Во ништо освен во умешноста за деструкција човекот не е на највисоко ниво.
 
Не постои ниту рај ниту пекол, и рајот и пеколот се овде на земјата. Оној што има лагоден живот, се наоѓа во "рајот" а оној што се соочува со мизерија живее во "пеколот".

Темава е сосема погрешно поставена -- би требало да биде: дали верувате дека после физичката смрт човекот продолжува да егзистира во поинаков облик...и сега тука се поставува прашањето што е за вас човекот, што вие подразбирате кога ќе речете ЈАС, со што се поистоветувате, кое е тоа јас?...ако некој се поистоветува со физичкото тело тогаш да за нив нема живот (сочуство до оние кои веруваат во физичко воскреснување...ниту Исус воскреснал со физичкото тело па ниту на било кого тоа ќе му успее)

Реинкарнација се разбира дека постои и се темели на законот за Карма (Карма не е судбина и таквиот превод кај нас е сосема погрешен...најприближна дефиниција за карма која западниот ум може да ја проголта е "Универален закон за акција и реакција"...најточно кажано зборот карма не може да се преведе.

Прашањето за реинкарнација е премногу комплексно зашто на добар дел од оние кои веруваат во тоа кога ќе се соочат со можноста за паралелно битисување на "душата" во повеќе тела или постоење на реплики на една "душа" кои дејствуваат и во други димензии, со цел забрзување на процесот на напредок преку збогатување на искуството (набргу сакале или не ќе се соочиме со нашата погрешна претстава на Простор-Време Континуумот) им доаѓа да :nesvest:. Станува збор за илјадници периоди (животи) кои една единка ги поминува во еден или друг облик, а тоа што некој преку медитација или хипнотичка регресија се сетил на еден или два животи е само "гола вода".

п.с. ако на некои им е полесно зборот душа нека го заменат со ентитет
 
Мислам дека всушност после „смрта“ почнува вистинскиот живот. Кога веќе ќе завршиме со живеењето во нашите тела, живееме во ВИСТИНСКИОТ облик, тоа што ние сме.
 
Се изначитав овде имаш- немаш душа,како душата да е некој предмет кој што го поседуваме или не(што ти прави материјализмот).Според мене ти си личноста,ти си идентитетот,ти си душата.Душата е одсуство на нешто(нешто што не можеме да го видиме во другите луѓе со нашите физички сетила)нешто како 0(нула) во математиката, пр.имаме 0(нула) јаболка (јаболката постојат само не се присутни).Така да тие што не веруваат во душа се вадат на оваа информација,дека душата не постои т.е. е 0(нула),затоа што не можат да ја почувствуваат со своите физички сетила.Би пишал уште нешто ама ми помина роденденот,и многу акање од земја не чини.
 
Зависно од тоа што сме го направиле , можеме да живееме и после смртта , но во меморијата на другите луѓе. Сепак , животот е во неговата најблажена форма кога си мртов..
 
Ај да се надоврзам на објанувањето на Нихилиста...душата се реинкарнира од пониско во повисоко ниво на свест, почнала како душа на едноклеточно животно, па пота некое мало растение, па поголемо растение, па животно...и така натаму за на крај д асе реинкарнира во човек кога ќе ги има доволните изкуства и соодветната свесност. Мое мислење е дека така дошло да 6 милијарди луѓе. Ако ја продолжам приказната, што се случува понатаму, кога ќе треба да се оди на повисоко ниво од човек...може малце да го кометираме ова? Што прави душата кога еден ден ќе искуси се што е човечко, кое е следното ниво?

Спојување со Апсолутот и свесност за него, без оглед на тоа дали е тоа нешто или некој. Всушност тоа единство отсекогаш постоело и ќе постои, само нас поради нашата индивидуалност ни се чини дека сме го загубиле. Таа самосвест и слободна волја што ја имаме е меч со две острици.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom