Не е познато што договорила "владава наша ...." на скорешниот состанок што се одрржа пред 15 дена "Балкан ли беше како беше, мака ми е да го барам името, не беше диалог туку повеќе земји се договараа" имаше 4 точки, првите 3 се тешки за наоѓање решение, ама 4 точка беше баш тоа што нас не интересира и таа точка од сите други некако личи дека има најизгледни шанси за решавање а тоа е баш тоа двојно одданочување. Ако завртите неколку страни наназад ќе видите дека и тогаш како и сега пак кажувам дека ако треба да покажат на ЕК дека нешто работат да покажат некој резултат тогаш баш од оваа точка има шанса да тргнат, другите точки се мислена именка за наоѓање решение барем сега за сега.
Пак ќе кажам NBG може да ги даде дивидендите(таа пола и сите други навака од тогаш) само ако биде присилена, тоа значи само ако нејзината акција падне под 2 USD(денес е нешто 4 USD) што сега за сега многу тешко да се случи или да се тргне двојното одданачување сега за сега најизгледна опција и тука треба да гледаме шанса за решение.
Што се однесува до моменталната цена вчера по објавувањето на извештајот треба да бидеме коректни и да кажеме дека цената скокна од 1570 на 1600 во најголем дел од вчерашното тргување и дека имаше еден налог од 40-50 акции кој помина на 1699 денари, што укажува дека инвеститорите многу добро изреагираа на извештајот, патем досега рекордна добивка од 38 денари по акција.
За првиот квартал секоја акција на Стопанска банка Скопје на сопственикот му носи добивка од 38 денари.
Да нема забуни за овие 38 денари тие се само за првиот квартал, знаејки ја банкава како работи овој квартал секогаш им е најслаб посебно 1-от и 2-от месец се убедливо слаби месеци и со оглед дека во 2 месец има почеток на војна се осмелувам да пишам дека банкава ќе прави профит од 200-240 денари по акција оваа година.
Колку што се информирав ако банката одлучи да даде дивиденда од минати години по закон прво треба да почне со исплата прво од таа заборавената неподелена дивидендаа па со ред заклучно со 2021 година. Не ретко се случувало банката да си го подигне целиот профите износ. Значи сега само нагаѓаме колку и кога ќе исплатат можна дивиденда.
Што се однесува на цената на акцијата, ако правиме споредба меѓу STB и KMB(оваа споредба најчесто се прави, иако се знае кој е мајката која е ќерката и илузорна е да се прават споредби, едната во старата држава работеше со стопанство, другатаа со население ....) тогаш на оваа цена од 12700 колку што вчера поминаа доста налози за KMB тогаш реалната цена на STB е некаде околу 2000-2100 денари без да ја гледаме оваа година. Ова го темелам на цените на акцијата кога KMB беше 7100 за да покасно за многу кратко време стигне и до 13000. Ако KMB без причина(или ете нека е причината и делење на дивиденда) овој скок е превисок затоа што ете нека се две дивиденди од 600 денари = 1200 денари за овие две године ж, ама скок за скоро 90% и P/B 1.93 што е мнгу многу е, не знам дали и до кога ќе го издржи тој напор, затоа што нешто е или потценето(книговодствената нешто упорно кријат и не го покажуваат таму) или е акциската цена е преценета(без оглед дали дава дивиденда или не). Ова се финансиски показатели кои кажуваат дали компанијата работи добро или не.
Јас навивам и да растат акциските цени и да има секогаш поделба на дивиденда, ама едно е желба а друго е стварност.
Инаку се сложувам дека не само што има капацитет STB да расте до 1800, јас ја гледам и до 2000 реално без да подели дивиденда.
Ако има дивиденда и колкава ќе биде тогаш е друга песна.