Secret Movie Jokester

Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Мене ми се падна
На кратко, главниот лик (намерно избран како најпросечен човек по сите параметри) влага во направа што треба да го замрзне за 1 година, меѓутоа поради грешка го забораваат и се буди 500 години подоцна. Во таа иднина луѓето регресирале со паметот поради тоа што глупите луѓе се размножуваат далеку повеќе од интелектуалците.

Пред доста години го имав симнато, ама ме болеше заб дур го глеав, почна да ме иритира и го прекинав после 20 минути. Сега глеајки го пак сваќам дека не било до забот. Идеата не им е лоша, али хуморот ...
Меѓу првите сцени овие во иднината гледаат на телевизија прдење и се газат од смеење (сакаа да прикажат колку се отупени со хумoрот поради ниското ај кју), а главниот лик се чуди. Епа така и ја се чудев кога го глеав филмот - кој ли се смее на оваа комедија.
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.093
Cool Runnings 1993

Бреееј филмов да не ме потсетеше Корвус, можеби и немаше да го гледам, скроз заборавив дека до утре е рокот. Океј набрзина го симнав и не погледнав ни за што се работи. Шокиран сум затоа што филмов го имам гледано 3-4 пати сигурно и тоа ептен дете сум бил, само памтев црнци на мраз.

Се работи за 4ца црнци кои пробуваат да се пробијат на олимписките игри, секој со различна цел. Меѓутоа им се дешава некоја глупост па не успеваат да заминат на летните игри, и добиваат идеја да настапуваат на зимските во бобслед. Одлично feel good филмче со една јасна порака - никогаш не се откажувај од своите соништа. Е сеа комедија и ваква порака некако не ми одат, ама еве дури денес дознав уствари дека ова е вистинска приказна и дека Јамајка имале тим :D Хаос.

Хуморот е типичен за филм од тоа време + оној црнечки раста стил (не е расистички ова).
I can’t believe you’re still cold, mon.
- Cold? I’m freezing my royal Rastafarian nay-nays off!

Sanka mon, whatcha smoking?
- I’m not smoking, I’m breathing!

Од актерската екипа никој не ми е познат освен Џон Кенди што го знам од улогата во Home Alone како Гас Полински. Ама сите до еден се феноменални. Музиката беше баш погодена за филмот, дури не ми се веруваше дека е дело на Ханс. Боите исто беа прекрасни. Навистина не можам да најдам мана на филмов.

10/10

Големо благодарам до предложувачот пред се затоа што ми го погоди скроз филмот, ми врати спомени од детство и затоа што новиве комедии многу ги мразам. У принцип не ни гледам комедии затоа што ретко има нешто добро од последниве години.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Cool Runnings 1993

Бреееј филмов да не ме потсетеше Корвус, можеби и немаше да го гледам, скроз заборавив дека до утре е рокот. Океј набрзина го симнав и не погледнав ни за што се работи. Шокиран сум затоа што филмов го имам гледано 3-4 пати сигурно и тоа ептен дете сум бил, само памтев црнци на мраз.

Се работи за 4ца црнци кои пробуваат да се пробијат на олимписките игри, секој со различна цел. Меѓутоа им се дешава некоја глупост па не успеваат да заминат на летните игри, и добиваат идеја да настапуваат на зимските во бобслед. Одлично feel good филмче со една јасна порака - никогаш не се откажувај од своите соништа. Е сеа комедија и ваква порака некако не ми одат, ама еве дури денес дознав уствари дека ова е вистинска приказна и дека Јамајка имале тим :D Хаос.

Хуморот е типичен за филм од тоа време + оној црнечки раста стил (не е расистички ова).
I can’t believe you’re still cold, mon.
- Cold? I’m freezing my royal Rastafarian nay-nays off!

Sanka mon, whatcha smoking?
- I’m not smoking, I’m breathing!

Од актерската екипа никој не ми е познат освен Џон Кенди што го знам од улогата во Home Alone како Гас Полински. Ама сите до еден се феноменални. Музиката беше баш погодена за филмот, дури не ми се веруваше дека е дело на Ханс. Боите исто беа прекрасни. Навистина не можам да најдам мана на филмов.

10/10

Големо благодарам до предложувачот пред се затоа што ми го погоди скроз филмот, ми врати спомени од детство и затоа што новиве комедии многу ги мразам. У принцип не ни гледам комедии затоа што ретко има нешто добро од последниве години.
:love:

Не знам зошто ама само што се предложи темата да биде хумор, одма ми текна на филмов. + Беше што видов дека и го немаш логнато на Летер, па си реков го нема гледано.

 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.093
:love:

Не знам зошто ама само што се предложи темата да биде хумор, одма ми текна на филмов. + Беше што видов дека и го немаш логнато на Летер, па си реков го нема гледано.

Овој Санка беше и најсмешен :D Интересен факт е дека јајцето во 2015 сеуште било живо, од гума било :D
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.151
Поени од реакции
2.729
Мене ми се падна Young Frankenstein.
Искрено два три пати се насмеав. Трае саат и 45 минути и го гледав на два пати и го догледав за атер на предложувачот. Како филмска уметност е добар, меѓутоа далеку од комедија за мене.
Извини џокеру, ама не ми го погоди филмот. Ќе пробам другиот предлог да го најдам и да го гледам. Да бидам искрен Франкештајнот беше втор предлог, можеби првиот предлог ќе беше погодок. Дали ќе биде така останува да видиме.
(Јас сум Васко Ефтов, довидување Македонијо каде и да си)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.081
Fakjam posleden voz.

Ne bev azuren so ovaa tema mnogu, prv film sto sretnav go predloziv u posleden den, mojot go gledam posledniot den... Ne deka moram, ama da ne me banira tolpata baniraci. :icon_mrgr:

Onaka se zakacuvam, ne mislam loso. Denes. :icon_mrgr:

Moze li, kako @Anon , da ja opravdam mojata neaktivnost i samo da kazam: sorry, zaljuben sum? :icon_mrgr:

I keed Anon. :icon_mrgr:

Јас го добив:

Trading Places (1983)

Ова го има прегазено времето. Шегите може биле смешни во осумдесетите и деведесетите, зашто тоа некако барем во мојата верзија за историјата е време на slapstick комедиите, денес ова речиси и да не ме насмеа. Хуморот беше дефинитивно Војче Китановски хумор. Но како социо-економска сатира / драма, беше и повеќе од гледлив, ми го задржа вниманието од почеток до крај. Плус глумата беше супер, што генерално го прави ОК филм, но пак ќе речам - не добра комедија. Некаде помеѓу 6 и 7 би го оценил, на LB му дадов 7, но на стаклени нозе. Предложувачот не знам кој е, не можам да претпоставам зашто милион души го гледале, ама кој и да е, фала, сепак, зашто и покрај тоа што не ме насмеа, не ми беше ни досаден.
Mi se padna istiot film. Dva pati predlozen i za malku i tret u ovaa tema, si vikam sto film imam dobieno, nekoj klasik sto se protnal niz dupkite i go nemam gledano nitu slusnato?

Izleze deka mi e gledan, skoro idese na tv. Pretpostavuvam deka zatoa na poveketo uste vi e vo misli?

Moram da se soglasam so Zlate, mnogu segi se outdated. Ne bese nesto smesen ama brzo minuva vremeto, sto bi rekol e barem zabaven. Na poveke momenti cringe-av mesto da se smeam. Premisata klasika freaky friday nekako, i samiot naslov kazuva dovolno. Kako socio ekonomska drama/satira (fala zlate na zborovite) proagja nekako. Isto temata nature v. nurture ja raboti sto e uvek fun da se diskutira po doma taka da imase troski relevantnost. Toa vo kombimacija so christmas vibe sto go imase, me vrati nostalgicno koga bev mal i spored vakvi filmovi ja zamisljav Amerika... bi rekol sepak fala na predlogot, mozebi sablonsko filmce, ama si gurase bez pritisok.

Uste spijam. Not my best review. :icon_mrgr:

@Red John posle filmov gledav The Righteous Gemstones. Simni i smetaj deka sme rascisteni. :icon_mrgr:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.563
... јас го фаќам последниот авион, не дека филмов што ми се падна ме воодушеви, не дека е некоја комедија, ама ете да бидам дружељубива во ова подтема, а искрено одвааааај го догледав филмот што се смета за некоја јака комедија!

...од секогаш се чудев на луѓето што паѓаат од смеење на кратките амерички вицеви, како „зошто слонот носи бели чорапи, затоа што црвените му се на перење“, на сличен начин уште полошо не го обожавам британскиот хумор, посебно на групата комедијанти на Monty Python (Graham Chapman, John Cleese, Terry Gilliam, Eric Idle, Terry Jones, Michael Palin).

Life of Brian
...ако се додаде дека темата која треба да биде урнебесна комедија и да ме боли стомак од смеење, всушност е подбивање со христијанскиот празник Христово раѓање или Христово Воскреснување, што одвај го догледав за да видам до каде оди безобразлукот и подсмевање со една религија, како да секнаа сите теми за комедија, па ова би требало да ме насмее!
...да се зборува цели 10 мин за носот дали бил голем или не, мислам колку да е смешно, споредбата поради настанот што е светост за христијанската религија е ептен жално, па колку сакаат да се атеисти самите автори!

HarmfulIncompatibleAfricanpiedkingfisher-size_restricted.gif

... и како по обичај мора сето тоа да биде зачинето со психолошко нарушување на човекот што би требало да биде тоа што не е по раѓање како го создаде Господ, па ќе измислуваме родови по желба, а сето тоа би требало да биде смешно, кај мене се појави ефект на разочарување и гнев поради овој геноцид на човечкиот род на хомосексуалност, трнасексуалност, по ова демек многу смешна комедија, пресушиле сите теми и штосови на комедија, па ајде да удриме и по нешто Свето, да биде поинтересно!

life-of-brian.gif

... мене ми се виде и посебно исмејување на Мајка Богородица, што многу лошо играње на машки актер улога како жена која споредбено би требало да биде асоцијација на Светоста нејзина Мајка Богородица,што не сакам ниту да икоментирам понатаму, не заслужува ни преодна оценка, хумор ДА, но не на ваков начин, може ли хорор филм да го направиме комедија или некоја драма да ја направиме комедија? мислам ај сега да ги испомешаме чувствата и емоциите па ќе се смеме на тоа што не е смешно воопшто!

eric-idle-monty-python.gif

...за овој филм, ама баш ич не ја гледам светлата страна!

990d43458abc4b69a4e96f16f21f69f7.gif 5e23d0e89555fd9589fe3bbe409d4e89_w200.gif

оценка за филмов, доста ниска, изборот за мене чиста утка, гррррррр! :boksix:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.563
Life of Brian не било комедија. Фрлете ја во истите зандани ко @Filip Telford.
... па ајде да снимиме филм за Сребреница во терк на комедија, ќе ти биде ли смешно? мене не! не може да биде било што комедија, колку да се запази зборот, но тоа е мое мислење, твое мислење си е твое и според твое мислење зошто би ме фрлиле во зандани :toe:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.106
Поени од реакции
25.428
Bruno (2009)

Предложувачот ептен ме погодил со Бруно, затоа што од сите останати инкарнации на Саша Барон Коен (Али Џи, Борат и Аладин) само овој го немав гледано, а ни сам не знам зошто. Излишно е да се каже дека хуморот, тролањето и сарказмот на Коен се на вонсериско ниво. Тој оди до тој степен што не знаеш кој дел е наместен, а кој дел е автентичен па така поучен од Борат и поттикнат од љубопитството после гледањето на филмот истражував малку за тоа. Насанкувањето на Рон Пол е подвиг, ама шетањето како геј низ ултраортодоксните квартови на Ерусалим и интервјуирање на припадник на исламистичката Ал Акша бригада како автентичен Евреин кој се преправа дека е геј е нешто за кое треба јаки муда. Провокацијата не само што е составен туку е и примарен дел од творештвото на Коен. Но покрај онаа очигледна провокација на луѓе и групации со одредени идеи во самиот филм, помалку забележлива е онаа провокација што ни ја упатува на нас како гледачи во преиспитувањето на нашите замисли и вредности. Како и во другите негови филмови и во овој филм има доста референци кои може човек да ги испушти, колку повеќе си упатен во повеќе работи толку повеќе од референците ќе уловиш па и самиот филм ќе те биде посмешен и поинтересен. Сума сумарум креативноста, смислата за хумор, референците, техничката реализација но и одењето многу чекори повеќе во самата идеја до точка на да не се знае границата помеѓу што е филм а што е реалност, што е фикција, а што документарец, ги прави филмовите на Саша Барон Коен единствени и извонредни. Нема промашување со него.

Благодарност до предложувачот, севкупна оценка 7/10.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
It's a midnight run for Christ's sake!
Прекрасен филм од прекрасен предложувач овој месец, самиот ми се кажа по сопствено убедување :love:
Филмот е супер динамична роудтрип авантура која и не беше баш замислена да биде таква.
Де Ниро е баунти хантер кој има задача да најде сметководител кој проневерил пари од опасен мафијаш и да го пренесе од Њу Јорк до Лос Анџелес. По пат се соочуваат со секакви предизвици од кои најголемата е да се поднесат еден со друг.

Според моето скромно мислење, ликовите се оние што го носат филмот. Од дешавки не би можела да издвојам некоја посебно специфична, сите беа интересни горе доле на исто ниво, но различноста и уникатноста на ликовите е тоа што мене ми го направи филмот ептен интересен. Од намќорот Валш и прогресивецот Мардукас, па се до споредните ликови како Моузли и Марвин кои го збогатуваа филмот со секоја сцена. Марвин ми беше особено забавен за гледање пошо беше ептен глуп. Секако и мафијашкото лоби мора да се спомне.

Кој сака роудтрип филмчиња (јас ги обожавам) обавезно нека го гледа овој, сите видови на транспорт ги поминаа освен бродски, плус динамиката, не само во дејството, туку и меѓу актерите си беше топ, а и крајот ептен wholesome. Голема препорака и фала му на предложувачот уште еднаш за овој филгуд забавен филм <3

7/10
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Мене ми се падна
На кратко, главниот лик (намерно избран како најпросечен човек по сите параметри) влага во направа што треба да го замрзне за 1 година, меѓутоа поради грешка го забораваат и се буди 500 години подоцна. Во таа иднина луѓето регресирале со паметот поради тоа што глупите луѓе се размножуваат далеку повеќе од интелектуалците.

Пред доста години го имав симнато, ама ме болеше заб дур го глеав, почна да ме иритира и го прекинав после 20 минути. Сега глеајки го пак сваќам дека не било до забот. Идеата не им е лоша, али хуморот ...
Меѓу првите сцени овие во иднината гледаат на телевизија прдење и се газат од смеење (сакаа да прикажат колку се отупени со хумoрот поради ниското ај кју), а главниот лик се чуди. Епа така и ја се чудев кога го глеав филмот - кој ли се смее на оваа комедија.
Јас ти го предложив. Зошто? Епа твоите мислења ме потсетија на ова нешто. Како сакаш разбери го :masa:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
А бе зошто не кажувате кој на кого бил Џестер :(

убила ме љубопитност :icon_mrgr:
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
Bachelor Party (1984)

Том Ханкс во улога на младожена. Неговото друштво му органзира ергенска забава во хотел. Рик (Том) е млад маж со детски памет и уште подетско друштво. Неговите постапки се премногу несериозни за фамилијата на неговата идна жена да го прифати како зет. Затоа неговиот иден дедо ке се обиде да ја разубеди неговата ќерка да не го земе Рик за маж. Главно дејството е вечерта од самата забава која што прераснува во вистински хаос. Ова беше накратко што се дешава во филмот.
Моите лични имресии се многу лоши. Не ми се допадна филмот. Хуморот површински, глумата очајна (освен на Том, секако).


Не сакам да го навредам предложувачот ама ако ова ти е најсмешното што можеше да ми го пратиш, остави ја комедијата, гледај некој друг жанр. Од пријателите на летер само @Shawn Spencer го има гледано, се надевам дека не си ти предложувачот :D .

2,5/5
Кој ми беше мене?
Јас бев на биџонс. Смешно е за некој што глуми дека до сега изгледал 200 филма да не знае што значи сатира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom