Secret Movie Jokester

  • Креатор на темата Креатор на темата Corvus
  • Време на започнување Време на започнување
...тоа ти е на пример, кога организаторите закажуваат состанок, а јас каснам, ама пошто тие закаснуваат повеќе од јас што каснам, тоа значи сум прусутна пред нив и сум на време за состанокот, иако каснам јас де јуре, сепак сум на време на состанокот де факто!
:pipi:
 
...тоа ти е на пример, кога организаторите закажуваат состанок, а јас каснам, ама пошто тие закаснуваат повеќе од јас што каснам, тоа значи сум прусутна пред нив и сум на време за состанокот, иако каснам јас сепак сум на време на состанокот!
:pipi:
Времето на состанокот не е било кое време, туку времето кое сте го договориле, а во случајов и двете страни доцнат. Никој не дошол на време. Ни ти ни они.
Не може да дојдеш на време и да касниш, истовремено.
 
...може!
затоа има ,,де јуре,, ,,де факто,,!
тие што се главни и да закаснат секогаш се на време дојдени, затоа што тие го организираат состанокот, ама мое навремено присусутво од нивни почеток на состанокот, иако временски мене ми е поместено зошто каснам, ќе се регистрирам како навреме дојдена:)
 
Ferris Bueller's Day Off

Филмов го имам почнато да го гледам претходно, но не ми се допадна и го исклучив по 20-тина минути. Сега, го добив како предлог и стиснав заби да го догледам до крај.
Не ми се допадна. Очекувано.

Ферис, разлигавено богато детиште наоѓа начини да не оди во школо, преправајќи се дека е болен. Во меѓувреме се забавља со другар му, една женска возејќи Ферари низ Њу Јорк, додека директорот се обидува да го фати во измамата.

Филмот делува како да го прегазил времето и хуморот е далеку од добар за 2022 година. Напротив, беше бајат, неинвентивен и досаден.
Да биде уште полошо, цело време во позадина вртеше онаа песна Oh yeahhh што ме потсетува на порњача од Б продукција.
За оваа зборувам. :D

3
 
Bachelor Party (1984)

Том Ханкс во улога на младожена. Неговото друштво му органзира ергенска забава во хотел. Рик (Том) е млад маж со детски памет и уште подетско друштво. Неговите постапки се премногу несериозни за фамилијата на неговата идна жена да го прифати како зет. Затоа неговиот иден дедо ке се обиде да ја разубеди неговата ќерка да не го земе Рик за маж. Главно дејството е вечерта од самата забава која што прераснува во вистински хаос. Ова беше накратко што се дешава во филмот.
Моите лични имресии се многу лоши. Не ми се допадна филмот. Хуморот површински, глумата очајна (освен на Том, секако).

Не сакам да го навредам предложувачот ама ако ова ти е најсмешното што можеше да ми го пратиш, остави ја комедијата, гледај некој друг жанр. Од пријателите на летер само @Shawn Spencer го има гледано, се надевам дека не си ти предложувачот :D .

2,5/5
 
Не сум јас. Јас заебав некој друг со 'хумор' по кој што очекувам тука пцуење. :D

А 'Ергенска забава' со Том Хенкс сум го гледал пред 10-15 години, го вртеа на HBO тогаш. Скоро го фатив на Фокс започнат, па го погледав малку, и ми беше забавен и тогаш и сега.
 
Јас го добив:

Trading Places (1983)

Ова го има прегазено времето. Шегите може биле смешни во осумдесетите и деведесетите, зашто тоа некако барем во мојата верзија за историјата е време на slapstick комедиите, денес ова речиси и да не ме насмеа. Хуморот беше дефинитивно Војче Китановски хумор. Но како социо-економска сатира / драма, беше и повеќе од гледлив, ми го задржа вниманието од почеток до крај. Плус глумата беше супер, што генерално го прави ОК филм, но пак ќе речам - не добра комедија. Некаде помеѓу 6 и 7 би го оценил, на LB му дадов 7, но на стаклени нозе. Предложувачот не знам кој е, не можам да претпоставам зашто милион души го гледале, ама кој и да е, фала, сепак, зашто и покрај тоа што не ме насмеа, не ми беше ни досаден.
 
The Clue

Ја имам играта Cluedo, ептен ја сакав како мал, не сум знаел дека има филм. Ми направи добар throwback. Не знам не ми беше смешен филмот воопшто, иако целото дејствие беше комично, ама сепак многу интересен филм со 3 различни сценарија на крајот. Ако некој ја играл играта ќе знае.

Го гледав во интересен сетап, неделно дождливо сабајле, перфектно за ваков филм, иако отприлика знаев што ќе се дешава успеа да ми го задржи вниманието, особено на мистериозниот почеток. Среќа ми требаше повеќе време, до некаде половина од филмот за да сфатам дека се работи за играта.

Фала на мојот џокестер, ми врати убави спомени, иако не успеа да ме смее филмот, беше добра вожња. За оценка 6,5 ќе му дадам, не субјективна, ако давам субјективна можеби би му дал 8ца.
 
...може!
затоа има ,,де јуре,, ,,де факто,,!
тие што се главни и да закаснат секогаш се на време дојдени, затоа што тие го организираат состанокот, ама мое навремено присусутво од нивни почеток на состанокот, иако временски мене ми е поместено зошто каснам, ќе се регистрирам како навреме дојдена:)

Николас Енџел (Сајмон Пег), полицаец, го прераспределуваат во едно мало рурално место, каде во станицата владее класична македонска работна клима од времето на социјализмот. Иако го краси престижноста и амбициозноста, му доделуваат крајно апсурдни задачи.

После 20-тина минути филмот се трансформира во "градот на тајните", многу пред да се случи убиството.

Интересни ликови, а најубава нишка е цајканот од викторијанската доба, кој не знаеш дали е позитивен, дали е негативец.

Имаше две пресмешни сцени. Првата, кога го земаа стариот полицаец, кој мумла, да комуницира со сведок (кој го игра Дејвид Бредли) на убиство кој исто така мумла, а Дени (Ник Фрост) неговото го преведува. Врв!

Втората пресмешна сцена, еден се прави мумија во пабот, едвај стои на нозе, па Николас и Дени го носат во Исус поза до дома. Му ја отвараат влезната врата и ги прашува "колку за таксито?".

Не знам кој ми го предложи филмот, цел форум во има гледано, ама увидел дека ми се допаднал "Шон". Очекував нешто слично и го добив. Плус интересна комбинација се Сајмон Пег и Ник Фрост, видов дека имаат уште еден филм заедно "The world's еnd", па ќе си го изгледам и тој.

Ми се допадна.

4/5
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom