Реакциите за "среќата" се бидејќи истите муабети се водеа кога Реал го направи трипитот од 2015 до 2018.
Тогаш, како и сега, целиот успех на Реал се препишуваше врз среќа и само среќа.
Знам, дека ти не мислеше на тој период туку на годинава, и знам дека ти не мислеше дека Реал само со среќа стигна до тука, но сепак треба да се даде кредит и за карактерот, менталитетот и вербата која ја има тимов.
Кога ќе се земат предвид сите фактори, Реал имаше среќа само вчера, на дуелот против Сити.
Од друга страна имаш напишано дека Реал до сега не надиграл ниту еден од противниците, дека бил рамноправен противник со сите нив.
Да и што има лошо во тоа? Реал изигра против најскапиот можен тим во светот во 1/8 финале, со сеуште моменталниот Европски и Светски шампион и со шампионот на Англија.
Реал нема вонсериска генерација или екипа во моментов за да ги надигра овие противници, во некои други времиња и некоја друга екипа на Реал можеби би ги надиграла, али за поздрав е моментот дека Реал бил РАМНОПРАВЕН противник против овие екипи.
Реал вчера треба да биде најсреќен што си отиде само со 1 гол разлика од Англија.
Фановите на Реал можеме да се маваме од земја дека на Бернабеу ќе биде друга приказна бидејќи играме на домашен терен и понесени од пресвртите кои ги правевме досега, НО, доколку Реал не се подобри дефанзивно и не влезе во натпреварот уште од првата минута, ништо чудно и на Бернабеу да изеде 3-4 парчиња.
Не знам од кого се воделе тогаш, од мене сигурно не. Далеку од среќа биле титулите на Реал со Роналдо во тим. Реал тие сезони беше пресилен. Среќа како таква, како составен дел од играта, може да се каже дека можеби бил голот на Рамос во последни секунди. И тоа е нормално, дел од секој успех.
Овде зборував за поинаква среќа.
Инаку, нема ништо лошо во тоа што Реал не надиграл никого, ниту мене ми пречи искрено. Само констатирав. Потоа се надоврзаа тригернати ретоси и се обидуваа да го прикажат спротивното.
Во принцип мојата филозофија на заслужено/незаслужено е следна: штом резултатот на семафорот покажува еден гол повеќе за одреден тим, а притоа на резултатот не влијаеле надворешни фактори (најчесто судии и нивни одлуки), тимот заслужил да победи. Едноставно е.
Следствено на тоа, Реал заслужи да победи против Челзи и тоа беше кажано уште вечерта после дуелот на Бернабеу. Иако судењето не беше најсјајно, да речеме дека не беше детерминирачко во таа смисла.
Истото и за вчера со Сити. Играа како да треба да загубат со пет разлика, јебига. Загубија со еден, заслужија. Но, првиот пост на таа тема не беше во ниту еден момент дека Реал на среќа ја тера кампањата во ЛШ. Постот се однесуваше на тоа дека Реал во голема мера зависи од таа дополнителна среќа би ја нарекол (не онаа што е составен дел на играта). А не од не знам каков квалитет и колективна добра игра. Малку класа Бензема и Модриќ, малку искуство Карло, малку повеќе противници со мозочен удар и малку повеќе дополнителна среќа. Ништо спорно.
Никој малку објективен не би го негирал тоа.
А вас како фанови, не треба да ве интересира, се случува, ќути, добро е. Ние останатите дискутираме, се обидуваме да детектираме, разменуваме мислења во фудбалски подфорум.
Патем, Реал го има кредитот од мене и се согласувам за тој друг аспект, не го исклучувам воопшто. Затоа и навивам за нив во двомечот и ако може да освојат ЛШ сезонава, или Виљареал, би бил поприлично горко задоволен.