- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.260
Го гледаше некој Old Firm пред некој ден? @Hello Kitty ?
3-0 краен резултат, прва победа на зелено-белите во последни 8 меча со архиривалот. Фантастично прво полувреме на Селтик, доминација и три гола, настрана 5-6 одбани на МекГрегор, голманот на плавците. Второто беше чисто одработување на постигнатото, приведвуање на утакмицата до крај без особени драми. Јапанскиот бек се кладам дека летен преоден рок ќе биде баран од тимови од типот на Саутемптон или Вотфорд, 2 гола и асистенција за третиот, малку да пркне некој кај Селтик или Ренџерс се знае што следува.
Со тоа повторно се актуелизира прашањето зошто овие два клуба не отидат по примерот на Свонси или Кардиф што би значело стварање на британска ПЛ. Имајќи предвид дека и обата клуба имаат голема фан база по светот, тоа би било опасно за многу англиски лигаши, барем 10-место подолу кои ќе имаат два нови и јаки тимови како конкуренти.
Кој ти е јапонскиот бек? Хатате? Средњак е тој, ако мислиш на него.
На Постекоглу се гледаше со многу скепса по доаѓањето, но човекот се гледа дека разбира, има своја шема, план, рамка.
За вториов дел, нема потреба да играат во ПЛ. Ќе се загуби култниот статус, Олд Фирм си има своја традиција и нека остане така.