Шкотски фудбал

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Вчерашното 141-во финале на шкотскиот куп на Хемпден Парк помеѓу Ст.Џонстон и Хиберниан (1-0) ме потсети дека шкотскиот фудбал ми е guilty pleasure, најмногу поради Селтик кој е првиот тим што сум го гледал како мал цели 90 минути, и тоа во победа над Партизан 5-4.

Иако квалитетот на шкотската лига опаѓа низ годиниве, последни изблици низ еуро-купови беа финале на Ренџерс во ЛЕ 2008 и кога Селтик ја тепа Барса во 2013, заедно со неочекуваниот пласман на годинешново европско на репрезентацијата.
Што се однесува до традиција, Шкотска е only second to England, првата утакмица меѓу репки е одиграна 1870 (33 години пред Илинден) и завршила 1-1.
Бизарен факт е дека на досегашните 10 настапи на големи такмичења, Шкотска никогаш нема поминато групна фаза, најчесто поради гол разлика или меѓусебни.
Друг бизарен факт е тоа што Данди Јунајтед има 100% успех против Барса, 6 меча 6 победи мислам дека е едини клуб со таков рекорд против каталонците.
Трето, Сер Алекс Фергусон својот занает го испекол во Абердин, три пати освојувајќи титула првак и прекинувајќи ја на кратко бинарната доминација. Не само тоа, Ферги има и европска титула во КПК победувајќи го Реал Мадрид во финале.
Четврто, Шкотска е уверливо најмала земја која има победник во ЛШ.
Ренџерс со вкупно 121 трофеј е веројатно светски рекордер.

Шампиони - 124 сезони, 11 клубови победници

55 Ренџерс, 51 Селтик, 4 Абердин, 4 Хартс, 4 Хиберниан, 2 Дамбартон, 1 Мадервел, 1 Килмарнок, 1 Данди, 1 Данди Јунајтед, 1 Тирд Ланарк

ФА куп победници - 141 сезони, 25 клубови победници

40 Селтик, 34 Ренџерс, 10 Квинс Парк, 8 Хартс, 7 Абердин, 3 Хиберниан, 3 Килмарнок, 3 Вејл оф Левен, 3 Сент Мирен, 3 Клајд, 2 Данди Јунајтед, 2 Мадервел, 2 Тирд Ланарк, 2 Фолкерк, 2 Данфермлин Атлетик, 2 Рентон, 2 Сент Џонстон, 1 Дамбартон, 1 Данди, 1 Ердрионианс, 1 Ист Фајф, 1 Мортон, 1 Партик Тистл, 1 Каледониан Тистл, 1 Сент Бернард

Лига куп победници - 81 сезони, 16 клубови победници

31 Ренџерс, 19 - Селтик, 7 Абердин, 4 Хартс, 4 Хиберниан, 3 Данди, 3 Ист Фајф, 2 Данди Јунајтед, 1 Килмарнок, 1 Мадервел, 1 Партик Тистл, 1 Сент Мирен, 1 Рејт Роверс, 1 Ливингстон, 1 Рос Каунти, 1 Сент Џонстон

Европски успеси :

ЛШ победници - 1 Селтик
ЛШ второ место/финале - 1 Селтик,
ЛШ 1/2 финале - 2 Селтик, 2 Ренџерс, 1 Хиберниан, 1 Данди, 1 Данди Јунајтед

ЛЕ и еквиваленти победници - 1 Ренџерс, 1 Абердин
ЛЕ и еквиваленти второ место/финале - 3 Ренџерс, 1 Селтик, 1 Данди Јунајтед
ЛЕ и еквиваленти 1/2 финале - 2 Селтик, 1 Данфермлин Атлетик, 1 Абердин, 1 Хартс, 1 Хиберниан, 1 Килмарнок,
1 Ренџерс, 1 Данди

Што мислите за оваа скромна лига која сепак го има едно од најголемите (ако не и најголемото) дерби на светот а тоа е Old Firm derby помеѓу ирско-католичките зелено бели и лојалистичко-протестантските плавци.
Постои и Олд Фирм за сиромашни а тоа е единбуршкото дерби Хартс-Хиберниан :)
И покрај несомнениот пад на квалитет условен од многу фактори меѓу кои и малиот пазар т.е. број на жители, има нешто симпатично, специфичен имиџ и шмек не само во Олд Фирм туку општо во шкотскиот фудбал.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.878
Европски успеси :

ЛШ победници - 1 Селтик
ЛШ второ место/финале - 1 Селтик,
ЛШ 1/2 финале - 2 Селтик, 2 Ренџерс, 1 Хиберниан, 1 Данди, 1 Данди Јунајтед

ЛЕ и еквиваленти победници - 1 Ренџерс, 1 Абердин
ЛЕ и еквиваленти второ место/финале - 3 Ренџерс, 1 Селтик, 1 Данди Јунајтед
ЛЕ и еквиваленти 1/2 финале - 2 Селтик, 1 Данфермлин Атлетик, 1 Абердин, 1 Хартс, 1 Хиберниан, 1 Килмарнок,
1 Ренџерс, 1 Данди
Цел живот, од најрани години, навивам за Шкотска и поима немам зашто. Ќе пишам у темава ваљда редовно кога ќе имам време.

Омилен клуб ми е Данди Јунајтед, а пошто едно време го немаше у Премиер, морав за Ренџерс (братскиот клуб) да се пребацам.
Почнав да навивам за Данди Ј., осумдести, коа се испопаѓа цело време со наши тимови. Коа изгуби од факинг Видеотон у финале, а пред тоа ги елиминираше појаките екипи, како Келн (чинам беше) и можда дури и Барса. Не ми текнуе, а немам намера да проверувам сега.

Девојка ми ја испратив у Енглеска коа беше, у продавница да ми купи дрес од Данди и и рекле - Аха, дечко ти од Македонија, штом ти рекол да му купиш од Данди или Ренџерс дрес е протестант, гарант. Многу голем бил од Данди Ј. дресот, па ми купила еден од Ренџерс, ама стар. Оноа, стар ептен. Дресот со кој освоиле Куп Купова. Имам еден куп дресови, тренерки и сл. од Шкотска и Ренџерс. Чак мислам дека имам слика постувано на форумов.

Е сега тука со статистиката ми е малку сумњиво ова што си пишал.
Ренџерс има Куп Купова, не куп Уефа. Порано Куп Шампиона беше најбитното, после идеше Куп Купова, па Куп Уефа. Сега скоро ги споија Куп Купова и Куп Уефа у едно.

Абердин има Куп Уефа.

У ствари, легалистички океј си го срочил тоа, ја само појаснив.
Автоматски споено мислење:

Сеа у задњи години, дочекав ете и Ренџерс (после банкротот и ексурзијата у подолни лиги) и Данди Ј. да ги видам пак у Премиер.
Инаку, на Ренџерс банкротот не требаше да му се деси. еден Србин рече ќе го купи и у задњи момент се пишмани.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Со банкротот на Ренџерс падна многу лигата, но еве последнава година има напредок и се надевам дека ќе се вратат од пред 10год кога шкотски екипи имаше секогаш во завршна фаза вo Уефа лигата и кога ги мачеа големите во ЛШ.

Луди се шкотите по фудбал, имаат иста култура како англичаните каде и да си за викенд на стадион да си. Со тоа што шкотите се многу подобри навивачи и луѓе.
Селтик - Барселона е најдобрата атмосфера што ја имам видено преку телевизија. Тоа беше 90мин ежење.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Како помал повеќе ги сакав Ренџерс а зошто - појма немам. Веројатно името ми звучеше некако кул. После малку се информирав за историјата на клубовите и на Олд Фирм дербито па видов дека Селтик ми се некако поблиски идеолошки па се пребацив за нив. Не дека нешто сум посебен навивач, дербито не сум го гледал со години, ама меѓу најсимпатичните клубови ми се.

Би сакал и јас шкотските тимови да постигнуваат подобри резултати во Европа. Да бидат конкурентни барем за завршница во Лига Европа. Ги имаат едни од најдобрите навивачи и како нација го заслужуваат тоа. Ми текнува кога им гостуваше репрезентацијата во Скопје каква атмосфера направија, без да направат некој инцидент, дури мислам се здружија со нашите па се испи пиво на велико.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Цел живот, од најрани години, навивам за Шкотска и поима немам зашто. Ќе пишам у темава ваљда редовно кога ќе имам време.

Омилен клуб ми е Данди Јунајтед, а пошто едно време го немаше у Премиер, морав за Ренџерс (братскиот клуб) да се пребацам.
Почнав да навивам за Данди Ј., осумдести, коа се испопаѓа цело време со наши тимови. Коа изгуби од факинг Видеотон у финале, а пред тоа ги елиминираше појаките екипи, како Келн (чинам беше) и можда дури и Барса. Не ми текнуе, а немам намера да проверувам сега.

Девојка ми ја испратив у Енглеска коа беше, у продавница да ми купи дрес од Данди и и рекле - Аха, дечко ти од Македонија, штом ти рекол да му купиш од Данди или Ренџерс дрес е протестант, гарант. Многу голем бил од Данди Ј. дресот, па ми купила еден од Ренџерс, ама стар. Оноа, стар ептен. Дресот со кој освоиле Куп Купова. Имам еден куп дресови, тренерки и сл. од Шкотска и Ренџерс. Чак мислам дека имам слика постувано на форумов.

Е сега тука со статистиката ми е малку сумњиво ова што си пишал.
Ренџерс има Куп Купова, не куп Уефа. Порано Куп Шампиона беше најбитното, после идеше Куп Купова, па Куп Уефа. Сега скоро ги споија Куп Купова и Куп Уефа у едно.

Абердин има Куп Уефа.

У ствари, легалистички океј си го срочил тоа, ја само појаснив.
Автоматски споено мислење:

Сеа у задњи години, дочекав ете и Ренџерс (после банкротот и ексурзијата у подолни лиги) и Данди Ј. да ги видам пак у Премиер.
Инаку, на Ренџерс банкротот не требаше да му се деси. еден Србин рече ќе го купи и у задњи момент се пишмани.
Абердин и Ренџерс имаат КПК, после спојуањето на КПК и УЕФА и појавување на ЛЕ сите тие купови кои не беа КШ ги сметам за еквивалент на ЛЕ, што и се (куп победниците играат ЛЕ)

Данди Јунајтед го имал елиминирано Вардар а имале и финале на Уефа Куп каде изгубиле од швеѓани. Замисли денес шведско-шкотско финале :D
Не сум знаел дека Д.Ј. се со Џерс и Хартс, тоа би значело дека Данди ФК би бил со Селтик и Хибс.
Ренџерс трошеа well above their means барем 20 години па банкротот дојде како последица на долгогодишно живеење над можностите.
Интересно е што овој Ренџерс е нов ентитет и ова му е формално прва титула шампион, но легалноста настрана се знае дека сите се согласни дека е 55-51.
Еден руски милијардер го имаше купено Хартс ама освен ФА куп и второ место не направи нешто повеќе.

Јас сум за Хиберниан, јер




Спад им беше голман :angel:

Некој спомена сличност меѓу шкотски и англиски навијачи, сличноста ја има, но шкотите никогаш не биле хулигани.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.878
Данди Јунајтед го имал елиминирано Вардар а имале и финале на Уефа Куп каде изгубиле од швеѓани. Замисли денес шведско-шкотско финале :D
Да. Од Гетеборг. Не од Видеотон. Од Видеотон Железничар изгуби у полуфинале, ваљда.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Да. Од Гетеборг. Не од Видеотон. Од Видеотон Железничар изгуби у полуфинале, ваљда.
Да тоа било со Ивица Осим подоцнежниот селектор на Југославија, не знам дали беше и на Босна едно време. Интересно колку е променет профилот на екипи кои стигнувале до завршница на еуро-купови, во последни 10 години дури и ЛЕ нема освоено екипа надвор од Шпанија и Англија а и претстојново финале е баш меѓу екипи од тие земји. Од 55 членки на УЕФА само две ги земаат титулите.
Автоматски споено мислење:


Тогаш сум имал 10 годинки, утакмицата поради која сум засакал фудбал, Селтик е крив за тоа.:angel:Паркхед е непрепознатлив, со реновирањето бидна практично нов стадион.

Инаку интересно сите свропски рекорди за гледаност на стадион се шкотски.
Хемпден Парк бил најголем стадион на светот до појавата на Маракана во Рио.
Селтик-Абердин 150.000 гледачи е клубски европски рекорд, Шкотска-Англија 147.000 гледачи е репрезентативен рекорд а 137.000 гледачи во ЛШ меѓу Селтик и Лидс Јунајтед е до денес најпосетена утакмица во историја на еуро купови.

Денес исто и Хемпден е драстично реновиран и има тројно помал капацитет од некогаш. На ЕП Шкотска ќе игра вс. Чешка и Хрватска на тој стадион а третата текма им е на Вембли со Англија, најстарото ривалство во фудбалот :)

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom