Шкотски фудбал

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Пред некој ден се комплетираше плеј-офот за влез во ШПЛ при што Данди ФК се врати во елитата победувајќи го 11-от од прва лига, Килмарнок, два пати по 2-1. Повторно ќе имаме три градски дерби, Селтик-Ренџерс, Хибс-Хартс и Данди Јунајтед-Данди ФК.
Очекувано, Хамилтон Академикал ја напушти прва лига а на нивно место експресно се врати Хартс.
После долго време, Шкотска има два претставници во квалификации за ЛШ, знаете кои се :D

Сеуште се шпекулира со наследникот на Нил Ленон на клупата на Селтик, фаворит е Еди Хау поранешниот менаџер на Борнмут кој успеа да го спаси клубот од банкрот и да го одведе од Л2 до ПЛ притоа играјќи прилично добар фудбал за око, секогаш на гол повеќе. Се надевам дека ова ќе се оствари, дека Одсон Едуар нема да оди за Арсенал (се зборува за интерес од топџиите за околу 25 милиони фунти), да се донесе достојна замена за Тирни, да се врати Фрејзер Форстер повторно и да се намали сега веќе очигледниот заостаток во квалитет и уиграност во споредба со составот на Стиви Џи.

Во Хартс го приметив албиното Нејсмит кој пред неколку сезони беше сосема добар шпиц во Евертон :eek:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Ништо од Еди Хау во Селтик, наместо него управата на Селтик ископала некаков си аустралиски грк со нејасно име Анге, Анџи, Анџе.......Постекоглу :facepalm: Анге бе, Анге. Екс-менаџер на репка на Австралија со скромно клупско искуство од Корејска лига или каде беше.
Одсон Едуард се поблиску до Лестер.
Ќе купувале некој лев бек од Хиберниан, Тирни за сиромашни.

Се шпекулира дека Џерард го барале од Евертон?! WTF?

@Beric Dondarrion кое е твоето предвидување за трите меча на Шкотска во групна фаза? :) дали е можно изненадување против душманите на Вембли? Засега немаат проблеми со повреди, штета што Рајан Фрејзер е многу опаднат во форма. Оптимист?
Јас мислам дека ќе ја пројдат групна фаза за прв пат во историја (8 СП и 3-то ЕП до сега).
Мечот со Чешка на Хемпден задутре ќе биде must win, нешто му доаѓа ко нокаут меч иако не е тоа, барем по значењето на самата утакмица. Да влезат со 3 бода во џеб на Вембли ќе биде супер-буст отколку да мораат да бркаат резултат со Англија по секоја цена.

Мислам дека можат да ги добијат Чешка и Хрватска, за со Англија срцето ми вели некоја 1-2 победа :D разумот ми вика дека е можен распад и 3-0 пораз :(
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.145

Doo do dododooo doooooo dooo dooooo dooo
WHEN I SEE YOU CELTIC, I GO OUT OF MY HEAD!
I just cant get enough, I just cant get enough!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861

Пред некој ден се одигра првиот Олд Фирм во новата сезона при што Ренџерс го победи Селтик со 1-0. Релативно добра текма, обележана со нестварното промашување на Едуар од Селтик.
Интересно е новото засилување на голот на Селтик, се изненадив кога го забележав Џо Харт, поранешниот долгогодишен голман на Манчестер Сити и на англиската репка. Weird :unsure:

Наредниот Олд Фирм ќе биде тек на 2.јан.2022...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Пред едно две децении Ренџерс важеше за најбогат клуб во Британија (после MU).
 
Член од
17 ноември 2021
Мислења
109
Поени од реакции
201
Пред едно две децении Ренџерс важеше за најбогат клуб во Британија (после MU).
Беа и во банкрот, ако не се лажам... Во банкрот мислам дека беа Ренџерс, неколку години по ред газеше Селтик во шкотска лига. Не пратев многу, ама така беше мислам дека. Во задњиве години застанаа на нозе колку толку. Џерард ги опраи ептен од кога дојде.

Не е толку атрактивна шкотската лигата колку премиер лигата, ни приближно али како и да е крцаат секогаш стадионите у Скотланд и е јака атмосферата. Имаат традиција со други зборови. Јачината и квалитетот на дербито Ренџерс - Селтик за мене може да се мери у секое време со Партизан - Ѕвезда или на пример Галатасарај - Фенербахче па дури и со Лацио - Рома.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Беа и во банкрот, ако не се лажам... Во банкрот мислам дека беа Ренџерс, неколку години по ред газеше Селтик во шкотска лига. Не пратев многу, ама така беше мислам дека. Во задњиве години застанаа на нозе колку толку. Џерард ги опраи ептен од кога дојде.

Не е толку атрактивна шкотската лигата колку премиер лигата, ни приближно али како и да е крцаат секогаш стадионите у Скотланд и е јака атмосферата. Имаат традиција со други зборови. Јачината и квалитетот на дербито Ренџерс - Селтик за мене може да се мери у секое време со Партизан - Ѕвезда или на пример Галатасарај - Фенербахче па дури и со Лацио - Рома.
Oва што го зборам е едно десет години пред банкротот.
А кога беше банкротот, знам требаше еден Србин да ги купи, да ги спаси, али не му се свиѓаа рачуниците и откажа у задњи момент.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Нема да има Лига куп old-firm финале откако Хиберниан шокантно славеше со 3-1 на преполниот Хемпден вс. Ренџерс и ќе игра со Селтик во финалето.


Џовани Ван Бронкхорст нов менаџер на Ренџерс.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Го гледаше некој Old Firm пред некој ден? @Hello Kitty ?
3-0 краен резултат, прва победа на зелено-белите во последни 8 меча со архиривалот. Фантастично прво полувреме на Селтик, доминација и три гола, настрана 5-6 одбани на МекГрегор, голманот на плавците. Второто беше чисто одработување на постигнатото, приведвуање на утакмицата до крај без особени драми. Јапанскиот бек се кладам дека летен преоден рок ќе биде баран од тимови од типот на Саутемптон или Вотфорд, 2 гола и асистенција за третиот, малку да пркне некој кај Селтик или Ренџерс се знае што следува.

Со тоа повторно се актуелизира прашањето зошто овие два клуба не отидат по примерот на Свонси или Кардиф што би значело стварање на британска ПЛ. Имајќи предвид дека и обата клуба имаат голема фан база по светот, тоа би било опасно за многу англиски лигаши, барем 10-место подолу кои ќе имаат два нови и јаки тимови како конкуренти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom