Да, не размислува многу, ја качи со цела сила, како таа контрата некни. Има уште работа кај него, ама ако продолжи како последната сезона во Хановер ќе го потсредат Германците. Двете години, кога потпиша за Работник и првата сезона во Магдебург беше жива катастрофа.
Во Хановер се пронајде, а верувам дека и самиот се среди и се посвети повеќе на кариерата.
Нека седи таму Германија, ни под разно да не се прелажи да се врати во некој клуб тука.
Со Вардар на 1 Мај нов термин во Недела.
Терминот дополнително ќе се дознај, ама околу 18-19h ќе биди....
Се ќе напрат као демек за помалку луѓе да има, ама ова е Битола, можи со скарите и пивото пред сала да сме !!

Резил ќе е ако оди Алкалоид да игра само Супер Лига. Затоа после ќе си ја чукаме главата и на репрезентативно ниво. И ти што велиш и Томи се враќа од Исланд за во Пролет да игра, наместо да седи таму да напредни колку - толку, скандинавски ракомет, брза игра, тој после 7 месеци се враќа да игра во Пролет. Тенгало.
Од сите овие, само Фитиљот ми гледа да се има опаметено и може да напредува и направи кариера ако продолжи како оваа сезона.
Никаков пример немаат земено од Кире, да ја имаа барем пола професионалноста негова, кај ќе ни беше крајот.
Свесни сте дека нашата лига е бундеслига за исландската така? Мислам дека поголеми шанси за напредок би имал во Пролет отколку таму. Работа и минутажа. Тоа е потребно. Се виде најдобро изминатиот месец колку е поважната минутажата/улогата отколку лигата во која игра клубот. Сега сите играат. Заради тоа беа во горе долу добра форма. И тоа резултираше со пласман на СП, иако имаме помал број на интернационалци од порано (ама тие што се играат и тоа во важни улоги во своите екипи, наместо да дремат на клупа).
Кузмановски, според мене освен сезоната кога преседе на клупа во Магдебург, постојано напредува. Кога повеќе, кога помалку, но оди чекор по чекор напред. Нормално, не е реално да се очекува дека ќе стане суперѕвезда, но мислам дека почнува да е потценет, реално успеа веќе да се избори да биде еден од главните играчи на бундеслигашка екипа, и носител на репрезентација која се пласира на СП (моментално, покрај Митревски ни е веројатно најдобар играч). Дали ќе напредува уште или ќе остане тоа што е? Не знам, ќе видиме, но и сега веќе има достигнато сосема солидно ниво и мислам дека треба да престанеме да го коментираме како "неискористен талент".
Свесни сте дека нашата лига е бундеслига за исландската така? Мислам дека поголеми шанси за напредок би имал во Пролет отколку таму. Работа и минутажа. Тоа е потребно. Се виде најдобро изминатиот месец колку е поважната минутажата/улогата отколку лигата во која игра
Ни под разно затоа што овде ќе ја нема таа работна етика од Исланд ниту ќе се однесува како таму само ќе се вклопит во овој менталитет од овде,да квалитативно лигата на Исланд е мизерна ама побрзо таа лига ќе те исфрли на површина како играч отколку нашава и тоа клуб како Пролет неверувам,немаш простор за напредок во таков клуб премногу непрофесионализам има во нашите клубови.
Свесни сте дека нашата лига е бундеслига за исландската така? Мислам дека поголеми шанси за напредок би имал во Пролет отколку таму. Работа и минутажа. Тоа е потребно. Се виде најдобро изминатиот месец колку е поважната минутажата/улогата отколку лигата во која игра клубот. Сега сите играат. Заради тоа беа во горе долу добра форма. И тоа резултираше со пласман на СП, иако имаме помал број на интернационалци од порано (ама тие што се играат и тоа во важни улоги во своите екипи, наместо да дремат на клупа).
Кузмановски, според мене освен сезоната кога преседе на клупа во Магдебург, постојано напредува. Кога повеќе, кога помалку, но оди чекор по чекор напред. Нормално, не е реално да се очекува дека ќе стане суперѕвезда, но мислам дека почнува да е потценет, реално успеа веќе да се избори да биде еден од главните играчи на бундеслигашка екипа, и носител на репрезентација која се пласира на СП (моментално, покрај Митревски ни е веројатно најдобар играч). Дали ќе напредува уште или ќе остане тоа што е? Не знам, ќе видиме, но и сега веќе има достигнато сосема солидно ниво и мислам дека треба да престанеме да го коментираме како "неискористен талент".
Тука имаш добра поента, тоа го забележал и Лазаров кај Јагуриновски, дека во Исланд станал "посериозен и постабилен", додека играл во Македонија проблем што не добивал повик од Лазаров бил неговиот карактер до тој момент.
Голманот на Еурофарм Пелистер 2, Благојче Трајкоски, со 20 интервенции беше најзаслужен за победата на неговиот тим против Охрид, 26:22, во натпревар од 5. коло во плеј-оф фазата од најквалитетното натпреварување во Македонија. Домаќините со голот на Петар Атанасијевиќ, кој погоди од контра...
Лазаров не сака да го форсира ради тоа шо не можи максимално да одговори во одбрана. Но сериозно ќе мора да размисли на ова Миркуловски повеќе нема да биде дел од репрезентацијата има место плус на таа бековска позиција кој ќе ја завземе и кој ќе извисува во иднина (Мишевски и Младеновиќ) ќе видиме за брзо. Лева бековска позиција и среден бек во иднина би требало терет да падне врз Талевски, Кузмановски, Mитев, Атанасијевиќ Ѓоргоски и Мишевски/Младеновиќ барем по оваа форма која сега ја имаат.
Пикер исто имаме позиција за нов играч Пешевски само офанзивно орентиран, Марковски дефанзивно со мали блесоци во офанзива и последните 2 год со хронични повреди, тука би се вклопил Стојковиќ кој има најдобри карактеристики од младите. Ако имаме трет пикер (а мора да имаме) отпаѓа шести бек во ротација. Значи Ѓоргоски или Мишевски/Младеновиќ еден од овие ќе биде резерва.
Ѓоргоски мора уште една сезона во 2ка да се надгради. Експлозија наредна сезона очекувам од Петар кој ќе биде прекомандуван на бековска позиција, и шанса треба да бара Симеон да докажи дека има материјал во него иако во ова сезона нема никаква константност ради повредите. Исто мислење ми е и за Белистојановски, има цврстина во одбрана удвојува на 5ка (само шо е низок) експлозивен, брз и убав репертоар на шутеви но мн варира со формата.
Автоматски споено мислење:
Еден интересен играч, можеби би требало да се разгледа опцијата за во иднина (слободен играч е за наредна сезона).

Митревски, Белистојаноски, Блажески, Мирчевски имаат голема перспектива, повеќе минутажа треба да му дава Јовиќ, посебно Митревски.... Симон Мирчевски во Прилеп е на позајмица мислам.
+ Делуваше разочаран од неговиот настап на кадетскиот шампионат.
Инаку во последниве 5-6 натпревари има напредок кај Ѓорговски, ретко кој играч има таков силен удар и скок шут во лигава, но ќе видиме како ќе се развива во иднина.
Osven za 1vi Maj najverojatno i so gostinski navivaci ke bidi derbito so znaci opst haos ako ne so niv megusebe na tolku pienje ke ima zabava samo da tepame i da se klaj kraj na muabetite niz grad za prvenstvoto deka e 1963 a kupot za nas!
Марко Нелоски... На тие години мн ме потсеќа на него. Играч можеби шо фалел во репрезентацијата со висина, скок шут и добар во одбрана. Можеби и товарот кон Талевски ќе беше помал и поинаку ќе се развиваше ако беше здрав Нелоски. Штета голема шо имаше таква повреда и прерано завеше кариера. Од таа генерација ми беше најомилен. Кога се врати во МКД си реков има надеж детето можи ќе се врати но ништо.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.