Secret Movie Jokester

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Јас прифаќам. За инает на другите членови а.к.а фашисти.

P. S. Нема полошо нешто од мјузикл
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.816
Поени од реакции
11.877
Абе не мислев мјузикли, туку филмови за бендови, артисти како Almost Famous, Control, Spinal Tap, 24 hour party people и тн.

Иначе ни јас не сакам мјузикли, боже сачувај кринџ филмови :D

не се нервирај @Corvus, битно ла ла не ти го хејтам повеќе :D
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Не, не, преголем е ризикот пак да се падни Song to song.
 
  • Хаха
Reactions: wot
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Hot Shots Part Deux (1993)

Бидејќи е ова втор дел, решив да го изгледам и првиот, па ќе пишувам и за него. Имав слушнато за филмовиве, сепак вртени се често на интернет што со memes што со quotes, планирав да ги изгледам некогаш, ама сега добив одлична шанса, и не зажалив ни 1%. Обожавам пародии кои се квалитетно сработени и кои најчесто исмеваат популарни ама лоши филмови. Сум се пресмеал на двата филмови кога ги гледав. Константно низ цел филм има некоја шега што е или поочигледна или посуптилна. Сепак режисерот е познат по такви филмови, а негов е и Airplane!.

Првиот дел е пародија на Top Gun, и одлично сработен, за тоа колку навистина безвезен е тој филм. Вториот е пародија на Рамбо 2 и 3, од кои само вториот го имам гледано до пола и го прекинав затоа што беше глупост голема, ама Hot Shots Part Deux затоа е одличен во споредба. Прејаки во двата дела ми беа особено референците за Кум и Казабланка, кои одлично се вклопени во целото дејство.
Актерскиот ансамбал си е супер, колку за пародија филм, сепак не е продукција на Шекспир. Освежувачки е понекогаш да се изгледа и ваков филм, покрај толку драми и трилери.

Благодарност на предложувачот, навистина уживав во комедијата гледајќи ги двата филмови, полн погодок.

Од мене добиваат по 7,5/10 и двата дела.

Се гледаме на наредениот предизвик.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Епа дојде време да го изгледам филмот што ми беше предложен.
Благодарност до мојот Џестер за предложениот филм.
Добив стара класика која не сум ја гледал.

It's a Wonderful Life е стара класика и feel good movie,еден прекрасен филм за едно поинакво време кога се живеел едноставен живот.Главниот лик одлично го интерпретира ликот на човекот кој ги жртвува своите соништа за да ги оствари соништата на останатите но и покрај многуте ups and downs во животот сфаќа дека сепак живее прекрасен живот.Филмот предизвикува ролеркостер на емоции и потикнува да бидеме благодарни и задоволни на живото.
Уживав во филмот.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Дечки, прво среќен празник на сите!

А второ вака: мојот предлог за мај е филмски адаптации на книжевни дела. Најмногу зашто саемот на книга традиционално ни се одржува тој месец, а исто така и затоашто во литературното катче на форумов моментално се одвива овој челенџ, па очекувам доста инспиративен да биде за активните членови тука.

Ако се одлучите за музичка тема ќе мора малку да ја видоизмениме од замислата на Тајлерче, и да вклучиме секакви филмови што обработуваат музика за да го прошириме изборот.

Ако сакате ќе ставиме анкета со Злате или пишете во темава што како мислите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.240
Поени од реакции
84.263

Има примеси на комедија, ама толку минијатурни, што никому (освен на тој што ми го предложи), ни на крај памет не би му дошло да го предлага филмов, тогаш кога треба да каже некоја комедија.
Филмов е драма, или драмедија, ако сакаме ептен да бидеме попустливи.
Тонот на филмот е драмски.

Приказна за развојот на едно семејство, која неправедно трае скоро два саати, со све телоп на крајот. Се жени главниот лик, се вработува на ново работно место. Покушаваат да напарават дете со жена му и после некое време успеваат, па им се раѓаат три едно по друго. Затоа типов повеќе работи и добива унапредување, па се селат и во поголема куќа.

Ете, тоа е буквално дејствието на целиот филм. Стварно. Ви го раскажав и не мора да го гледате.

Ах, да, имаат и едно куче кое е немирно и руши све наоколу по дома, а надвор скока по луѓе и сере на плажа.

Филмот ќе идат да го видат сите кучкари и уво ќе ги боли за развојот на семејството, исто како што Девил верс Прада (исто од авторот), добар дел ќе идат да го гледаат затоа што е сместен во сетинг на светот на високата мода и има модни референци, а не затоа што е тоа приказна за лоша шефица, што ги малтретира тие под неа.

Има неколку чеховови неиспукани пушки, ама тоа е ваљда, за да трае толку.

Дијалозите се паметни, а главните глумци глумат добро.

Колку што Битлџус им врска со хорор, толку има овој врска со комедија.

(линкот од рецензиите е за да видите колку кучкари у ствари, се фанови на филмов)
 
Јас бев твојот Џестер,првично сакав да ти предложам некоја постара комедија како Trading places или Stripes но знаев дека и другите ќе играат така па затоа се решив за некое feel good филмче и го одбрав овој филм бидејќи сметам дека 90% од денешниве комедии имаат не интелигентен хумор.
Извини што не ти се допадна.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.240
Поени од реакции
84.263
Извини што не ти се допадна.
Небитно дали ми се допаднал. Проблемот е во тоа што не е баш комедија.
FeelGood филмчиња често знаат да бидат мноооогу поблиску до драма, отколку до комедија. Ова, IMO, e таков пример.

Филмот не е cheeesy. Дијалозите се паметни, како што реков, само примарната функција не му е да насмее некого, туку да го стави на платно дневникот на некој колумнист. А тоа е обичен, секојдневен живот, во кој баш и нема којзнае што.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Дечки, прво среќен празник на сите!

А второ вака: мојот предлог за мај е филмски адаптации на книжевни дела. Најмногу зашто саемот на книга традиционално ни се одржува тој месец, а исто така и затоашто во литературното катче на форумов моментално се одвива овој челенџ, па очекувам доста инспиративен да биде за активните членови тука.

Ако се одлучите за музичка тема ќе мора малку да ја видоизмениме од замислата на Тајлерче, и да вклучиме секакви филмови што обработуваат музика за да го прошириме изборот.

Ако сакате ќе ставиме анкета со Злате или пишете во темава што како мислите.
Јас мислам дека ви е одлична идејата за да се предложуваат адаптации на книжевни дела за месец Мај. Музичките се во ред идеја, но подобро е да останат за некој нареден месец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom