Secret Movie Jokester

  • Креатор на темата Креатор на темата Corvus
  • Време на започнување Време на започнување
Ах иронијо... "Измислив" тема заради која изгубив 90 минути живот...

@123456 брат, што по ѓаволите :D, едино нешто со носталгија да е поврзано да си го гледал ко мал(ваљда ти си само ти го имаш на летер глеано)

Секоја чест на филмов, жанр комедија, а ниедно смеење ниедно смешкање да изнуди.. ништо. Хумор ретардиран (без навреда за предложувачот), уствари сѐ можно ми беше ретардирано.
Приказната ко приказна има некоја основа од која би можела да произлезе солидна комедија, внук и наследник на богаташ запаѓа у долгови и добива неколку недели време за да ги врати парите, решава да ги ангажира најлошите негуватели за побрзо да го умрат неговиот болен вујко.

Помачно беше за гледање од најгадните хорори, стварно.

1/10

Disorderlies
 
Ха, со Fat Boys. Го гледав на времето. Имаа они, чинам и други филмови.
Од кога го гледав, пред едно миљон години, па се до сега, немав никаде слушнато, ниту прочитано за филмов. Тотално заборавен.

Сега првпат, после толку време, ми текна дека постои.

Инаку, на овие secret-игри не гледам како место каде што задолжително го исфрлаш најдобриот филм од темата. Јас предлагам предлози кои поради нешто се специфични, посебни. Не мора тоа да биде општ квалитет.
 
на овие secret-игри не гледам како место каде што задолжително го исфрлаш најдобриот филм од темата. Јас предлагам предлози кои поради нешто се специфични, посебни. Не мора тоа да биде општ квалитет.
Најдобриот од темата не, ако најдобрите си ги предлагавме сите репризи ќе гледавме. Поентата за мене е да биде предлог филмот подарок. Малку да го анализираш тој на кого треба да му дадеш филм и да му избереш нешто што не гледал и што би му се допаднало, спротивно на ова:
Јас заебав некој друг со 'хумор' по кој што очекувам тука пцуење.
 
Последно уредено:
Најдобриот од темата не, ако најдобрите си ги предлагавме сите репризи ќе гледавме. Поентата за мене е да биде предлог филмот подарок. Малку да го анализираш тој на кого треба да му дадеш филм и да му избереш нешто што не гледал и што би му се допаднало.
Може и таква перспектива некој да има.
Немам таков пристап. Предложувам филм од темата, кој ми е по нешто посебен и ич не ме интересира што сака да гледа тој на кој му предложувам. Исто така и јас ќе гледам све што ќе ми кажат, без да плачам на форум.

Не викам дека мојот пристап е бољи, само кажувам како одлучувам кој филм ќе го предложам.

Ти го гледаш изборот низ призма на духот на играва, во која некому поклонуваш нешто, па редно е да избереш подарок кој ќе му се допадне. Веројатно тоа е подобар пристап.
 
Најдобриот од темата не, ако најдобрите си ги предлагавме сите репризи ќе гледавме. Поентата за мене е да биде предлог филмот подарок. Малку да го анализираш тој на кого треба да му дадеш филм и да му избереш нешто што не гледал и што би му се допаднало, спротивно на ова:
Кој како заслужил. :LOL:
 
Дечки, мојот предложувач ми го предложил The Match (1999), ама како што ми напомена во пораката тешко е да се најде добар торент. За секој случај ми даде и втор предлог, ама сакам да го испочитувам и да ги гледам двата доколку можам. Дали некој може да најде добра снимка од филмот?
 

Јас го добив овај. Ми се допадна, ми се погоди со Sunday mood. Bill Murray е бог, иако имаше споредна улога во филмот. 100% сум сигурен дека Groundhog Day е инспириран од случките на Бил во филмов.

Добра, енергија, неколку смешни моменти, во целина преодна оценка и дефинитивно би гледал уште филмови од мојов Jokester.

8/10 би му дал, иако на почеток од филмот бев спремен за чиста 10ка.

Фала ти.

You're welcome. :)

Ѕирнав на ЛБ што комедии имаш гледано, па очекував да ти се допадне. Драго ми е што не згрешив.
 
Дечки, мојот предложувач ми го предложил The Match (1999), ама како што ми напомена во пораката тешко е да се најде добар торент. За секој случај ми даде и втор предлог, ама сакам да го испочитувам и да ги гледам двата доколку можам. Дали некој може да најде добра снимка од филмот?

го има на рутракер ама мислам дека 99% е со руско аудио, нека ти дадат друг предлог
 
Ах иронијо... "Измислив" тема заради која изгубив 90 минути живот...

@123456 брат, што по ѓаволите :D, едино нешто со носталгија да е поврзано да си го гледал ко мал(ваљда ти си само ти го имаш на летер глеано)

Секоја чест на филмов, жанр комедија, а ниедно смеење ниедно смешкање да изнуди.. ништо. Хумор ретардиран (без навреда за предложувачот), уствари сѐ можно ми беше ретардирано.
Приказната ко приказна има некоја основа од која би можела да произлезе солидна комедија, внук и наследник на богаташ запаѓа у долгови и добива неколку недели време за да ги врати парите, решава да ги ангажира најлошите негуватели за побрзо да го умрат неговиот болен вујко.

Помачно беше за гледање од најгадните хорори, стварно.

1/10

Disorderlies
Глеј го овој брат, прочисти се. hhhh
 
Смислата на животот (1983)

Монти Пајтон се жанр сами по себе. Први почнаа со таков вид на скечеви и сите останати што се обидоа со таков хумор се етикетираа како нивна копија или споредуваа со нив како репер. Единствени што успеаја да ги достигнат па и надминат се „нашите“ надреалисти со нивната топ листа. Можеби е ова субјективно, затоа што голем од скечевите обработуваа актуелни и локални теми што ни беа многу поблиску од британските.

За разлика од скечевите, филмов ја обработува најуниверзалната тема - смислата на животот по која сите трагаат. Ова не е целовечерен филм како што се потрагата по гралот или житието по Брајан, туку збир на самостојни скечеви што го опфаќаат животот од почетокот до крајот преку најважните периоди. Барем според пајтоновците.

Техничкото и продукциското ниво на скечевите е на високо ниво, но содржински како да се гледа дека некако насила го истуркале сето тоа, далеку е од оригиналноста на серијата, фатиле друг правец.

Ок е филмот, го задржува пајтоновското, но не ги достига претходните филмови и скечеви.
 
Death at a funeral

Го имав гледано (и заборавено) римејкот со Крис Рок, уште кога излезе и ми се допаѓаше тогаш. Затоа очекував дека и овој ќе ми се допадне. Првиот пола саат од филмов нема многу хумор и малку почнав да се разочарувам и да се чудам зашто тој ми се допаѓал. Сепак како што се развива дејството има се повеќе добри заебанции и филмот станува навистина забавен. Не знам зашто, ама сите комедии поврзани со погреби се врв.

Прв пат да ми погоди некој филм во secret темиве :D 8/10 добро филмче и тие што го немате, ви препорачувам да го гледате.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom