Во православието, начинот на постење веќе е одреден, уште во текот од првиот милениум, кога е одредено/дефинирано и самото учење (катихизис) од Црквата па затоа тоа учење не трпи промени и модернизации од наведените причини.Точно до некаде, Канонските закони на црквата се менувале со годините, последната промена се случила во 1960тите кога папата им дал одобрение на засебните цркви да одлучуваат за постот, но и Православната црква прави доста одстапки, правилното Православно постење не вклучувало јадење воопшто, туку само пиење вода и чекање на мракот за да се јаде(слично како Исламскиот ифтар). Ова го прават сега само за строгиот пост, правите верници како за Велики петок, Крстовден итн. Исто така потењето во Среда е реткост. Додека Канонските закони во Западните цркви се многу остри и не смеат да се прекршуваат, кај нас постењето е прашање на избор. Така да постењето во петок и среда е задолжително за секој Католик од 14 години (пред 1966 беше од 7 години), а постењето за Големиот Пост е задолжително за секој од возраст 18 до 60 години, што е исправно пошто постарите имаат поголеми здравствени проблеми. Во православието ретко кој од децата пости.
Децата до 7г. не постат, до 10г. учат постепено да постат и почнуваат да се исповедаат. Во среда и преток се пости уште во најраните времиња од Црквата. Постот е начин на битисување а не само можност за слободен избор. Одлуката за постење секако дека е слободно волна, а постењето постепено се увежбува, од полесно кон построго. Постот може да се олабави, зависно од здравствената состјба и возраста.
За мирјаните одредени се 3 дневни оброци, за монасите 2. Не е јаде од полноќ до 5.00ч. наутро. Кој е јак на верата и кој има можност, може да го практикува и тримирот на почетокот од Великиот пост.
Да не наведувам искуства од Светители кои јаделе леб и вода еднаш неделно...