Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.436
- Поени од реакции
- 35.120
Ич да не ти е гајле што ми е мене преокупација, и повторно: Дај бе прекини со офтопици и коментирање на дискутантите. Буквално резидентен пример за ад хоминем си на форумов.Упорно ја вртиш воденицата на America bad муабет, нешто што очигледно ти е единствена преокупација во животот. Сето ова што го напиша им е јасно на сите овде, ама, ете, за да избегнеш одговор ти пак си го кажа во итерација број 78.
Ниту јас ниту никој друг освен самите Арапи не е соодветен да одлучува за арапските општествени и морални/етички вредности. Јас можам за македонските традиционални општествени вредности да дискутирам и ќе кажам дека во основа се добри. Се почитувало семејството па дури и подалечното, се одржувале врските, постоел добар социјален живот, се помагало едни на други... Сега сето тоа се менува. На полошо. За возврат на што? Што реално добивме од западните вредности?...дали арапските социјални норми се ок? Дали има простор да се променат во насока на добросостојба на населението таму? Ако променат било што, тоа автоматски ќе значи доаѓање на „социјален марксизам“ или можат жените слободно да носат фармерки без тоа да има геополитичко-задкулисни импликации?
Оддалечување од семејните врски, намален наталитет, поголема корупција и девијации од секаков вид... Итн, до утре можам да ги набројувам негативностите.
Повторно strawman и замена на тези, но да удостојам со ронка мудрост: Не го критикувам либерализмот сам по себе како идеја и поим, го критикувам социјалниот марксизам кој се наметнува под маската на т.н. „либерализам“. Моите лични разбирања за либерализмот како идеја и поим се небитни, пошто либерализмот и не е тема на дискусијава. Темата е суштинските промени на воспоставените општествени вредности, промени која систематски се тераат и наметнуваат од западот во сите сфери на општествениот живот. Тие промени се навидум либерални, но во основа се социјален марксизам и наметнување на секакви права за малцинствата пред правата на мнозинството (етнички, сексуално ориентирани, социјални, политички, итн, секакви малцинства). Тие промени се заради користење на раздели и владеј методата за раздор во општествата и контрола на државите.И најбитно, што ти воопшто подразбираш под либерални вредности? Предбрачен секс и жени шофери?
Да ти возвратам малку на коментарите лично за мене, ќе те искоментирам тебе односно твојот допринес на форумов: најголем дел од постовите ти се тролање или замарање други дискутанти. Прави што сакаш, јас овие мислења генерално ги пишувам не за тебе туку за тие што можеби не читаат или ќе не читаат... Се сомневам дека е можно јас и ти да се разбереме макар на ниво на луѓе со различни гледишта, пошто не ми текнува кога сум те видел конструктивно да разговараш во нормална дискусија на вакви теми.