Поради тоа што сме прозвани и по некои портали и од поединци изминатите два дена, ете гледам сега и на страната на Комити, во отсуство на официјален став на Чкембари, сакам да напишам лично едно мое гледиште за "културниот" клуб шо се отвори во Битола.
Чкембари се основани и постојат единствено и само единствено поради Пелистер. Од една страна тврдиме дека зелената боја ја обединува Битола без разлика на вера и националност. И тоа е така. Во групата покрај Македонци имаме и Роми, Турци, Срби, имаме/имавме и дури и Албанци. Лично мене иако се сметам за патриот, мене ми прај невиден ќеф ко ќе видам дека заедно со мене ради Пелистер и Ферди кини нерви, и Албин плачи од среќа итн...
Од друга страна сега со новокомпонираните бугари ни се јавува проблем. Подобро упатените во Чкембари знаат дека меѓу нив иако се многу малку има наши членови. Дел можеби се со идеологија испрани дел познавајќи ги дека во животот една страна немат прочитано се сомневам дека со литература се обратени. Иако групата на ниеден начин не е засегната се јавува сега прашањето зошти не сме реагирале?
Претходните години, со името, со полициска бруталност итн секаде сме земале учество официјално,со јавен повик до нашите членови и сме биле некаде и организатори. Сме изгубиле многу, настрана од пријави сме изгубиле и дечки кои се вистински ултраси/навивачи но не сакаат освен Пелистер нкаква друга активност на групата.
Од една страна велиме дека Битолчанец без разлика на вера и нација по дефиниција треба да е за Пелистер и дека ние сме оној обединувачки фактор во градот, а сега од друга страна излегува да треба да се бориме против нешто кое навивачки апсолутно никако не не засега. Сепак се е тоа ствар на лична одлука.
Со страшни нешта оваа сезона се соочуваме како група, уште во јуни месец со смртта на Трската изгубивме еден од најголемите авторитети на трибина, па потоа и политиките и меѓусебните тепачки а сега ова беше капак.