Грците со самиот факт што го зборуваат грчкиот јазик, имаат неоспорлива врска со античките Елини, ова е факт подкрепен со широк консензус, јазикот е валиден параметар во констатирање на историски континуитет. Инаку ако одиме кој на кого им ги таквовал прабабите тогаш и Кинезите немаат врска со античката Кинеска цивилизација.Абе реално и поврзувањето на модерниве Грци со старите Елини би било подложно на потсмев, ама на Европа (ЕУ поточно) и требаат некои антички темели па ја форсира таа приказна.
Автоматски споено мислење:
Не знам зошто некои бегалци Грци од Крим би го нарекле местото Македонија? Ајде да се од Македонија разбирам, ама од Крим?
Се сомневам исто така дека некој од тие Кримски Грчки бегалци бил од Византија, земајќи го во предвид фактот дека Крим не бил Византиски од 988 година, но ете и село крстиле Византија. Тоа го направиле во почит на нивното Грчко историско наследство очевидно, исто како што некој македонски Асралјанец роден во Асралија, си ја крстил кафаната Валандово пример.
А тоа дека Грците СЕКОГАШ го забранувале терминот Македонија е мит, пример Грчката вооружена борба во Егејска Македонија ја викале "Македонска борба" (контра борба со дејците на ВМРО), а нивните дејци ги викале "Македономахои" - Македонски борци.
Исто така првото организирано појавување на пропагандата дека славо-македонците се уствари по-славени антички Македонци/Елини е поставена од Костурскиот митрополит Германос Каравангелис, еден од најзаслужните Грци за тоа што Егејска Македонија денеска е Грчка. Модерен Македонец со декларирање на некои антички корени, ефективно се моча на гробот на Васил Чекаларов, Пандо Клјашев и стотици други дејци на ВМРО кои животот си го дале во спротиставување на Грчката пропаганда.