Живо ме занима начинот на кој се „пројавува„ и „одјавува„ нечија национална самосвест, а притоа човекот да е роден и да живее во земја/држава која во даден момент, претпоставениов човек веќе не ја смета за земја на чиј државотворен народ му припаѓа(л) до „пројавата„ на самосвеста.Ако потпишеш декларација дека нема да и пријдеш на поранешната сопруга повеќе од 100 метри, но тоа го правиш (во иднина), дали ќе те судат?
Си декларирал бугарска национална самосвест, врз основа на која си добил државјанство. Доколку дојде до промена во оваа околност, мора да поднесеш изјава дека повеќе немаш и државата да реши дали да ти биде одземено државјанството. Инаку не си лојален граѓанин.
Или, да не се лажеме, пошто во „севернава„ веќе е јавна тајна дека Македонците по род, изјавуваат будалаштини за нивото ѓоамити бугарско потекло, само за да добијат бугарски пасош (и државјанство) и да киднат од “севернава„ во потрага по работа низ Светов.