Не го видов јас тоа толку параноично
Не е параноично, зборувавте за женската психологија, ти кажувам како ја перцепирам и живеам машката. Сѐ што треба е добра воиграност. Тоа се доста чести прикази по кафичите, каде едниот другар ѝ досадува на некоја девојка, ја навредува, се однесува доста агресивно и другиот влетува, го брка и ја части пијачка. Следствено на тоа е испраќањето до дома. Гледаш патент? Класично машко однесување за да се ќари женска! Секако дека немаме докази тоа да го поткрепиме, тоа е плод на нашата имагинација, ама на некој начин е и дел од нашето секојдневие.
Кога приказната стигна до Дејан, одма светна црвениот аларм во мојот конзервативен мозок. Да, има општествени реакции за нивната врска, па дури и од самиот директор, пријателите и го вртат грбот, соседите ги спуштаат главите, другите наставнички слепо ја гледаат. Тоа е, до некаде, непрофесионално, но јамката во наративот се ослободува затоа што таа го губи работното место, а тој ја положува матурата!
Дејан е сеуште зелен, дете, ама уште од првиот разговор со неа, таа сфаќа дека е бунтовен (беше нешто за чоколадите) и своеглав. Кога го затвораат дома, таа мечтае по него. Кога го прима дома, го пушта да прави што сака со неа. Кога тој носи одлука во брзање дека го напуштаат Скопје, не поставува многу прашања туку тргнува по него! Знае и дека има пиштол, знае дека има потера по нив (мислам дела татко му е полицаец, или нешто слично), па дури и во таа потера страда од халуцинации и е во делириум.
Имам уште низа прашања и полемики, нема да ги начнам сите, туку само уште едно. Лудиот старец ја убива родилката, затоа што родила уште едно женско дете, и наредува бебето да се закопа живо, а Невена цело време мечтае да стане мајка. Очекував дека ќе го земе детето! Очекував некој мајчински инстинкт да се пробуди во неа, некоја воинствена сила, некој бунт...а таа само побегна.
Што говори сето ова за карактерот на Невена?
