Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    748
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
досега ги запознавме сите тенковски варијанти, одиме на ново и нешто поконкретно - стратешки бомбардери

богами допрва ќе биде преј фор украин

штета изгина и ќе изгине уште многу народ за карикатура ко зеленски
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Ова се претвора во вистинска катастрофа за Русија. Каква историска мискалкулација може да испадне ова.
Никаква мобилизација и прогласување војна не ги спасува од септичкава јама во која се бутнаа. Уште тоа им треба сега, илјадници резервисти што гинат по заседи низ Украина. Ако неконтролирано напаѓаат цивилни цели, целава ситуација ќе стане уште погрда за нив. Тоа е дивјачко ниво на агресија.

Од тоа што го гледам низ нивните медиуми и тоа што пријатели кои живеат во Русија ми го кажуваат, веројатно треба да сме среќни што Путин бил лидер сите овие години, во таа апсурдна политичка култура. Релативно разумно се однесува со децении, имајќи во предвид што треба да менаџира огромни дози на реваншизам, кој е концентриран во рускиот народ, пост-СССР.
Се поверојатно е дека Финска и Шведска ќе станат дел од Нато. Меѓу Русија и ЕУ државите има неверојатен левел на антагонизам, што не сме го виделе на европско тло од Студената војна. САД и УК, практично, ја трансформираат украинската армија во нато армија, со огромните количини на оружје што им го испорачуваат и интелот кој им го даваат. Резултатите на терен, засега, воопшто не ги оправдуваат воените ресурси кои го вложија во инвазијава и штетата во жртви и воена техника која ја претрпеа, а очигледно немаат никаква exit strategy. Прашањето е што понатаму?

Закани со нуклеарно оружје не помагаат воопшто. Не се единствена држава со нуклеарно оружје. Ни се првата држава со нуклеарки која заглавила во ваков quagmire. Уствари секоја војна на голема сила во нуклеарната доба, е горе-доле во ваков прокси-формат. Поентата е да не заглавиш во таква, а не да очекуваш дека светот ќе се сообрази со твојата волја, само затоа што претиш со употреба на нуклеарки. Тоа е детско ниво на наивност. Никој не е должен да им ги реализира стратешките интереси на Русите, освен они самите. Многу нормално дека САД и Европјаните ќе гледаат да ги дозаглават во војнава, а не да прават салта за Русија да ја добие почитта што самата смета дека ја заслужува. Тоа е многу опасна, ирационална, игра, со која треба да бидат многу внимателни. Никој во Русија не треба да спие на тоа уво, дека имаат некоја карта што Западот ја нема, некоја ултимативна жртва што западните држави немаат храброст да ја понесат. Западот нема да се повлече, зошто вакво однесување и за нив ја претвора војнава, од гео-политичка игра, во егзистенцијална криза.
Освен ако украинската војска не се распадне во следните недели, им останува да голтнат кнедла и да прогласат некоја симболична победа преку која ќе пробаат да деескалираат. Украина е загубена, откако пропадна првичниот план за брза промена на власт. Дали ќе ја претворат Украина во паркинг, или ќе се повлечат со некаков спин од нејзе, е сеедно за интересите на Русија. Зошто и двете опции, значат немање контрола на таа територија.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.510
Поени од реакции
10.227

Или во превод треба да се превоспитаат Русите. Ако во втора беа проблем Словените, сега се Русите.
Русите се subhumans или untermenschen , звучи познато од идеологијата на наци Германија. Сега е само спакувано со розова панделка.
najgadno pleme nacisticko :mad:
uste imaat usta da zboruvaat be cccc
malku mu beshe 45ta, uste sakaat
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.446
Поени од реакции
5.954

Или во превод треба да се превоспитаат Русите. Ако во втора беа проблем Словените, сега се Русите.
Русите се subhumans или untermenschen , звучи познато од идеологијата на наци Германија. Сега е само спакувано со розова панделка.
Колку е важно наративот само да се турка и еве после толку години(филмови документарци триста чуда) Американците се гледаат како светиња во светот, а оние кои најмногу вложија и најмногу жртвуваа, сега дојдоа на ред да бидат нарекувани унтерменшен и варвари.

Која, според вас, нација/држава највеќе има придонесено во победата врз Германија во 1945 ?
sondage-nation-contribue-defaite-nazis.jpg

Сакам од се срце Русија да биде притисната до таа мера во ќош да биде ставена, па да ја видиме тогаш нејзината моќ, моќ што ќе го постави постоењто на светот на знак прашање.

Затоа што подобро да не постои овој свет отколку да биде целосно потчинет пред една мекушка педерска западна цивилизација
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.268
Поени од реакции
13.788
najgadno pleme nacisticko :mad:
uste imaat usta da zboruvaat be cccc
malku mu beshe 45ta, uste sakaat
Не штом Шулц вика дека Германците престануваат да имаат чуства на жал и срам поради втора светска војна пред Русите. Што треба да очекуваме понатаму. После се смееме со хехенца кога им наоѓаат крвни врски со нивните дедовци кои биле во сс и наци Германија. Барем маските паѓаат. До вчера исламот им беше на мета, сега се Русите. После ќе се Кинезите.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.384
Уште веруваш во фејкот?

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.268
Поени од реакции
13.788
Колку е важно наративот само да се турка и еве после толку години(филмови документарци триста чуда) Американците се гледаат како светиња во светот, а оние кои најмногу вложија и најмногу жртвуваа, сега дојдоа на ред да бидат нарекувани унтерменшен и варвари.

Која, според вас, нација/држава највеќе има придонесено во победата врз Германија во 1945 ?
Прегледај го приврзокот 328891

Сакам од се срце Русија да биде притисната до таа мера во ќош да биде ставена, па да ја видиме тогаш нејзината моќ, моќ што ќе го постави постоењто на светот на знак прашање.

Затоа што подобро да не постои овој свет отколку да биде целосно потчинет пред една мекушка педерска западна цивилизација
Јас се надевам дека нема да дојде до тоа. А и не верувам дека САД ќе ја стави во ќош Русија односно знаат дека е во прашање нуклерна војна, војна во која ќе загубат сите, ќе се обидуваат да ја колабираат Русија економски и тивко преку Украина. Затоа Русија мора во најмала рака да ја стави под своја контрола источна Украина.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.268
Поени од реакции
13.788
Ете го Игорче се јави со хехенце. Добро е Игорче знаеме дека добар е кешот во Германија. Не мора само да бидеш поголем шваба од самите шваби. Не го дудлај до толку, ќе се задавиш на крај од течности.
вежбаат за 9ти мај изгледа, бар во таква формација летаат.

Работај братја (y)
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Воедно со ова војската ќе добие огромно искуство за во иднина да донесат демократија во некоја друга држава.

И САД биле жими курот на почетокот на втора светска војна, но со тек на време добивале искуство. Најголем стаж во војување имаат САД, не треба да се набројува, затоа имаат силна воена машинерија.
Неспоредливи ситуации. САД пред WW2 влагале во зенитот на својата моќ. После војната американската економија била повеќе од половина од светското БДП. Русија денес, е на најниската точка во својата модерна историја.
Русија едноставно нема доволно средства за да ги реализира своите амбиции од минатиот век.
Поентата ми е, САД можеле да си дозволат learning curve во 20ти век. Скоро секоја воена и стратешка грешка била поправлива. Русија го нема тој луксуз во овој момент. Секоја грешка, за нив може да биде историска пресвртница. Затоа ја уште не можам да им ја разберам одлуката за воена интервенција во Украина. Преголем ризик, кој беше непотребен со оглед на развојот на настаните. Баш Украина изгледаше како уште еден пропаднат американски проект, пред да почне војнава.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.384
Ете го Игорче се јави со хехенце. Добро е Игорче знаеме дека добар е кешот во Германија. Не мора само да бидеш поголем шваба од самите шваби. Не го дудлај до толку, ќе се задавиш на крај од течности.

Работај братја (y)
Те прашав дали веруваш во очигледниот фејк ти одма адхоминем. Нели бевте вие против тоа. Не се соживувај толку, не си Русин ебаго.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.253
Поени од реакции
5.507
Војната во моментов ја чини Русија нешто помалце од милијарда долари дневно.

Да речиме дека се 900 милиони, да потрае војната една година тоа е мин 300 милјарди долари.

Руската економија е 1500 милјарди. Тоа значи дека 1/5 или 20% ќе оди за војната.

Плус Русите и сами кажаа дека ќе имаат барем 10% пад на економијата, а може дури и 20%.

Еве нека е 10%, тоа значи дека војната ќе чини 30% од руската економија.

Тоа е проблемот што многу будали не го сфаќаат, затоа што од историјата знаеме дека СССР пропадна заради војната во Афганистан.

Не ја коментирам твојава „весела математика„, можеби е точна, туку болдот; СССР не се распадна поради Авганистан, туку поради куп други и посуштински причини. Имено, СССР почна да „паѓа„ уште во ‘70-тите години, кога комуњарската идеологија и реалното живеење почнаа да се разидуваат. Идеологијата стана видлива лага, а лагата не можеше да ги покрие или реши животните реални потреби од руското население.

Авганистан се појави пред крајот на постоењето од СССР, забразно во распаѓање со безумните одлуки од Горбачов.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.446
Поени од реакции
5.954
Јас се надевам дека нема да дојде до тоа. А и не верувам дека САД ќе ја стави во ќош Русија односно знаат дека е во прашање нуклерна војна, војна во која ќе загубат сите, ќе се обидуваат да ја колабираат Русија економски и тивко преку Украина. Затоа Русија мора во најмала рака да ја стави под своја контрола источна Украина.
Западниот свет ќе процвика при самата помисла на нуклеарна војна, едноставно не сакаат да изгубат тој комодитет што веќе го имаат.
За разлика од некои други кои отворено кажуваат дека не сакаат да постои свет во кои тие(Русија и Русите) би ги немало

Јас сум цврсто убеден при евентуална инвазија на Балтичките земји од страна на Русија, ќе се повтори сценариото на Чехословачка 1939, кога им го бапнаа онака убаво.

Kој будала ќе ти војува за таму некоја Литванија и Латвија, они за сопствена земја не би зеле пушка во рака...
nk1uzja3wvby.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom