Тотална војна ќе значи крај за било која шанса да останат поврзани Русија и Европа(Франција и Германија), тоа е тоа што не сакаше Путин да се деси. Најверојатно ги чекаше да направат нешто у таа насока, ама овие се тотално немоќни да се спротивстават на САД. Уствари затоа и испорачката на гас си течеше нормално, арно ама овде е крајот на било каква комуникација помеѓу Европа и Азија. Нема Руски гас, нема ни пат на свилата, светов ќе се подели дефакто на два дела без опција за помирување у догледно време.
Тоа секако ќе ескалира со создавање на тампон зона помеѓу Европа и Русија, на земји кои ќе бидат уништени или полууништени, а украинците ќе го извлечат најдебелиот крај. Греота за тој народ, американциве ги турија у пекол, убаво рекле, кој со ѓаволот тикви сади ѓаволот му очи вади.