Криминалци и криминални групи во МК

O

ob1

Гостин
Абе не дека он умрел одма после падот, жив бил може тука настанала таа повреда ама фактот дека и покрај тоа он е шутиран во глава, сигурно придонесува дополнително да му се влоши ситуацијата. Сите подеднакво треба да одговараат ради тоа, зашто после падот на земја сите го удрија во глава.
Јасно ми е, те разбирам скроз.

Само ти викам, според мене ќе добијат 3 години затвор дечкото и девојката кои се приведени.

Тој што е во бегство ќе го јаде повеќе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Јасно ми е, те разбирам скроз.

Само ти викам, според мене ќе добијат 3 години затвор дечкото и девојката кои се приведени.

Тој што е во бегство ќе го јаде повеќе.
3 god? Posle snimkava mislam kje jadat maks kazna, a toa e 20 god.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Девојката го удира повеќе од 1-2 пати т.е. го гази по глава, неможам да видам дали носи штикла. Се врати плус од таксите пак да го гази.

Иначе заради вакви девојки секогаш кога слушнам дека е ишамарана некоја или истепана не влегувам со осудување веднаш туку сакам да слушнам дали е иживување на некој дебил или пак воспитни.
 
O

ob1

Гостин
3 god? Posle snimkava mislam kje jadat maks kazna, a toa e 20 god.
Зависи.

Се ќе зависи од тоа дали судот ќе установи дали убиството е случено на свиреп или подмолен начин.
Ако да, тогаш двајцата дечки ќе добијат максимална казна затвор, а девојката помалце зашто има 19 години и не може да добие максимална казна затвор.

Меѓутоа, ако се установи дека е убство или убиство настанато во тепачка, тогаш од 3 до 5 години ќе добијат овие двајца што се приведени.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.316
Поени од реакции
46.897
Јасно ми е, те разбирам скроз.

Само ти викам, според мене ќе добијат 3 години затвор дечкото и девојката кои се приведени.

Тој што е во бегство ќе го јаде повеќе.
Според снимкава нема теоретска шанса да добијат 3 години затвор, свесни дека е без свест му ја шутираа главата, нарочито девојката, зашто за газење и удирање на човечка глава без разлика дали он е при свест или не е више обид за убиство, или во случајов, убиство. Едно е у рака да му удриш бокс или клоца, друго е у глава, се знае каков ризик тоа претставува.
 
O

ob1

Гостин
Според снимкава нема теоретска шанса да добијат 3 години затвор, свесни дека е без свест му ја шутираа главата, нарочито девојката, овде веќе имаш и умисла, зашто за газење и удирање на човечка глава без разлика дали он е при свест или не е више обид за убиство, или во случајов, убиство, со умисла. Едно е у рака да му удриш бокгс или клоца, друго е у глава, се знае каков ризик тоа претставува.
Пополека, не се одредува вака умисла. :D

Нема везе, што се мене тиче сите треба да бидат осудени на доживотна казна, без право на помилување, како во Америка.

Меѓутоа кај нас не е така, според нашиот најумрен кривичен законик.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.898
Поени од реакции
36.952
А таа директорката од Карил што кажа дека Хрватов немал физички повреди? Или дека МВР три пати менуваше приказна?

Тоа така глатко ќе си помине, како ништо да не било?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.316
Поени од реакции
46.897
Пополека, не се одредува вака умисла. :D

Нема везе, што се мене тиче сите треба да бидат осудени на доживотна казна, без право на помилување, како во Америка.

Меѓутоа кај нас не е така, според нашиот најумрен кривичен законик.
Одма едитирав али ти веќе си го цитирал првичниот пост, од друга тема понесен.
Ама секако нема 3 години да се во прашање, нема шанса.

Евентуално тој еднаш што го удри да го јаде малце, зашто од снимкава не гледам јасно дали го шутира во глава или друг дел од телото, не ни сакам пак да ја глеам истата. Ама за тој у белото и девојкава и двајцата треба да го јадат бајаги.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.234
Поени од реакции
2.306
Кога ги добива ударите и паѓа на земја најверојатно го гризнува и голтнува јазикот, после тоа добива срцев удар и тоа е тоа... другар медицинско лице вика дека доколку го свртеле на страна би имал поголеми шанси да преживее, на видеото се гледа доста публика околу него но никој на ниеден начин не реагира, вајда сите таму у 4 сабајле пијани дрогирани биле па не се нашол прибран лик да му помогне.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.194
Поени од реакции
12.092
Буквално изгазен во несвестна состојба од тројца малоумни ајвани таму некоја докторка тврдеше „немал знаци на насилство„ :facepalm:

Ми изгледа дека дечкото воопшто не напаѓа. Се надевам хрватската амбасада ќе ги стегне нашиве корумпирани судии и да одлежат овие ајвани секој од ред по 30 години.
 
O

ob1

Гостин
Одма едитирав, од друга тема понесен.
Ама секако нема 3 години да се во прашање, нема шанса.
Да да, убиство е, тоа не е спорно.
Ќе се суди баш како убиство.

Е сега, многу е битно одлучи прикажаните докази, дали судот ќе одлучи дека станува збор за убиство на свиреп и подмолен начин како во случајот на Саздо што го спомна членот погоре. Ако го одлучи ова, тогаш сите ќе јадат максимална казна, освен девојката, зашто има 19 години.

Но, ова е многу битно, доколку одлучат дека е убиство или убиство настанато при тепачка, тогаш казната ќе е од 3 до 5 години.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.316
Поени од реакции
46.897
Да да, убиство е, тоа не е спорно.
Ќе се суди баш како убиство.

Е сега, многу е битно одлучи прикажаните докази, дали судот ќе одлучи дека станува збор за убиство на свиреп и подмолен начин како во случајот на Саздо што го спомна членот погоре. Ако го одлучи ова, тогаш сите ќе јадат максимална казна, освен девојката, зашто има 19 години.

Но, ова е многу битно, доколку одлучат дека е убиство или убиство настанато при тепачка, тогаш казната ќе е од 3 до 5 години.
Што има врска тоа со годините на девојката?

Него, овде мислам и дека нема тепачка, никаде он не ги напаѓа и удира, бар на видеово такво нешто нема, дури и да им довикувал нешто и да ги провоцирал, вреѓал сеедно, вербално е, не физички да ги нападне па они така да реагираат. Би требало дебели казни да има, баш како со Саздо, нарочито што ова е под лупа и на хрватската јавност па тоа дополнително треба да го имаат на ум тие што ќе им судат на дегениве, башка што и видеово е ликнато така да и они секако ќе имаат прилика да го видат, едноставно нема простор за манипулации и ебење у здрав мозок.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Зависи.

Се ќе зависи од тоа дали судот ќе установи дали убиството е случено на свиреп или подмолен начин.
Ако да, тогаш двајцата дечки ќе добијат максимална казна затвор, а девојката помалце зашто има 19 години и не може да добие максимална казна затвор.

Меѓутоа, ако се установи дека е убство или убиство настанато во тепачка, тогаш од 3 до 5 години ќе добијат овие двајца што се приведени.
I tie na sazdo bea slicna vozrast. Kje gi sudat za svirepo ubistvo, 20 ce e maksimum. posle na apelacija mozda kje im skratat 4-5 godini.

Mozda u normalni uslovi bi prosle so 3 do 5, ama cela javnost go prati slucajov, stranski drzavjanin i snimki vo javnost..GL
 
O

ob1

Гостин
Што има врска тоа со годините на девојката?

Него, овде мислам и дека нема тепачка, никаде он не ги напаѓа и удира, бар на видеово такво нешто нема, дури и да им довикувал нешто и да ги провоцирал, вреѓал сеедно, вербално е, не физички да ги нападне па они така да реагираат. Би требало дебели казни да има, баш како со Саздо, нарочито што ова е под лупа и на хрватската јавност па тоа дополнително треба да го имаат на ум тие што ќе им судат на дегениве, башка што и видеово е ликнато така да и они секако ќе имаат прилика да го видат, едноставно нема простор за манипулации и ебење у здрав мозок.
Бидејќи доживотна казна се изрекува само на лица кои имаат наполнето 21 година.

Да, големи се шансите дека ќе се донесе одлука дека има елементи на свирепост во убиството и дека ќе им изречат по 19-20 години затвор.
Меѓутоа овие елементи се така малце, заебани и секој различно може да ги протолкува.

Ќе видиме, доста случаеви вака во Македонија медиумски се извикани, но како што викаат секое чудо за 3 дена, додека дојде време за пресуда сите ќе заборават на ова, медиумски ќе опадне случајот и казната може да биде доста неправедна.

Да не бидат сфатен погрешно, ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА МАКСИМАЛНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ДА ДОБИЈАТ СИТЕ ВМЕШАНИ ВО ДЕЛОТО.

И никако не треба да се заборават тие што пробаа првично да го прикријат убиствово.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom