Катастрофален викенд беше ова мислам за повеќето, само Леклерк извади максимум.
Макс уште вчера се жалеше дека не е задоволен од болидот, веројатно некој чуден сетап имаа. На тимското радио кога Чеко праша што беше проблемот со Макс, доби одговор дека нема никаква врска со нашиот болид. Значи се работи за некоја модификација што Макс ја добива, што за жал не функционира. 2 од 3... катастрофа.
Од друга страна Алонсо имаше делумно супер викенд, ама Алпин не испорачаа како што треба. Прво со хидрауликата вчера на квалификации, и денес со тактиката. Мислам да го оставиш 40 круга при 2 сејфти кар... не знам, ненормална работа беше тоа. На крај 0 бодови, штета. Самиот изјави дека го имал најдобриот pace после толку години.
Леклерк иако не е Макс, мило ми е што си гази. Дефинитивно заслужува добар болид па и титула. Тркава ми фалеше онаа битка со Макс што ја имаат, ама Ферарито беа доста моќни. Страшен грип имаа на кривини, за брзината мислам дека РБ ја имаа ама џабе беше се. Саинц од друга страна веројатно има скрос друг сетинг од Леклерк и имаше ужасен porpoising и вчера и денес, + грешката вчера и денес скапо го коштаа.
Се на се океј викенд, ама можеше повеќе.
И кој кур беше изјавата на Хамилтон „guys you put me in a very difficult position". Како те ставија во тешка позиција бе сфе да ти?
Чеко дефинитивно си најде брзината, лани не беше нешто посебно, ама годинава го дава својот максимум.