Патрик Виера - тренер на сезоната за мене во ПЛ.
Палас од тим што играше закоравен, неубав фудбал со Хоџсон, до Палас што игра убав на око фудбал, да ти е ќеф да ги гледаш.
Сметајте дека Виера се соочи со заминување на стари играчи и ризикуваше со доведување млада сила. Сите се погодија како што треба.
Има огромен удел во созревањето на Гуехи и Галагер, откривањето на Олисе. Тајрик Мичел стана англиски репрезентативец, Андерсен сосема коректен дефанзивец за премиерлигашки тим.
Да имаше малку повеќе среќа, ќе беше и некое место погоре на табела. Во последни моменти испуштија доста бодови. Како и да е, ако прелани Крис Вајлдер беше освежувањето во Премиер Лига, годинава, Патрик Виера е човекот.