НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    75
Jaс да можев да бирам, тоа ќе го одберев пред комбинација со Вестбрик... Ама управата го одбра тоа што го одбра.
Дека згрешија е повеќе од очигледно. Инаку има разлика меѓу грешка и брука. Петорки со една ѕвезда и четири Д-лига играчи/ветерани пред пензија, тие толку можат реално. Таков беше ростерот во четири петтини од сезоната.
Кој им е крив што така си го правеа ростерот.И тоа што пишуваш Д лига играчи не ти држи вода ,едноставно лошо изменаџираа со Вестбрук.Прошла сезона исто беа забришани во прва рунда од Феникс со посолиден тим од сегашниот.Најголема грешка им беше што трејдуваа 6 млади играчи пред две години за АД.
 
Како што кажав пред година дена Лејкерс прескапо ќе ја платат пандемијската титула и длабоко ќе се закопаат следниве сезони а тоа и се исполнува.
 
Лани имаа многу проблеми на плеј и освен Леброн немаа никаков друг креатор, шродер и карузо не ги рачунам. Логиката со Вестбрук беше цело време тој или Леброн да е на паркетот, Вестбрук да излези после 4 минути па да се врати во игра место Леброн и да ја силува втората постава на противникот. Исто и кога се двата во игра да се одмора малку Леброн јер реално на тие години е премногу да биди и прв скорер и креатор цела сезона. Проблемот излезе дека Вестбрук не е ни пола играч од тоа што се очекуваше.

Вака на хартија има логика во потегот но поширок состав кој ќе влезеше како 7ми со одморање на Леброн во регуларниот дел сега ќе беше многу поопасен во плејоф.

Исто и на АД е тешко да се потприш во регуларниот дел, еден месец не игра сигурно. Плус мора да играш и центар со него за да не се троши многу и со тоа си го стеснуваш теренот и со Вестбрук имаш 2 не шутери.

Се на се, лошо изграден состав и тешко е да се гради тим со стар Леброн и болежлив АД.
 
Како што кажав пред година дена Лејкерс прескапо ќе ја платат пандемијската титула и длабоко ќе се закопаат следниве сезони а тоа и се исполнува.
Бар добиле титула. Што да кажат Бруклин, кој платија магла, или Филаделфија која танка и гради проект од времето на ајверсон.
 
Како што кажав пред година дена Лејкерс прескапо ќе ја платат пандемијската титула и длабоко ќе се закопаат следниве сезони а тоа и се исполнува.
Скапо/евтино е релативна работа, зависи од купувачот... Повеќето клубови, вклучелно и твојот, би платиле и дупло поголема цена за титула.
Кажи ми дека не сум во право.
 
Скапо/евтино е релативна работа, зависи од купувачот... Повеќето клубови, вклучелно и твојот, би платиле и дупло поголема цена за титула.
Кажи ми дека не сум во право.
Повеќе клубови вклучено и мојот?
Кога си видел Спурси да исполнуваат желби на лигави и самобендисани играчи и да регрутираат играчи со превисоки договори.Забораваш дека последниот суперстар играч што изведуваше бесни глисти го пратија во Канада.Не не секој клуб би платил по секоја цена,туку треба плански да се гради и формира ростерот.
Друг е пристапот и филозофијата бидејќи најчесто ако "вештачки" сакаш да креираш шампионски тим најчесто тоа завршува со дебакал од досегашниве примери.
Сезонава Спурси без супер стар играч во ростерот се борат да влезат во плејин наместо според мене да танкаат и ќе завршат пред Лејкерс кои го имаат козата,AD кој кога е здрав би требало да е топ 10 играч во лигата и трипл-дабл чудото Russ.
Па сега ти види кој ја плаќа цената....
 
На газдите сега да им кажат платете оволку еве ви титула, ќе го направат тоа пред ти да можеш да кажеш Поп.
 
E aman be so taa titula u redu e, ekipi ko GSW, Milvoki osvoija pa pak se gore, ne se sram na vekot i ne im sledi edno dobri 10 godini tankanje za nekoe pickce da soberat za da se opraat bar do 7 8mo mesto, zatoa sto za da mu udovolat na gospodinot si ja dadoa idninata do 2027 godina. Russot sledna godina zima 47 mil. 47.
 
Ни мене не ми се допаѓа, и го реков тоа уште кога потпиша Леброн... Ама газдите на клубот се тие кои ги носат одлуките. На крај реалноста е таа дека клубовите ќе се потепаат и ќе платат и многу повеќе за титула. Ако мислиш дека Спарс ќе му кажеа не на Леброн, ако истиов изразеше желба да игра во Сан Антоние - епа се лажеш.

Нема везе, да не замараме. Само сакав да те поправам: колку да е мизерно потфрлањето годинава јас не би го нарекол брука. Со така лошо склопен состав, со тие играчи и со тие повреди, толку е. Слободно фаќајте сеир, ама намалете малку доживљај (и навреди).
 
Да бидеме искрени мислам дека највеќе ги погоди тоа што му дадоа тотално одврзани раце на Леброн да регрутира и собира негови играчи, мислам дека и сам во многу наврати имаш кажано дека ова што пробаа да го изведат сезонава е тотално небалансирано и нема баш смисла.

Иначе ме интересира што мислиш дека треба да направат за следна сезона, Расел аут и пак да се молат Дејвис да е здрав заедно со Леброн? Како би ги пополниле сите овие дупки што им се во тим со толку бош играчи моментално?
 
Ни мене не ми се допаѓа, и го реков тоа уште кога потпиша Леброн... Ама газдите на клубот се тие кои ги носат одлуките. На крај реалноста е таа дека клубовите ќе се потепаат и ќе платат и многу повеќе за титула. Ако мислиш дека Спарс ќе му кажеа не на Леброн, ако истиов изразеше желба да игра во Сан Антоние - епа се лажеш.

Нема везе, да не замараме. Само сакав да те поправам: колку да е мизерно потфрлањето годинава јас не би го нарекол брука. Со така лошо склопен состав, со тие играчи и со тие повреди, толку е. Слободно фаќајте сеир, ама намалете малку доживљај (и навреди).
Толку не сфаќаш дека не е само да се потпишат 2-3ца супер стар и останатото рандом играчи и да се земе титула.
Потребно е плански да се гради шампионски ростер а не инстант ако не сакаш да го заглавиш клубот,зошто велат тоа е процес.
Спарси не потопишуваат било која така наречена супер ѕвезда по секоја цена,тие развиваа сопствени играчи.
Може да се кладиме ако сакаш дека за 2-3 години Спурси веќе ќе бидат клуб со 45-50 победи во регуларна сезона.
 
Не можиш без суперстари, ете мојте Џезери имаат најмногу победи во лигата во последните 5 сезони па ниту еднаш не беа блиску до титулата.
 
E aman be so taa titula u redu e, ekipi ko GSW, Milvoki osvoija pa pak se gore, ne se sram na vekot i ne im sledi edno dobri 10 godini tankanje za nekoe pickce da soberat za da se opraat bar do 7 8mo mesto, zatoa sto za da mu udovolat na gospodinot si ja dadoa idninata do 2027 godina. Russot sledna godina zima 47 mil. 47.
У НБА, као и у секоја друга лига/спорт ултимативната цел е освојување на титула.

И да престат да постојат Лејкерс во истиов момент заради лошите потези што ги донеле во последниве 2, 4, 6 години фактот стои дека во 2020 освоиле титула, нешто што за тимот за кој што ти навиваш е незамислива именка. Иронично е да збориш за срам и потреба од 10 години танкање кога Чикаго Булс еве веќе 23 сезони наназад се само еден обичен патник во регуларна сезона и вреќа за боксирање во плејоф секоја престапна година кога ќе изборат учество во истиот.
 
Не можиш без суперстари, ете мојте Џезери имаат најмногу победи во лигата во последните 5 сезони па ниту еднаш не беа блиску до титулата.
Нема везе имаш клубови со не двајца туку тројца суперстар играчи но залудно е.
Такви инстант "вештачки" клубови не може да станат шампионски тим.
Сепак тоа е процес да развиваш играчи и постепено да го надградуваш ростерот а не да собереш 3ца супер стар и неколку рандом играчи и да земеш титула.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom