Ми се чини дека ти личиш спремен да ми одговориш.
Исто така САД заради заштита на свои стратешки интереси реши да нападне неколку држави (на Србија и територија и отцепи). Гинеа луѓе, беа избркани од дома и тн.
Како што Саудиска Арабија истото го направи.
Прашањето (на кое никој не ми дава одговор) е - Што ја прави разликата од аспект на меѓународното право, од аспект на етика и од било каков аспект, за сега денес ние ја бојкотираме Русија, ги прекинеме сите врски со неа, го откажуваме дури и Чајковски и Гагарин?
Зошто ама баш ништо од тоа не применивме врз САД кога ја напаѓаа [пиши која сакаш од двесетте земји кои ги нападнаа и им извршија инвазија или им отцепија територија] ?
Ни јота од овие санкции кон Русија кои ги преземаме?
Зошто нашата реакција баш во овој случај треба да биде толку многу пофлагрантна?
Мислам дека веќе го знаеш одговорот но ајде ќе ти одговорам.
За мене лично нема разлика помеѓу Американската агресија и Руската сега. За разлика од руските навивачи од мене нема да слушнеш дека Блер и Буш биле во право што нивните војници убиваа цивили во Ирак.
Од меѓународен аспект разликата е во тоа што, глобалната култура и економија е сеуште предводена од западниот свет. Зошто цел свет користи Фејсбук, пие Кока Кола и јаде во МекДоналдс.
Работата во тоа е што поради овие причини западниот свет исто има и монопол на меѓународниот медиумскиот простор (Ако те интересира повеќе за манипулациите и двојните аршини на медиумите во врска со војните на Америка прочитај ја Manufacturing Consent од Чомски).
Поради ова западниот свет има моќ да става санкции. Доколку живеевме во свет каде што Русија е главен глобален играч тогаш истото ќе се случеше и со Америка кога правеше војни во туѓи држави.
Факт е дека западниот свет немаше доволно јак непријател за да им воведе санкции за нивните војни. Случајот со Кина кажува дека ова може да се промени за брзо време.
Доколку на сегашното место на Русија беше Кина, ако се воведеа санкции кон Кина, ќе имаше длабоки импликации на економиите на државите од западниот свет, посебно Америка, што неверувам дека воопшто овие држави би пробале да воведат некакви санкции, небаре санкциите досега на Америка кон Кина испаднаа полоши за Америка него за Кина.
Причината зошто ние не ја осудивме САД за нивните војни е дека сме америчка творевина, со прозападни политичари.
Русија реши да ја нападне Украина заради свои стратешки интереси. Гинат луѓе, избркани од домови, деструкција и све што иде пропратно.
Оправдување за тоа е тешко да се даде, бидејќи, во крајна линија, гинат луѓе. Тешко е да си на страната на агресорот
Не знам дали е тешко да си на страната на агресорот, расположението на темава е сосема различно