Зошто - според тебе, сметаш дека случувањата на север се грешка/пораз наместо планиран маневар?
Секоја стратегија е едноставна кога се гледа од временска дистанца.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Инаку дел од сето ова беа и движењата на белоруската Армија на југозапад кај Брест. Гласините за стационирана војска во Приднестровље и искрцавање кај Одеса. Итн, итн... Ова во основа е блеф ама не целосно, пошто ако противникот одбие да распореди одбрана тогаш и реален напад по тие вектор - станува реална опција.
Во случајов украинскиот воен врв инвестираше во одбрана од спомнатите закани и тие воени ресурси не беа употребени на исток каде е главниот фронт.
Ние работите ги гледаме во реално време, но дури отпосле ги разбираме. Од тој аспект дури и ова што го кажуваат за фокусирање на источниот фронт (Донбас), дури и тоа може да биде блеф и уверитра во нешто друго... Кој да знае.