Во Финска се поотворено се зборува за НАТО, претседателот изјави дека нема да биде потребен референдум. Швеѓаните изјавија дека доколку Финска се одлучи за НАТО влегуваат и тие. Нема повеќе Finlandization, т.е. неутрален бафер што беше успешна политика едно 80 години...наместо тоа Русија ќе добие 1300км нова граница со НАТО, НАТО една од најсовремените и најспремните армии, а Финска и Шведска (ако се одлучат за НАТО) сигурносни гаранции (пошто гледаат со Русија никогаш не си сигурен). Дали неутралноста на Украина (ако воопшто тоа и беше целта на Русија) вреди 2 нови НАТО членки на граница 100 пати поспремни од Украина, не сум баш сигурен. За разлика од многумина Путин не го сметам глуп, човекот маестрално изигра во врска со енергетската зависност на Европа од Русија и очигледно е дека ова во Украина го спремаше долго време. Дали предвидел вакви реакции и сплотеност на НАТО, ЕУ, Финска итн. како одговор е друго прашање.
Sent from my GM1913 using Tapatalk