Македонците се најнесреќни луѓе на Балканот

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.836
Поени од реакции
6.442
Стари, не го свати баш постот а. Ај препрочитај го.

Јас ги критикувам иселениците шо лажат дека им е рајски - затоа што сум опкружен со нив и директно гледам колку им е 'рајски'. Сарказмо е обемен концепт за тебе.

Еднаш една од бугарските пасошисти немаше пари за на доктор во Лондон. Ама на ФБ сери за Македонија. Која кучка.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.850
Поени од реакции
10.305
Има еден куп гастербајтери и ауслендери шо со сила се продаваат ко среќни (или пробуваат да се продат ко среќни). Ама после само еден одмор во Грција или овде - вријат во себе. Се осеќа и бајди гочина во пишувањето. Мене можи ми е криво што сум си заминал, ама својте да ги мразам заради тоа? не, премногу сум реален за таков хорс-шит.
Ако мене животот во Аусланд ми е совршен, ако е цело време исполнет, ако цело време ги мерам Швајцарските езера напрчен на бели јахти - нема да киснам на Кајгана. Ама киснам на Кајгана. Ги молам ауслендерите во темава - без хипокризија.


Имам една колешка Романка. Мажена за Италијанец. Двајцата живеат и работат Германија. Ќерката уште живее Милано. Не иди овде им велам? Не, животот е поубав таму. Толку.
Среќата е индивидуална работа, кај секого различно. Не е само местото на живеење единствена варијабла, ги има многу. Ако се исели човек не е автоматски среќен - прашањето е дали е посреќен од она што би бил во Македонија. И ако објективно не е, зошто не се врати :toe:

Не им придавам значење на овие индекси, анализи итн., ама погрешно се сфаќаат. Не одат од врата на врата да мерат серотонин, под среќа не подразбираат еуфорија, чаши чинии да летаат, туку колку си задоволен или незадоволен. Ако споредуваме држави тука мерило се здравство, образование, бирократија, корупција итн. Не гледам ништо погрешно во тоа Финците, Германците, Швеѓаните да се позадоволни од животот според овие мерила.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Другари не обесувајте муда за бубрези . Несреќни сме пошто сме клето племе што во минатото живеело подобро него сега и тоа е тоа . Неспособњаци тешки сме а самопрогласени куротресини а.к.а инфлуенсери само додаваат уље на огнот во веќе умрената атмосфера.Се што вредеше е таму некаде кај што се вреднува,и не ја бркаат среќата туку ја ствараат.Излезете од илузиите. Не успеваме да се адаптираме за да си направиме да бидеме среќни пошто владее менталитетот "да му умре козата на комшијата".Здраво.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
У глобала никој никаде не е среќен, а посебно не оние извештерени фаци кои отишле од тука нагоре у потрага у бољи живот а завршиле на места каде снег има и у среде лето, само што нема никад да си признаат затоа што колку толку имаат некоја пара под јастук и мирно спијат од таа гледна точка барем.
Како тоа никој никаде не е среќен? Што значи ова?

Што да признаат бе? Мора ли сите луѓе на светов да живеат на места каде и во јануари можат да шетаат по кратки ракави? Па може и тие таквите викаат види го овој се преселил на место кајшто го пече сонце и се поти на секои 15 минути и го јадат комарци.

Знам дека атмосферата во местата каде времето е повеќе сончево е повесела, попријатна, посреќна.
Глупи ми се овие статистики демек скандинавците имаат најголема стапка на самоубиства пошто немале сонце и живееле у ладно а упорно и упорно доминираат на сите економски статистики и анализи за стил и квалитет на живот. Во споредба со топлите јужни земји.

Плус ко што спомна Лестер, а важи не само за Македонија туку и за голем дел од јужниве католички земји каде самоубиството е срам да се признае и многу често се заташкува таквиот чин баш од работи како -што ќе кажат комшиите или ќе не може поп да му дојде на погред и слични глупости.

Друго, што ако живеат на места каде има снег и у летно време кога условите, начинот на работа и живот може да им дозволи 4 пати годишно да отидат на место каде има сонце и вода.
Не сум сигурен колку просечен шпанец може да си дозволи 4 пати годишно да иде на зимовање во споредба со тоа колку просечен данец може да си дозволи 4 пати годишно да иде на летовање.
Истото важи и за просечен македонец што се преселил во Шпанија и просечен македонец што се преселил во Данска.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.175
Поени од реакции
9.670
Иначе кога сме кај заработувачката и западот, слушам дека шише зејтин било 50 евра таму, а овде у КАМ џабе го даваат :D
 
Член од
3 март 2021
Мислења
585
Поени од реакции
1.007
Среќата е индивидуална работа, кај секого различно. Не е само местото на живеење единствена варијабла, ги има многу. Ако се исели човек не е автоматски среќен - прашањето е дали е посреќен од она што би бил во Македонија. И ако објективно не е, зошто не се врати :toe:

Не им придавам значење на овие индекси, анализи итн., ама погрешно се сфаќаат. Не одат од врата на врата да мерат серотонин, под среќа не подразбираат еуфорија, чаши чинии да летаат, туку колку си задоволен или незадоволен. Ако споредуваме држави тука мерило се здравство, образование, бирократија, корупција итн. Не гледам ништо погрешно во тоа Финците, Германците, Швеѓаните да се позадоволни од животот според овие мерила.
Некојси финци и швеѓани биле посреќни од нас :pos::pos:

Они затоа изгледа самите си прават вакви ретардирани "истражувања" за да се утешат самите себе си. Па како може земја што у цел месец има четири сончеви дена, е досадна и рамна ко тепсија да биде среќна. Едноставно физички е невозможно со таква географска поставеност да се биде среќен ма колку и финансии да имал.

Како што кажа членот горе најсреќни се Шпанците, Италијанците и ние на Балканов сѐ друго се преправа дека е "среќно".
Кој има потреба да прави статии и да докажува колку уствари тој бил "среќен" не е среќен.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Среќата е состојба на свеста/умот, не можеш среќата да ја врзеш исклучиво со тоа колку имаш и што имаш. Еве у Непал немаат ништо посебно, да не речам на Шутка личат, па се најсреќни луѓе во Азија.

Како тоа никој никаде не е среќен? Што значи ова?

Што да признаат бе? Мора ли сите луѓе на светов да живеат на места каде и во јануари можат да шетаат по кратки ракави? Па може и тие таквите викаат види го овој се преселил на место кајшто го пече сонце и се поти на секои 15 минути и го јадат комарци.

Знам дека атмосферата во местата каде времето е повеќе сончево е повесела, попријатна, посреќна.
Глупи ми се овие статистики демек скандинавците имаат најголема стапка на самоубиства пошто немале сонце и живееле у ладно а упорно и упорно доминираат на сите економски статистики и анализи за стил и квалитет на живот. Во споредба со топлите јужни земји.

Плус ко што спомна Лестер, а важи не само за Македонија туку и за голем дел од јужниве католички земји каде самоубиството е срам да се признае и многу често се заташкува таквиот чин баш од работи како -што ќе кажат комшиите или ќе не може поп да му дојде на погред и слични глупости.

Друго, што ако живеат на места каде има снег и у летно време кога условите, начинот на работа и живот може да им дозволи 4 пати годишно да отидат на место каде има сонце и вода.
Не сум сигурен колку просечен шпанец може да си дозволи 4 пати годишно да иде на зимовање во споредба со тоа колку просечен данец може да си дозволи 4 пати годишно да иде на летовање.
Истото важи и за просечен македонец што се преселил во Шпанија и просечен македонец што се преселил во Данска.
Си се запрашал ти колку слободно време имаат тие што можат да си дозволат 4 пати годишно одмор?
Знам и Германци и Англичани и Холанѓани кои заработуваат прилично солени суми, никој од нив не оди на одмор 4 пати, пошто нема време за тоа, не дека нема пари. Знам и Македонец од ЛА кој за амерички стандарди е висока средна класа, 10 слободни дена има во годината. А види, знам и Македонци од државава кои ништо посебно не работат, а се 4 пати на шетање/одмор годишно и пак серат и нешто не им чини.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.944
Поени од реакции
19.296
И јас имав таква замисла дека Скандинавците се депресивен народ, од тоа што го слушав претходно, се додека не стапнав Шведска. Во толку години одење таму, не сум видела намуртен човек, на прсти се бројат. Тука побогу фаците згужвани ни се, за жал.
Одиш по улици и гледаш тажни фаци, си шептат луѓето буквално по улици, се расправаат, во секоја куќа во маало се слушаат врискотници, зошто ?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Среќата е состојба на свеста/умот, не можеш среќата да ја врзеш исклучиво со тоа колку имаш и што имаш. Еве у Непал немаат ништо посебно, да не речам на Шутка личат, па се најсреќни луѓе во Азија.



Си се запрашал ти колку слободно време имаат тие што можат да си дозволат 4 пати годишно одмор?
Знам и Германци и Англичани и Холанѓани кои заработуваат прилично солени суми, никој од нив не оди на одмор 4 пати, пошто нема време за тоа, не дека нема пари. Знам и Македонец од ЛА кој за амерички стандарди е висока средна класа, 10 слободни дена има во годината. А види, знам и Македонци од државава кои ништо посебно не работат, а се 4 пати на шетање/одмор годишно и пак серат и нешто не им чини.
И што ќе напраиме сеа ако и јас ти кажам дека знам такви што се обратни од овие твоите? :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.850
Поени од реакции
10.305
Некојси финци и швеѓани биле посреќни од нас :pos::pos:

Они затоа изгледа самите си прават вакви ретардирани "истражувања" за да се утешат самите себе си. Па како може земја што у цел месец има четири сончеви дена, е досадна и рамна ко тепсија да биде среќна. Едноставно физички е невозможно со таква географска поставеност да се биде среќен ма колку и финансии да имал.

Како што кажа членот горе најсреќни се Шпанците, Италијанците и ние на Балканов сѐ друго се преправа дека е "среќно".
Кој има потреба да прави статии и да докажува колку уствари тој бил "среќен" не е среќен.
Не е можно до толку да не си ме разбрал :icon_lol:

Кој каква клима преферира е чисто индивидуална ствар. Јас климата во Македонија од мај до октомври не ја поднесувам, посебно без море...исто ко зимата во Финска на пример. Средно-(додуша повеќе на запад)-европската клима лично ми е најдобра (северна Германија, Холандија).
Природа, географија, исто ствар на вкус. Финска има територија со шума ко 50 Македонии, милион езера, мориња, острови.
Тебе ако ти одговара медитеранска клима, географија - не значи дека секому му одговара. Финците чекаат -20 и снег да се замрзнат морињата и езерата да скијат и лизгаат по нив. Јас на -20, мраз и снег не сакам да излезам од дома. Ако јас сум мизерен во таква клима, не значи дека секој е.

Она што објективно може да се мери, како што реков, е системот и дали и како тој функционира. Финецот/Германецот/Данецот/итн. нема да губи нерви и време поради неефикасен систем, нема да мисли дали утре ќе остане на улица и дали ќе јаде или не.

Грците, Италјанците и Шпанците баш се најголемите групи ЕУ мигранти во други ЕУ држави...од што се среќни ваљда.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.175
Поени од реакции
9.670
И јас имав таква замисла дека Скандинавците се депресивен народ, од тоа што го слушав претходно, се додека не стапнав Шведска. Во толку години одење таму, не сум видела намуртен човек, на прсти се бројат. Тука побогу фаците згужвани ни се, за жал.
Одиш по улици и гледаш тажни фаци, си шептат луѓето буквално по улици, се расправаат, во секоја куќа во маало се слушаат врискотници, зошто ?
Од кога си ти таму?
 
Член од
3 март 2021
Мислења
585
Поени од реакции
1.007
Не е можно до толку да не си ме разбрал :icon_lol:

Кој каква клима преферира е чисто индивидуална ствар. Јас климата во Македонија од мај до октомври не ја поднесувам, посебно без море...исто ко зимата во Финска на пример. Средно-(додуша повеќе на запад)-европската клима лично ми е најдобра (северна Германија, Холандија).
Природа, географија, исто ствар на вкус. Финска има територија со шума ко 50 Македонии, милион езера, мориња, острови.
Тебе ако ти одговара медитеранска клима, географија - не значи дека секому му одговара. Финците чекаат -20 и снег да се замрзнат морињата и езерата да скијат и лизгаат по нив. Јас на -20, мраз и снег не сакам да излезам од дома. Ако јас сум мизерен во таква клима, не значи дека секој е.

Она што објективно може да се мери, како што реков, е системот и дали и како тој функционира. Финецот/Германецот/Данецот/итн. нема да губи нерви и време поради неефикасен систем, нема да мисли дали утре ќе остане на улица и дали ќе јаде или не.

Грците, Италјанците и Шпанците баш се најголемите групи ЕУ мигранти во други ЕУ држави...од што се среќни ваљда.
Те разбрав, муабетот за скандинавците беше надоврзување за т.н. истражување од горе не беше насочено кон тебе.

Инаку најинтересна ми е дијаспората која што од толку што е среќна доаѓа на македонски форум да ни го каже тоа и капак на сѐ уште нѐ убедува колку всушност ние сме биле несреќни :D
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.175
Поени од реакции
9.670
Не живеам таму постојано, иди ми дојди ми си прам, а се надевам за скоро и за долгорочен престој. :semolam:
Фати си некој талијан и нека те носи по Милано, или можеби некој фудбалер од Мајорка па да видиш што е живот. Ќе те убие монотонија од тие роботи таму, а ти си емотивно човече....не ти одговара Шветска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom