Македонците се најнесреќни луѓе на Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.860
Поени од реакции
11.840
Дали сме навистина најнесреќни луѓе?
Ај да не ставеа во категорија на најизлажани луѓе, лесно што им веруваат на политичарите, најгазолизачи, најкодоши, предавници, мрзливи, неработници....ама како дојдоа до заклучок дека сме најнесреќни луѓе, е воопшто не ми е јасно. Па повесел народ и погостопримлив од нас нема :toe:
 
Кој тоа дал таков заклучок?

Кај се графиконите и оските?
 
Обично ако си среќен во сопствена држава не вадиш бугарски пасош и не бараш каде да се преселиш...
Па нели среќата не е во парите,ниту во стандарот? Незадоволни требале да не окарактеризираат а не за најнесреќни.
Познавам луѓе кои стојат супер финансиски, ама си земале бугарски пасош за да купат кола и од, како они велат, да си го имаат ако им затребал...
 
Па не е баш хармонично да се мачиш за основна егзистенција... Сигурно нема да се теши со природни убавини и љубов кон блиските. Не зборам за тие што зимаат пасош да купат BMW од 2015...
 
Хмм, тоа дека сме весели и гостопримливи испадна тежок мит.
Не знам какви се другите ама не да сме себични, гневни на све што лета и плива, расипани, тоа е чудо едно. перверзија.
 
Хмм, тоа дека сме весели и гостопримливи испадна тежок мит.
Не знам какви се другите ама не да сме себични, гневни на све што лета и плива, расипани, тоа е чудо едно. перверзија.
Не е мит, напротив, ние сме баш дружељубиви, први за славење, играње, веселење...само многу сме чурук у други работи и затоа вака ни отиде државава и ние со нејзе низ вода.
 
Дали сме навистина најнесреќни луѓе?
Ај да не ставеа во категорија на најизлажани луѓе, лесно што им веруваат на политичарите, најгазолизачи, најкодоши, предавници, мрзливи, неработници....ама како дојдоа до заклучок дека сме најнесреќни луѓе, е воопшто не ми е јасно. Па повесел народ и погостопримлив од нас нема :toe:
Си го лажиме умот по кафани, као демек еве весели сме, удри бригу на весеље.
Не можи човек да биди среќен во оваа држава, кај шо владее сиромаштија, беда и ништо не е функционално.
Пола држава не се исели од убајни, тоа кажува доволно дали сме среќни тука или не.
 
Нема среќен човек во оваа држава.
А ако сметаме дека парите те прават среќен, и оној што има најмногу пари пак се јаде дека некој друг има поише од него.
 
Нема среќен човек во оваа држава.
А ако сметаме дека парите те прават среќен, и оној што има најмногу пари пак се јаде дека некој друг има поише од него.
Што мислиш..ако живееш во друга држава ќе бидеш посреќен!?
Незнам кој ја правел анкетата за среќни и несреќни луѓе, но мислам дека многу работи се измешани и погрешно поставени.....ние сакаме преку леб погача, некој друг да не направи среќни, богати...а ние со прст не мрдаме за ништо да промениме..повторно ке кажам, имаме чуден менталитет..но, нејќам некој да ме вика дека сум несреќна, ич не ме бендисува тој израз..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom