Брејј, од кај толку врвни експерти на овој форумов бе, штета за такви таленти ако не работат во некоја разузнавачка агенција или како советници на владините луѓе.
Али ова со објективните и навивачите ти беше врв. Барем ако ништо друго се гледа 'објективноста' каде ти влече.
Ништо не е завршено, ниту пак им оди на Русите како подмачкано. Да беа целите само Донбас и истокот на Украина немаше да влетат со голема војска кон Украина и пази, дури и од Белорусија. Дури и мало дете знае дека целта беше Киев и цела Украина.
Да се земат зборовите на Русите здраво зо готово треба да си 'врвен' експерт. Јавачот на мечки велеше со месеци дека не планира да ја нападне Украина и дека западот лаже и е параноичен. На крај излезе дека Русите си тие кои лажат.
Овој прес кој ти го сметаш за остварување на целите е ништо друго него подготвување на теренот за пораз. Инаку ваков нон шалантен прес нема врска со реалноста бидејќи руската армија е во клинч со украинската додека пресот звучеше небаре руската армија ја прегазила украинската па сега фино лепо ќе си се утврдиме и ќе се ориентираме на Донбас.
Сега Русите не знаат како да ја свртат армијата назад и да се вратат од кај што дошле. Пред нив имаат утврдена украинска армија која успешно се брани. Таа армија веќе е искусна во борба, тие војници имаат поминато низ страхотии така што веќе и не се плашат од смртта. Мислиш ли дека така лесно ќе ја пуштат руската армија да се сврти и да се врати назад?
Зеленски покажа дека има јајца и дека не се плаши па дури и да биде провокативен. А интелигентен е, знае и да блефира.
Мислиш ти оти нема го прочита сигналот на слабост и оти ќе се помири со руската агресија па дури и ќе ги прифати нивните услови?
Не е ништо прифатено сеуште.
Сега се чека преломниот момент кога ќе почнат да се пробиваат затврдените линии. Само не ми се чини дека руската армија ќе биде таа. Русите немаат капацитет за долготрајна војна. Затоа и изговорот од почетокот за некаква специјална акција бидејќи се надеваа дека ќе ги решат за неколку дена или максимум неколку недели. Каква е таа специјална акција во која околу 10000 војници и десетина генерали ти се убиени? И голем број на опрема, хелихоптери, тенкови па дури и воени бродови уништени?
Може само да се правиш објективен но Русите до моментот доживеја тежок крах и само се разобликоа колку се неспособни.
Како ќе биде понатаму мислам ни врвни експерти како тебе не можат да погодат.
Чисто ти репкицирав за да го имам твојот пост при рака после еден или повеќе месеци. Ќе разговараме тогаш. Само немој да биде како со другите 'објективни' од пред еден месец кога се предвидуваше дека Русите ќе се прошетат во Украина?
Од претходните твои постови јасно е на сите дека си навијач/трол/непознавач. Скоро се што си пишал е сосема обратно во реалност. Моја претпоставка е дека и самиот си свесен за тоа, ама неможеш да се помириш со таа вистина па намерно тераш некој инает и се резилиш, као демек тераш некоја пропаганда која некако ќе ги смени фактите на терен. По ред:
1. Глупо е да комемтираш ад-хоминем за некој на форум, не го познаваш, не му ја знаеш позадината, стручноста, работата итн. И со напади кон личност, а не аргументите покажуваш слабост дека немаш контра-аргумент. Објективноста неможеш ти да ја процениш јер си навиваш. Остај тоа на другите читатели и на времето.
2. Воениот дел е завршена работа. Не дека нема дејствија и борби, туку исходот е познат, само прашање на време, начин на официјализирање и број на загуби.
Целите се јасно кажано милион пати. Киев никогаш не бил целта, ниту пак окупација на Украина. Ко што викаш, и мало дете знае дека целта да беше Киев, првите ракети ќе паднеа врз владините објекти и институции (како САД во Ирак), воено и одбранбени цели, а војската на Русија ќе беше упатена таму, а не по скоро целата северна, источна и јужна граница на Укрина.
3. Секако дека нема да најави план за операција. Како што и нато и украина никогаш не најавија дека планираат да напанат Донбас и Крим, практично Русија.
4. Во овој пасус има премногу навијање, џабе и на секое да ти се посочат факти, ама ај. Подготовка за пораз!? А секој ден напредуваат, паѓаат по 50-60 ракети врз воена инфраструктура на украинците. Тие сами викаат немаат со што да се бранат, не јас. Затоа само бараат помош и затварање на небото. Не контролираат над 40% од својата некогашна територија. Секој би сакал ваков пораз.
Руската армија ќе се свртела назад!? Историја сите часови си ги избегал. Види од Москва до Берлин колку има километража и сам пресметај колку тешко застануе коа ќе тргнат многу јака инерција создаваат не можат да се заустават, а не па да се свртат назад.
Зеленски е кловн, глумец, комичар. Ако мадиња да си го изгинеш народот и успат загубиш територии од држава, ондак да. У реалност е само корисен идиот провокатор. У Минхен пред некој месец мудоњава се закани (секако дека он само збори што ќе му напишат сад и нато) дека ќе станувал нуклеарна сила. И што бидна сеа? Ни петардна сила не остана.
Се слагам дека нема да прифати он ништо и ќе биде претставен како херој. Херој што изгубил пола држава и милиони сограѓани ги напраил избеглици. Тоа е вистинската дефиницијата за лузер.
5. Точно е дека не е ништо договорено, сеуште се преговара. Преломен момент нема. Русите имаат целосна контрола и влагаат во 2ра фаза каде нате-нане ќе си работат на Донбас. Другите единици низ Украина ќе држат капија да не придојдат наваму, како и досеа. Паралелно ќе се продолжи со ништење на воената инфраструктура.
Русите немаат капацитет за долготрајна војна!? Па ако немаат они, кој има? Наци-батаљоните со цивилен жив штит? Не се резили.
Загубите на Русија нема да ги коментирам, сам знаеш дека се минимални. Ги има секако, но со оглед на наредбата да се штити цивилно население пред се и на сметка на сопствени воени загуби, минорни се.
6. Не е важно дали мислиш дека се правам објективен, таа е реалноста на терен. Крах доживеја Украина и нато. До овој момент. Доколку се смени ситуацијата, соодветно ќе анализирам. Но, малку веројатно е.
7. Како ќе биде понатаму у детали не знае никој, ни јас не се ни обидувам да предвидам. Коментирам оноа што е моментално реалност. Може утре ќе се смени и русите ќе бидат нападнати и истерани, иако е скоро невозможно. Но, и тогаш ќе коментирам онака како што е реално.
8. Ти реплицирав за да ти помогнам да излезеш од меурот на западната пропагандна машинерија. Никаков ќар не си ако си излажан или ако навијаш.
И по ден, месец и година, кога сакаш врати се на моите постови и ќе видиш дека временска рамка не давам. Самите руси не си даваат рок.
Како што реков и претходно, со самата операција на 24.02 Русија веќе победи, во однос на она што би го претрпела доколку наци украина и нато ја нападнеа неа како што и било планирано. Се понатаму е бонус за Русија и наплата со камата. И денес да решат да прекинат, ќе бидат во многу подобра позиција него ли пред 24.02. А веќе имаат огромен процент од целите остварено де факто, останува де јурето.
На крај, како што реков, воената битка е завршена у нивна корист секако дури и денес да си идат дома. Отворен останува предизвикот за другите битки у војнава, а тоа е пред се економските битки. Засега САД се најоглем профитер. Русија трпи и ќе трпи порази на тој терен, но како и дали ќе ги надмине останува да видиме.