Ова беше класичен пример зашто сме вљубени во овој спорт, каде е најлесно давид да слави против голијат, тотално потценети и сметани за шега, дури и изигравме просечен накај лош меч, воопшто не бев задоволен од играта, далеку од она што го можеме и пак славевме.
Португалија ќе биде уште потежок залак, со вакво издание ко денешното нема што да бараме таму али секој меч е приказна за себе. Проблемот денес не беше од тактичка природа, верувам дека сер Боби имал идеја како до триумф против ваков посилен ростер и актуелен Европски Првак, али проблемот повеќе беше од психолошка природа, нарочито во прво полувреме каде прост пас не можеа да погодат, на моменти и фудбалот го промашуваа во свој шеснаестерец (Николов) али ништо од тоа не беше казнето, тие 0-0 на полувреме беа класична премија, нарочито после ова
Исто шанса која дојде по катастрофална грешка на одбраната, во случајов на голманот. Среќа Берарди покажа и докажа зашто со години не може да мрдне од Сасуоло и шутна премизерно. Среќа што и Манчини си го покажа она лузерското на моменти у него што го краси, тотално промашени измени, играње на играчи надвор од своја позиција, ко Пелегрини на пример, и крстење на крај у ... Жоао Педро, да е последен играч на светов не би сметал на овој, општо срамота за Италија е да натурализираат играчи, па нарочито вакви ко Педро.
Тие 15 минути пауза не верувам дека се дискутирало нешто за тактика, повеќе се работело на главата на играчите каде лежеше главниот проблем за очајното прво полувреме. Второ друга слика гледавме, не дека направивме шанси за гол, освен голот тоа беше од нас али каде-каде бевме постабилни во одбраната, не правевме грешки на своја половина и тоа све резултираше на една Италија која цело време јалово напаѓаше, една добра шанса имаа италијанците, онаа на Берарди и блокот на Алијовски и на крај една случајна у 95та на која на сите срцето ни застана за момент.
Го гледав голот едно 20 пати, Жоржињо доколку не се фокусираше на барање рака и притоа и исклизаше 90% ќе го блокираше овој шут, али за наша среќа се понашаше ко што се понашаше иако има ВАР, тој инстикт што уште го имаат играчите да бараат пенали, офсајди и слично и притоа да не внимаваат на игра тука прилично добро ни дојде.
Да се навратам на португалците, креираа една нова добра генерација на фудбалери, технички предобро стојат, периодов и Жоао Феликс им влезе у многу јака форма и у моментов е доста потценет фудбалер само зашто се гуши у системот на Чоло во Атлетико а уствари е преголем потенцијал на кого му типувам блескава кариера иако у моментов не стартува за нив али па ќе им е бонус од клупа. Жота исто е во супер форма во Ливерпул, го имаат Роналдо кој ќе стори све за да игра на уште едно СП кое ќе му биде и последно, Бруно од јунајтед е уште еден со квалитети на гејм џејнџер и секако Бернардо Силва кој у моментов е можда главна карика у системот на Пеп. Најголема маана на оваа нивна генерација е тренерот, сличен проблем ко што италијанците имаат со Манчини во моментов, знае многу да се губи иако и двајцата доставија ЕП ко тренери, тој моментум го изгубија и репките им играа далеку од оној нивни максимум па се надевам ова ќе е тренд и на Драгао мислам, каде што ќе играме.
Пак ке кажам, психолошки мора максимално да ги спрема Боби следниве неколку дена, никогаш не биле пред ваков спотлајт до сеа у кариерата, и играњето на ЕП не се споредува со ова, така да таа трема и страв што ја имаа со Италија едноставно не смее да им се повтори и во Португалија, они нема да праштаат.
Елмас се враќа кај нас, добивме прејак ветер у грб денес така да ни преостанува да го дадеме максимумот па што биде-биде, за оваа радост и прилика секако вечно ќе им бидам благодарен, ја тепаа Германија на нивни терен, играа на ЕП и го елимираа актуелниот европски првак на нивни терен, за да сеа се само 1 меч пред идење на СП.